fbpx
Таг: гасификација

таг: гасификација

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена

Примарната мрежа од гасоводот во Карпош во голем дел е завршена, но таа постојано може да се надградува, по барање на заинтересирани страни, велат од Општина Карпош за „Мета“ на прашањето дали е завршена изградбата на гасификационата мрежа. „Гасификацијата на сите скопски општини се одвива преку новоформираното јавно претпријатие „Градски енергетски системи“ АД Скопје. Општина Карпош на ова јавно претпријатие...

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

Општина Прилеп склучи договор со компаниите „Простор“ ДОО Куманово и „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“, Скопје за изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа. Од Општина Прилеп за „Мета“ велат дека во тек се изработката на идејниот проект за дистрибутивна мрежа и проектот за инфраструктура кои треба да завршат кон крајот на ноември. До тој рок треба...

Заев: Ако нема ребаланс на буџетот ќе останеме без гасификација

Премиерот Зоран Заев, кој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, потврди дека ќе има ребаланс на буџетот, но најпрво треба да се направат потребните анализи и да се види каде се потребни промени во буџетските стапки. - Знам дека одредени буџетски ставки мора да ги промениме. Најголем дел е заради максимализација на...

Сугарески: Гасоводот до Кавадарци е завршен

Годинава сме силно фокусирани на гасификација на земјата, интензивно се работи на сите магистрални гасоводи и очекувам сите средства предвидени за овој проект да ги потрошиме, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Кавадарци. „Делот во Кавадарци е веќе завршен. Исклучително сме посветени на изградба на магистралниот гасовод. Блок-станицата за потребите на Кавадарци е веќе завршена. Следи...

Градежна комора: Јавните набавки ја кочат изградбата на инфраструктурата и гасификацијата

Формирање на Меѓуресорно тело, во кое ќе учествуваат претставници на Градежната комора, Владата и општините што ќе гарантира и резултира со побрзо придвижување на секторот градежништво, е барањето на Градежната комора при Сојузот на Стопански комори (ССК) истакнато на денешната прес-конференција. Претседателот на Градежната комора, Ивица Јаќимовски истакна дека неопходно е интензивирање на работата на компаниите во градежниот сектор. Тој...

Изградбата на гасоводната мрежа во Битола ќе почне 2020 и ќе заврши за десет години

Општина Битола склучи договор со компанијата „Простор“ од Куманово за изработка на проект за дистрибутивна гасоводно мрежа во вредност од 100.000 евра. Договорот со компанијата „Простор“ се однесува и за идееен и за основен проект, за дистрибутивна гасна мрежа и за телекомуникациски коридор. „Според проектниот план, одобрувањето за градба би требало да биде готово во првата половина на 2020 година. Секундарната...

Заев: Гасификацијата се одвива со добро темпо

Изградбата на гасоводите и на гасоводните системи се одвива со добро темпо, дел од општините веќе имаат подготвено документација за изградба на дистрибутивните системи на природен гас, а во финална фаза влегува и процесот на изградба на интерконективно поврзување со гасоводниот систем на Република Грција, рече денеска премиерот Зоран Заев на Македонскиот енергетски форум 2019, што годинава се одржува...

Експропријацијата и проектите треба да ја мрднат гасификацијата од мртва точка

Гасификацијата во Македонија е една од главните капитални инвестиции со која се фали секоја Влада, но ниту една до сега, ја нема поместено од мртва точка. Важноста на овој капитален проект, властите ја оправдуваат со поевтин енергенс за домаќинствата и компаниите, но и за намалување на загадувањето. Но, за една деценија од 80 општини во државата, само две се делумно гасифицирани,...

Македонија и Косово заеднички ќе аплицираат за грантови за гасификација на двете држави

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска беше домаќин на делегација од Република Косово предводена од министерот за економски развој, Валдрин Лука. Бектеши ги претставил актуелните енергетски проекти и можностите за заедничка соработка со косовската страна. Косовскиот министер Лука изразил интерес за проектот за гасификација, бидејќи со него се отвара можност за развој на оваа мрежа во двете држави. Тој порача...

Влада: Дистрибуција на природен гас по пат на јавно-приватно партнерство

Владата на вчерашната 119. седница донесе одлука за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас во земјава по пат на јавно-приватно партнерство, информираат од таму. „Владата вчера ја разгледа и ја усвои информацијата за изготвување на предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија, со предлог-одлука. Истовремено донесе одлука за започнување на постапката за...

