fbpx
Таг: г.г. Стефан

таг: г.г. Стефан

Седумнаесетгодишно момче го фати крстот во водите на реката Вардар

Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски го фати крстот од над 150 пријавени верници, откако поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги освети водите на реката Вардар. „Здравје, среќа…Господ е голем, Господ гледа сè. Да се обедини македонскиот народ и сè најдобро“, порача момчето. На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија Одбележувањето на празникот...

Пендаровски: Посетата на митрополитот од РПЦ е во рамки на таканаречената црковна дипломатија

Претседателот Стево Пендаровски одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на рускиот митрополит Антониј на земјава и неговата средба со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, рече дека сè што се случува меѓу Руската православна црква и Македонската православна црква е в ред и тој нема проблем со тоа. „Посетата до овој момент, колку што можам...

Прва заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија

Поглаварите на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г. Стефан и на Вселенската патријаршија, Вартоломеј, денеска во Соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул ја одржаа првата заедничка литургија, откако МПЦ-ОА беше примена во богослужбено и канонско единство со останатите православни цркви. Архиепископот Стефан во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул богослужеше на македонски јазик. Заедничката богослужба...

По заедничката богослужба со поглаварот на СПЦ, г.г. Стефан очекува и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА

На Литургијата на помирување, која денеска се одржа во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан рече дека раната која болеше цели 55 години е излекувана и изрази надеж дека деновиве ќе се случи и признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. „Благодариме на Бога што наидовме на братољубие кај неговата светос Порфириј кој само по неколку дена...

Г.г. Стефан упати апел верниците за Велигден да ги почитуваат препораките и да се молат дома

Г.г. Стефан упати велигденско послание во кое ги повика граѓаните да се воздржат од одење во црква, туку да се молат во своите домови. „Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни....

Г.г Стефан: Не бараме ништо повеќе од она што го заслужува нашиот православен народ

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во посланието по повод претстојниот празник Воскресение Христово - Велигден истакнуваат дека животот на сите вистински следбеници на Христа е исполнет со искушенија, со духовни падови и подеми - со крст, но и со воскресение. „Нашиот народ и нашата Охридска и Македонска црква се сведоци за...

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

Даниел Дончевски од скопската населба Маџари го фати Светиот крст што во осветените води на реката Вардар во Скопје го положи поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан од мостот „Слобода“. На денешната манифестација во Скопје, по крстот во реката Вардар скокаа 150 верници. Најсреќниот меѓу нив, Дончевски по петти пат го фаќа крстот во водите на...

Православните верници го слават Богојавление – Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера. На овој ден, традиционално во реките се положуваат...

Православните христијани денеска го слават Божиќ

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божиќ. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божиќни литургии, a централното одбележување е во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи литургија на Св.Василиј Велики. Во неговата порака која што ја упати по пово Божик, тој рече дека „новородениот Богомладенец постојано...

Иванов: Овој Божиќ е уште една можност за да си простиме и да се помириме

Претседателот Ѓорге Иванов, упати честитка до архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник Христово раѓање - Божиќ. „Божјото поистоветување со луѓето преку Исус Христос е, воедно, и најсилната недвосмислена потврда на вроденото човеково достоинство и неотуѓивата вредност на секој човек, независно од етничката, јазичната, верската, социјалната припадност, независно од полот и возраста. Поради тоа, ние...

Г.г Стефан: Овде и меѓу иселениците нека завладеат мирот и добрата волја

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан испрати божикна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово - Божик. „Претстојното лето Господово нека биде исполнето со надеж дека и во Македонија, и помеѓу иселените нашинци и насекаде по светот ќе завладеат мирот и добрата волја. Ние како народ - тоа најдобро ќе го постигнеме ако живееме според верата и преданието на...

Г.г. Стефан и патријархот Неофит: Едногласно одлучивме БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан денеска бил примен од патријархот на Бугарската православна црква (БПЦ) Неофит, јавува бугарската новинска агенција БГНЕС. Станува збор за прва средба на поглаварите на двете цркви, откако БПЦ прифати да и биде мајка црква на МПЦ, како чекор кој треба да доведе до признавање на нејзината автокефалност. Архиепископот Стефан бил...

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за спасение на нашиот богољубив...

Г.г. Стефан: Тешко ги договараме работите од национален и државен интерес

Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска aрхиепископија, г.г. Стефан, по служењето на архиерејската литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во Тетово, по повод празникот Источен Петок, во својата беседа повика на обединување на македонскиот народ и на заштита на државните интереси. - Ние, но особено други забележале дека сме добродушен, кроток, гостопримлив народ. За други сме подготвени да дадеме сè...

Заев: Празникот на духовното помирување нека донесе лична и општествена зрелост

По повод празникот Прочка, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до граѓаните што го чествуваат овој голем христијански празник, до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, до Синодот и до претставниците на МПЦ. „На овој голем празник на духовно помирување, да се издигнеме над искушенијата што ја испитуваат нашата определба кон вредностите што ни се потребни како луѓе, но и како граѓани на едно општетство...

Охриѓанецот Бобан Павловски го фати крстот во реката Вардар во Скопје

Бобан Павловски од Охрид го фати крстот што денеска напладне во реката Вардар, од мостот Слобода во Скопје, го положи поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. ­ Павловски по повод фаќањето на крстот доби икона, златник и други подароци. Тој на сите им посака здравје, среќа и бериќет. На чинот на положувањето на крстот во реката...

Осветени конаците на црквата „Пресвета Богородица“ во Заум

Во присуство на голем број верници, црквени великодостојници, но и преставници на научната бранша, денеска беа осветени конаците на манастирот „Пресвета Богородица“ во местото Заум, на јужниот дел од Охридско Езеро, кај селото Трпејца. Пред осветувањето се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и со повардарскиот...

Ќе се осветува новиот конак во манастирот „Пресвета Богородица“ во Заум

Денеска, со отслужување на света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит г. Тимотеј и повардарскиот митрополит г. Агатангел,  ќе биде осветен новоизградениот конак на манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Заум, на брегот на Охридско Езеро. Манастирот е лоциран на околу 20 километри од Охрид, на источниот брег од езерото, во...

Осветен крст во Лешочкиот манастир во чест на руски монаси

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан денeска го освети мермерниот крст во Лешочкиот манастир, во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револуција, пребегале во овој манастирот во Лешок, каде престојувале две години. - Крстот нека биде надеж за ова место, кое со векови било угнетувано и страдало. Ние христијаните, нема со што да се...

Г.г. Стефан: Повикувам на единство меѓу нашиот народ

Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, испрати велигденско послание по повод најголемиот христијански празник Велигден. „Христовото воскресение е основа на спасението, тоа е најголемиот и најрадосен настан во историјата. И, ако има ден за радување меѓу сите денови – тоа е денот на Христовото воскресение, ако има празник над сите празнувања, тоа е празникот над празниците – Велигден“, стои...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...