fbpx
Таг: Г7

таг: Г7

Северна Македонија се приклучи на декларацијата на Г7 за безбедносни гаранции за Украина

Северна Македонија стана петнаесеттата земја која официјално се приклучи на декларацијата за безбедносни гаранции за Украина на Г7, објави вчера на Телеграм и Твитер украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски изрази благодарност до македонскиот премиер Димитар Ковачевски „за неговите лични напори за унапредување на партнерството меѓу двете земји“. Со декларацијата од 12 јули, земјите потписнички се обврзуваат на долгорочна поддршка на Украина...

Нови воздушни напади врз Украина, Зеленски тврди дека Бахмут не е окупиран од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничката група Вагнер поддржана од Москва рече дека ја презела контролата врз овој украински град. Зеленски ова го кажа за време на посетата на Хирошима, Јапонија, каде се одржа Самитот на најразвиените земји Г7, пренесува Би-би-си. Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно зборуваше за победа во Бахмут,...

„Денеска градот остана само во нашите срца“ – Зеленски признал дека Бахмут е изгубен?

Ројтерс објави дека се чини оти Володимир Зеленски денеска потврдил дека Русите го зазеле украинскиот град Бахмут, пишува Гардијан. На прашањето дали Кијив го контролира градот, Зеленски одговорил: „мислам дека не“. „Денеска градот остана само во нашите срца“, додал украинскиот претседател. Но, во меѓувреме, од американскиот Институт за проучување на војната велат дека не можат да го потврдат тврдењето на Вагнер...

Самит на Г7: Се засилуваат санкциите против Русија и се очекува присуството на Зеленски

Лидерите на членките на Групата седум (Г7) - САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Канада се согласиле да ги заострат санкциите против Русија, додека нацрт-комуникето што ќе биде објавено по нивните разговори во јапонскиот град Хирошима ја истакнува потребата да се намали зависноста од трговијата со Кина, пренесува Ројтерс. Лидерите на Групата седум (Г7), на кои треба да...

Руски борбен авион по грешка фрли бомба во сопствен град

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски борбен авион случајно го бомбардирал градот Белгород во близина на границата со Украина. Според официјални лица, експлозијата оставила голем кратер широк околу 20 метри во центарот на градот. Би-би-си јавува дека три лица се повредени, а оштетени се повеќе згради. Еден станбен блок бил евакуиран. Руското министерство рече дека ловецот-бомбардер Су-34 случајно ја...

Лидерите од Г7 денеска ќе оддржат итна средба по повод руските напади во Украина

Лидерите на групата Г7 денеска околу пладне ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина. Како што пренесе Ројтерс се очекува претседателот Володимир Зеленски да побара од лидерите на групата на седумте индустриски најразвиени земји во светот итно да и достават оружје на Украина за да се одбрани од руските ракети откако Москва...

Украинското МНР ги повика ЕУ, НАТО и Г7 да го зголемат притисокот врз Русија

Ден по завршувањето на „референдумите“ во Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област на Украина кои меѓународната заедница масовно ги осуди, украинското Министерство за надворешни работи повика на значително зголемување на западната воена помош за земјата. „Украина ги повикува ЕУ, НАТО и Г7 веднаш и значително да го зголемат притисокот врз Русија, конкретно со воведување нови тешки санкции и значително зголемување...

Украинската делегација пристигна на разговори со Русија, ЕУ и Г7 ќе ги блокираат трансакциите на руската Централна банка

Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски потврди дека украинската делегација пристигнала на украинско-белоруската граница на разговори со Русиjа за евентуален прекин на огнот. Според руската државна агенција РИА Новости, преговорите меѓу Русија и Украина за границата почнале во 10 часот по средноевропско време, а членовите на украинската делегација пристигнале со хеликоптер. Руските сили ноќеска зазедоа два мали града во југоисточна...

Лидерите на Г7 ветија 1 милијарда дози на ковид вакцини за посиромашните земји

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот ветија дека ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19 на посиромашните земји. Британскиот премиер Борис Џонсон на крајот на Самитот на лидерите на Г7 во англискиот град Корнвел рече дека ова е голем чекор кон вакцинирањето на целиот свет, пренесува Би-би-си. Премиерот Џонсон рече дека светот побарал од седумте најразвиени земји...

Кина незадоволна што ја спомнале на самитот на Г7

Кина е незадоволна што се спомнал проблемот во Источното и Јужното кинеско море во соопштението на групата Г7 и вели дека таа група би требала да престане со неодговорните забелешки. - Кина е посветена на решавање на проблемите со сите нации низ преговори и со задржување на мирот во Источното и Јужното кинеско море – изјави Лу Канг портпаролот на...

