fbpx
Таг: ФЗОМ

таг: ФЗОМ

Манолева: Родителите на Леонид не побараа мислење за негова рехабилитација во земјава

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева тврди дека родителите на 18-годишниот Леонид Индов не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за рехабилитација на нивното дете во македонските установи. Изјавата следува откако македонската јавност се крена на нозе, а по информацијата дека Леонид, кој на 6 февруари годинава со хеликоптер на МВР беше испратен на лекување во Виена,...

Две недели откако го испратија со хеликоптер, ФЗО даде негативно мислење за лекување на Леонид во Виена

Пред точно две недели, на 6 февруари 2024 година, во 06.30 часот, главната вест во медиумите беше првиот меѓународен лет во историјата на современата македонска држава со хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици при МВР, со кој за медицинско лекување од Скопје до Виена, Австрија беше транспортиран пациент – младото момче Леонид Индов. Овој настан одекна со голем аплауз и...

Платите во Фондот за здравство нема да се намалат, се очекува штрајкот да прекине

По дводневниот штрајк на вработените во Фондот за здравствено осигурување, поради одлуката за намалување на платите, донесена е одлука дека тие ќе останат со иста вредност, до 31 мај 2024 година. Ова на својот профил го напиша директорот на ФЗОМ, Асаф Абдурамани, изразувајќи благодарност до техничкиот премиер Талат Џафери. „Денеска премиерот Талат Џафери во тесна соработка со нас од Фондот...

Штрајк во Фондот за здравство: Нема исплата на боледувања и на породилно отсуство

Денеска почна штрајкот на вработените во Фондот за здравствено осигурување. Ќе нема исплата на боледувањата, породилнотo отсуство, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, како и барањата за осигурување во странство, односно за двојазичните обрасци. „Граѓаните ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство“, изјави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ). Штрајкот...

В понеделник Фондот за здравство стапува во штрајк

Од понеделник синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Како што се вели во соопштението на ФЗОМ, сите подрачни единици на фондот ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи. Само по еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи. Вработените се заблагодарија за досегашната поддршка и разбирање на граѓаните...

Илјадници административци го блокираа Скопје, бараат достоинствени плати

„За нас ѓеврек, за вас бифтек“, „Штитиме граѓански права, се повредуваат наши права“, беа само дел од транспарентите, со кои денеска неколку илјадници вработени во судската администрација, потоа, вработени во Јавното обвинителство, Фондот за здравствено осигурување и Канцеларијата на народниот правобранител и други здруженија, го искажаа незадоволството од, како што рекоа, ниските плати. Тие реагираа против покачувањето на функционерските плати...

Од март повисок минималец, зголемување на платите на администрацијата неизвесно

Минималната плата во земјава од март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари, но покрај оваа најава од владата, засега нема конкретен одговор за многубројните барања за покачување на платата на јавната администрација. Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување најавува штрајк, а судската администрација и денеска организираше протест. Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска одговори дека вработените во Фондот за здравство, во обвинителството...

Машината за рансомвер напади често работи на руски погон

Русија со години негира дека е земја домаќин на хакерите кои стојат зад рансомвер нападите, но експерти за сајбер безбедност велат дека има убедливи докази дека многу од овие криминални групи се координирани токму од оваа земја. Дека машината за рансомвер напади често работи на руски погон, меѓу другото покажува и фактот што една таква група презема одговорност за...

Бесплатно испитување на антитела на Ковид-19 ќе може да прави само одредена категорија на граѓани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека граѓаните ќе можат да испитуваат антитела на товар на Фондот за здравствено осигурување, но ќе бидат потребни одредени критериуми и тоа не може да го прави секој. „Разговарав со директорот на Институтот и заклучивме дека, сепак, има индикации да се прават испитувања за антитела. Се договоривме, да се врати повторно одлуката да се прават тие...

Фондот на лабораториите во иднина ќе им плаќа по 1.850 денари за направен корона тест

Фондот за здравствено осигурување за 50 отсто помалку ќе им исплаќа на лабораториите за изработка на ковид тестовите, јавува „СДК.мк“. Наместо досегашните 3.600 денари, исплатата за направен корона тест на државните болници и лаборатории ќе изнесува 1.850 денари. Граѓаните и во иднина ќе можат да се тестираат бесплатно во јавното здравство, но од Фондот се надеваат дека ваквиот потег...

Владата препорача сите да ја инсталираат апликацијата „Стоп корона!“

Препорака да ја инсталираат и мобилната апликација „Стоп корона!“ упати Владата од својата вчерашна седница до сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции. Истовремено, им укажа на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани...

Од утре се укинуваат квотите за лекови во туристичките места

Од утре се укинуваат квотите на лекови во туристичките места во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија, односно лекови на рецепт ќе може да се подигнат без ограничување, најави министерот за здравство Венко Филипче. Причината за оваа одлука, е, како што рече Филипче, тоа што , во туристичките места во летниот период поради напливот на гости и брзо трошење на...

ФЗОМ ги зголеми квотите на лекови и за април

Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите на лекови за дополнителни 12.000 денари, поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува од 85 до 90 проценти. „Ова зголемување е обезбедено за секоја...

OJO отвори предмет по допрен глас за работење на приватна болница

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје. „Предметот е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи...

Во Охрид и Струга нема аптека со 24-часовно работно време и дежурни матични лекари

Во Охрид и Струга каде што нема аптека со 24-часовно работно време, Приватните здравствени установи аптеки, кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување спроведуваат дежурства на повик или состојба на готовност. Граѓаните реагираат дека ваквата состојба за нив претставува проблем, зошто понекогаш се приморани да чекаат до наредниот ден. Тие велат дека и туристите имаат потреба аптеките...

Таткото на Ева: Пред мене од ФЗОМ зборуваа со лекарот во Германија

Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија, за „Независен“ вели Благојче Крстаноски, татко на 11-годишната Ева, која почина пред да замине во странство. - Не е важно дали државата ќе потроши...

Дончев: Болницата од Германија не испрати понуда за лечење на Ева

Вкупно три понуди од странски болници добил Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за лекување на малата Ева Крстановска, од кои две од турски болници и една од болница од Италија. Од болницата во Германија не стаса понуда и демантираме дека лекувањето во неа би чинело 200.000 евра, рече на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој изрази сочувство до семејството...

ФЗОМ ќе ги зголеми квотите на лекови во аптеките за овој месец

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) одлучи да ги зголеми квотите на лекови за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптеките, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ, Ден Дончев. Тој додаде дека вкупниот буџет за лекови за годинава ќе се зголеми во износ од 100 милиони денари годишно, ќе има...

И годинава ФЗОМ автоматски ќе ги осигура лицата со ниски примања

Здравственото осигурување на лицата со ниски примања, оние кои во 2017 година оствариле нето-приход под 144.000 денари, автоматски ќе се продолжи, така што, оваа категорија на граѓани нема потреба да се пријавуваат во подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). „Секоја година во периодот од 1 февруари до 31 март, лицата со ниски примања беа обврзани да дојдат да...

Крај за сините картони – се бара решение за електронските здравствени картички

Сини картони од денеска нема да се користат при одење на лекар, соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција. Тој истакна дека електронската здравствена картичка (ЕЗК) која се користи од 2012 година и има важност од пет години, ретко се применува. За решавањето на овој проблем, Таравари рече имал средби со двајцата директори на Фондот за здравствено осигурување, со...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...