fbpx
Таг: гаснење

таг: гаснење

Во изминатово деноноќие имало 52 пожари, воздухоплови гасат меѓу Лозово и Велес

Во изминатово деноноќие имало 52 пожари на отворено, од кои утрово како активни се водат четири, информираат Центарот за управување со кризи (ЦУК). Меѓу активните пожари, кај селото Белица во Општина Македонски Брод гори ретка борова шума на тешко пристапен терен. Во Општина Велес, меѓу селата Иванковци и Мамутчево гори борова шума. Во Општина Сарај кај селото Кондово гори ниска...

Трет ден беснеат пожарите кај Атина, ЕУ испраќа помош

Кај грчкиот главен град Атина и денеска, трет ден по ред, беснеат пожари, додека земјата очекува нов топлотен бран што дополнително ќе ја зголеми опасноста од шумски пожари, јави грчкиот весник „Катимерини“. Со првите зраци на сонцето, утринава противпожарните авиони продолжија со истурање вода кај местото Мандра, западно од Атина, и во Лутраки, близу Коринтскиот канал. На терен, пожарникарите цела...

Скопските пожарникари вечерва интервенираа во поранешната фабрика „Треска“

Екипа со едно возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје вечерва интервенирала во кругот на поранешната фабрика за мебел „Треска“ по дојава од граѓани за густ чад што се шири од фабричка хала. Екипата интервенирала и го изгаснала пожарот. „Тоа што сега се гледа како чад е само од испарувањето“ објаснија од скопска Пожарна за „Мета“. Во моментов втора екипа...

Пожарот над железничката станица „Рајко Жинзифов“ уште се шири

И претпладнево траат борбите на пожарникарите со големиот шумски пожар што вчера изби над железничката станица „Рајко Жинзифов" во близина на Велес. Пожарот бил пријавен во 13:10 часот во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење...

Скопските пожарникари на Водно ја презентираа опремата за гаснење шумски пожари

Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на Водно изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари. Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили. На избрана...

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 пожарникари од Словенија со...

Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава биле ангажирани 588 полициски службеници, биле реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата: Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за брзо...

Катастрофални пожари во Грција и Турција, досега загинаа 10 лица

Во Грција и Турција продолжуваат да беснеат катастрофалните пожари кои се појавија, а во чие натамошно ширење потпомагаат топлото време и силниот ветар. Илјадници туристи и жители од градовите северно од Атина се евакуирани поради пожарите, а од пожарите во Грција досега загинаа две лица, јавува Би-би-си. Огромните пламени јазици и чадот се гаснат со 20 авиони од кои се...

Пожарите во Малешевијата и Делчевско не се изгаснати, критично и во други региони во земјава

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 14 часот денеска, состојбата со пожарите во Малешевијата, во близината на Пехчево, и во Делчевско е уште критична, но слично е и на неколку други места низ земјава. Штипски регион Пожарот кој започна на ден Илинден во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак се уште е активен и е во дијаметар од 15...

Вчера во Скопје имало 22 интервенции на пожарникарите и 7 лажни пријави за пожари

Вчерашниот ден бил исклучително тежок ден за екипите на Противпожарната бригада на Скопје, кои имале 22 интервенции на територијата на Скопје, информираат од Град Скопје. Најголем дел од интервенциите биле за запалена трева, а поголем пожар се случил во фабриката ОХИС. Сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенирало со повеќе возила и пожарникари. Градските власти велат дека во...

Пожарот кај Пехчевско е проширен на дијаметар од 15 километри, за гаснење стигнаа и екипи од Австрија

Пожарите во Малешевијата и понатаму остануваат активни, а најкритично е во Пехчевско, каде тамошниот пожар е во дијаметар од 15 километри и до овој момент опожарена е борова шума и нискостеблести растенија на површина од околу 800 хектари, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Пожарот го зафати маалото Балабанци во с.Нов Истевник, каде зафати и 3 куќи,...

Пожарите зафатија илјадници хектари, речиси 700 лица ги гасат, ЕУ испраќа дополнителна помош

Ветерот којшто засилено дува во моментов во земјава, пропратен со високите температури и сушното време, продолжува да прави проблеми во гаснењето на пожарите низ земјава. Центарот за управување со кризи, според податоците заклучно со 13 часот денеска, информира дека актуелните пожари во Штипскиот, Струмичкиот, Битолскиот, Охридскиот, Тетовскиот и Кумановскиот регион досега уништиле над 4.000 хектари површина на шума, стрништа,...

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 пожарникари со 5 возила, што...

Бугарија и Словенија испраќаат помош во земјава за гаснење на пожарите

Откако Србија во текот на вчерашниот ден се одлучи да испрати четири хеликоптери за гаснење на пожарите во земјава, најавено е дека помош денеска ќе пристигне од Бугарија и Словенија. По вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин, се реализира ветувањето за помош при справувањето со пожарите во Северна Македонија. Словенија испраќа...

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е активен во близина на селото...

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата. „Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска...

Поради силниот ветер хеликоптерот на АРМ не може да го гасне пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на АРМ кој на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратен да го гасне шумскиот пожар над Галичник стигнал на местото, но не може да дејствува поради силниот ветер, извести ЦУК. Сепак, хеликоптерот е опремен со ведро за гаснење пожари и екипажот е подготвен да полета штом се создадат услови, додека има дневна светлина. Шумскиот пожар заради...

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),...

Германија од 2021 година почнува да ги гаси термоелектраните на јаглен

Германија ќе им исплати на енергетските концерни 317 милиони евра за гаснење на термоелектраните кои го користат јагленот како гориво, објави во вторникот Сојузната агенција за мрежна инфраструктура, најавувајќи значаен исчекор кон затворање на постројките на јаглен и преминување кон чистите извори на енергија. Како што пренесува деловниот портал SEEbiz.eu, според планот кој го објави оваа Агенција, енергетски компании со...

Рекордни 135 интервенции на Територијалната противпожарна единица од Охрид

Поради големиот број на пожари во првото тримесечjе од годинава, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала рекордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и четири интервенции на опожарени сообраќајни средства. „Високиот број на интервенции за овој период...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...