Непроширувањето на санкциите кон Русија е пораз за Лондон, смета Пушков

Одлуката на Г7 да не се прошират санкциите кон Русија е пораз за британската дипломатија, оцени рускиот сенатор Алексеј Пушков. „Неуспехот на британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, да наметне нови санкции за Русија е пораз на дипломатијата на Лондон. Едноставно, многу примитивно е да се биде против Русија“, напиша Пушков на својот профил на „Твитер“. Тој оцени дека Лондон со...

Нема консензус за воведување санкции за Русија поради Сирија

Министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, изјави дека нема консензус меѓу земјите членки на Г7 за воведување нови санкции кон Русија. Тој истакна дека тоа нема да се случи иако постоеле намери за воведување санкции поради руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад. Идејата за воведување санкции кон Русија ја изнесе шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, потсети Алфано,...

Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би било закана по глобалниот економски раст

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија би претставувало ризик по глобалниот економски раст, се наведува во декларацијата усвоена на Самитот на лидерите на земјите од Групата 7 (Г7) во Токиот, иако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не се дискутирало на оваа тема. -Излегувањето на Велика Британија од ЕУ би направило пресвртница во трендовите за јакнење на глобалната трговија...

Г7: Потребни се дополнителни напори за нуклеарното разоружување

Шефовите на дипломатии на земјите од Групата 7 (Г7) денеска упатија апел од самитот во Хирошима дека е потребно да се вложат дополнителни напори за нуклеарното разоружување. Во заедничкото соопштение од самитот на Г7, САД, Јапонија, Канада, Франција, Велика Британија, Италија и Германија ги осудуваат екстремистичките напади во светот, во Турција и во Белгија, во Нигерија, Брегот на Слоновата Коска и во Пакистан. Министрите за...

Лидерите од Г7 се спремни за нови санкции кон Русија

Борбата против тероризмот и глобалното затоплување, подобрувањето на правата на жените, продолжување на притисокот врз Русија додека Москва не почне да го почитува суверенитетот на Украина, ова се приоритетите на Групата седум индустриски најразвиени земји, наведени во завршниот документ од самитот Г7, кој се одржа во Германија. „Поради загриженоста по обновените судири на истокот на Украина, повторно апелираме да се...

Бан Ки-мун: Опасно кршење на човековите права во борбата против тероризмот

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги предупреди светски лидери на можноста борбата против тероризмот да не успее ако не се почитуваат основните правa. Ки-мун на самиотот Г7 во Германија рекол дека можеби ќе бидат потребни безбедносни мерки, па дури и воени акции, во борбата против насилните екстремисти. Меѓутоа, генералниот секретар на Обединетите нации предупреди дека ако борбата против тероризмот...

Самитот Г7 за тероризмот и за климатските промени

Тероризмот и климатските промени се главна тема на вториот ден од самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји, што се одржува под Баварските Алпи. Во Германија се собраа лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, САД и домаќините. Денеска ќе им се придружат и ирачкиот премиер Хајдар ал Абади и нигерискиот претседател Мумамаду Бухари за да ги разгледаат заканите од терористички групи,...

Обама: САД и Германија го имаат најсилниот сојуз

Партнерството на САД и на Германија е еден од најсилните сојузи што светот досега ги видел, изјави денеска претседателот на САД, Барак Обама, во германскиот град Крин, каде пристигна на Самитот на лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји, Г7. Обама во Крин се појави со германската канцеларка Ангела Меркел, со која е поблизок отколку со повеќето шефови на државите,...

Меркел постави амбициозна агенда на Самитот Г7

Во замокот Елмау, на околу 100 километри од Минхен, денеска почна дводневниот самит на шефовите на држави и на влади на Групата седум индустриски најразвиени земји - Г7, под мотото „Да се размислува долгорочно, да дејствуваме заедно“. Домаќинот на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел, предвидела амбициозна агенда за самитот, на кој ќе се разговара за тероризмот, ситуацијата во источниот дел...

Протести во Минхен против Самитот Г7

Околу 23.000 лица денеска со собраа во Минхен на протест против одржувањето на самитот на шефови на држави и на влади на Групата седум најразвиени земји (Г7), закажан за 7 и за 8 јуни на југот на Германија, соопшти германската полиција. Организаторите на собирот се симпатизери на германската партија на Зелените, а демонстрантите носеле голем транспарент на кој било испишано...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...