fbpx
Таг: фудбалер

таг: фудбалер

Почина легендата на светскиот фудбал Пеле

Светот се опростува од еден од најголемите фудбалски имиња во историјата - Пеле. Тој синоќа почина на 82-годишна возраст во Сао Паоло, Бразил, пишува Би-би-си. Неговото целосно име и презиме Едсон Арантес до Насименто ретко кој го знае, но затоа пак стотици милиони луѓе од целиот свет се сеќаваат на неговите настапи за време на активната кариера. Социјалните мрежи изминативе...

Почина Кирил Дојчиновски, првиот Македонец кој играл на Светско првенство во фудбал

На 78-годишна возраст, почина Кирил Дојчиновски, еден од најголемите македонски фудбалери во историјата. Македонскиот, но и светскиот фудбал останаа без легендарното име, кој во својата играчка и тренерска кариера ќе остане запаметен како еден од најдобрите на овие простори, соопшти денеска Фудбалска Репрезентација на Македонија. Дојчиновски засекогаш ќе остане запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил...

„Гардијан“ го вброи младиот Дашмир Елези меѓу 60-те најталентирани фудбалери во светот

Угледниот британски весник „Гардијан“ го прогласи младиот фудбалер Дашмир Елези за еден од 60-те најталентирани фудбалери во светот за годинава, меѓу играчите од овој спорт кои се родени во 2004 година. Тој игра на позицијата напаѓач во фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, а воедно е и член на македонската фудбалска репрезентација до 19 години. Елези, кој идниот месец ќе наполни...

Поранешниот фудбалер Жорж Веа избран за претседател на Либерија

Поранешниот фудбалер Жорж Веа ќе биде новиот претседател на Либерија, откако освои 61,5 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во оваа африканска земја, додека неговиот противкандидат, Џозеф Боакаи доби 38,5 отсто од гласовите, соопшти изборната комисија на Либерија по пребројани 98,1 отсто од гласовите, пренесуваат светските медиуми. Веа во 1995 година беше погласен за најдобар фудбалер на...

Ивановиќ и Швајнштајгер ќе се венчаат на ранч во Војводина

Српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер судбоносното „да“ ќе го изговорат на еден познат ранч во близина на Нови Сад. Познатата двојка која неодамна ја објави својата свршувачка, наголемо се подготвува за свадбената прослава. Тие веќе ја одбрале локацијата каде ќе се венчаат. На вечна љубов ќе се заколнат на почетокот од септември.  

Фудбалер од Академијата „Пандев“ потпиша договор со Интер

Јане Атанасов, фудбалер од Академијата „Пандев“, го направи првиот трансфер и од јануари се сели во Интер. Деновиве и официјално е потпишан договорот мегу академијата и италијанскиот калчолигаш. Јане Атансов има 15 години и е дел од кадетскиот и од младинскиот состав на академијата. Веста за трансферот ја потврди и Горан Пандев, според кого трансферот ќе се реализира во откомври откако Јане ќе...

Златан Ибрахимовиќ, цел на терористички напад?!

Мета на терористи, наводно, бил фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, а локалната полиција во Малме, во близина на неговиот семеен дом, пронашла граната која била безбедно отстранета. Ибрахимовиќ, кој веќе трета сезона го носи дресот на ПСЖ од Париз, е син на Босанец од Бијељина и на Хрватка од околината на Задар, а самиот се изјаснил дека е католик.

Јаја Туре е најдобар африкански фудбалер за 2014 година

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре, е прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2014 година. За репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска ова е четврто по ред признание за најдобар фудбалер во Африка, со што се израмни со Самуел Ето, кој ја доби оваа награда во 2003, 2004, 2005 и во 2010 година. Во конкуренција на Туре беа и Пјер-Емерик Обамејанг од Габон,...

Стерлинг е „Златно момче“ за 2014 година

За најдобар млад фудбалер на годината е прогласен 20-годишниот напаѓач на Ливерпул, Рахим Стерлинг. Тој ја доби наградата „Златно момче“, која традиционално ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“. Рахим беше еден од клучните фудбалери на Ливерпул за 2014 година. - Ова е голем успех за мене, пресреќен сум, секогаш сум сонувал да играм фудбал на највисоко ниво и убаво е кога...

Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа

Фудбалската легенда Дејвид Бекам и неговиот син Бруклин имале сообраќајна несреќа во Лондон. Двајцата поминале со полесни повреди, а поголема трагедија била спречена поради активација на воздушните перничиња во автомобилот. По несреќата, тие се упатиле кон болница, од каде биле пуштени на домашно лекување.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...