Во Крива Паланка се подготвува проект за гасификација на градот

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денеска остварил работна средба со претставник на украинската амбасада, Валериј Михаљски, на која се разговарало за процесот на гасификација. „Мицевски заедно со стручните лица од општинската администрација и Михаљски разговараа за можностите за партнерство и инвестиции во процесот на гасификација на општината. На средбата беше потенцирано дека Општина Крива Паланка е една од...

Ана Чоловиќ Лешоска: Гасоводот преку Водно не смееше да се гради

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ последниве години е инволвиран во следењето на состојбата со аерозагадувањето, во работата на Интерсекторската група за справување со загадувањето. Со извршната директорка на оваа граѓанска организација, Ана Чоловиќ Лешоска зборуваме за Планот за чист воздух, гасификацијата, за загубените години за екологијата Владата излезе со План за чист воздух, пред тоа...

Во Кавадарци се изработува физибилити студија за гасификација на градот

Во Кавадарци се предвидува изградба на 22-километарска гасоводна линија, за што е потребна изработка на физибилити студија која треба да биде готова за неколку месеци. Откако ќе се изработат идејниот и основниот проект, кој треба да помине на Советот на општинат, ќе следи формирање на јавно претпријатие за гасификација, најави градоначалникот Митко Јанчев. На поврзувањето на магистралниот гасовод од Неготино преку...

Реџепи: До 2025 година поголемиот дел од градовите и општините ќе бидат гасифицирани

Владата најавува засилени градежни активности за изградбата на гасоводот во 2019 година и за оваа намена во буџетот се предвидени 1 милијарда и 557 милиони денари. Директорот на Македонски енерегетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи во интервју за „Мета“ вели дека нивниот преносен систем ќе биде оперативен за брзо време. Мерно- регулационата станица (ГМРС) Штип ќе може да опслужува во текот на...

РКЕ: Ќе се намали цената за пренос на природен гас и за дистрибуција на гас во ТИР-зоните

Цената за пренос на природен гас ќе се намали за приближно 12 отсто, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), изјави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, пред почетокот на подготвителната седница на која се разгледуваат предлог-одлуките за пренос на природен гас на АД ГАМА и три одлуки за дистрибуција на природен гас во Струмица, Куманово и ТИРЗ. Тоа според...

Изградбата на гасоводот од Штип до Неготино ќе заврши кон крајот на јануари

Изградбата на гасоводната мрежа од Штип до Неготино е во завршна фаза, комплетно ќе заврши кон крајот на јануари или кон средината на февруари и веднаш потоа ќе се пушти во употреба, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи извршија увид во финализирањето на градежните работи на оваа гасоводната...

Државата ќе развива системи за дистрибуција на природен гас

На предлог на Министерството за економија, Владата на 110. седница ја прифатила информацијата за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Македонија. „Со цел да се изготви модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас, Владата го задолжи Министерството за економија да формира работна група составена од двајца претставници на Министерството за економија, по еден претставник...

Во новиот буџет има 813.000 евра за експропријација за непречена гасификација

За гасификацијата за следна година се предвидени близу две милијарди денари, (околу 30 милиони евра) одговори премиерот Зоран Заев, на прашање на „Мета“ колку средства се предвидени за оваа капитална инвестиција, чија што реализација годинава беше едвај 8 проценти од предвиденото. - Во буџетот ставивме дополнителни 50 милиони денари (813.000 евра) за експропријација, за да работиме на делницата Гостивар -...

Со повеќе пари за општините и гасификацијата ќе се помести од мртва точка

Изградбата на инфраструктурни проекти во општините, помеѓу кои е и гасификацијата се закочени, поради блокираните општински сметки и немањето доволно на финансиски средства за таа намена. Поместување од мртва точка е можно со предлог- ребалансот на буџетот со кој се предвидени повеќе пари за општините, за да се платат доспеаните долгови и да се одблокираат сметките. Директорот на Јавното претпријатие „Куманово...

Општина Прилеп ќе формира претпријатие за гасификација

Општина Прилеп ги интензивира активностите за гасификација на градот. На последната 20 седница на Советот е донесена одлука, Општината да биде основач на Jавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго Прилеп“. Ова јавно претпријатие ќе се грижи за реализација на проектот за гасификација на градот. „Постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, во периодот кој претстои ќе имаме обврска да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...