fbpx
Таг: фудбал

таг: фудбал

Денеска почнува „Еуро 2016“ во Франција

Со натпреварот меѓу репрезентациите на Франција и на Романија, денеска почнува Европското првенство во фудбал „Еуро 2016“, кое се одржува во Франција и ќе трае еден месец. На првенството учествуваат 24 европски репрезентации, кои ќе играат на 10 стадиони во Франција, на кои се очекува посетеност од околу 2,5 милиони гледачи. Организаторите на „Еуро 2016“ тврдат дека се преземени сите безбедносни мерки...

Од утре до 10 јули, Франција е домаќин на Европското првенство во фудбал

Oд утре до 10 јули, Франција ќе биде домаќин на 15. Европското првенство во фудбал. Тоа ќе биде трет континентален шампионат што ќе се игра во француската држава. Само уште Белгија и Италија повеќе од еднаш биле организатори на ЕП. Првпат во историјата, на едно ЕП ќе учествуваат 24 репрезентации. Тие ќе бидат поделени во шест групи: Група А: Франција, Албанија, Романија...

Оланд: Постојат закани за напади за време на Европско првенство во фудбал

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде заплашена. - Заканите ќе траат некое време. Но, ние мора да направиме сè за „Евро 2016“ да биде успешно – изјавил Оланд за радио „Франс прес“, а пренесува АФП. Европското првенство во фудбал ќе се одржи...

Португалија: Претрес на фудбалски клубови поради перење пари

Полицијата во Португалија изврши претрес во неколку фудбалски клубови поради сомнвања за перење пари и за можни врски со криминалот во Русија. Претресени се 22 клуба, меѓу кои и Бенефика и Спортинг, како и третолигашкиот клуб Униао де Леирија, сопственост на рускиот моќник Александар Толстиков. Засега Толстиков не е достапен за коментар, ниту, пак, раководството на клубот, кој од 2014 година е...

Меси ја освои петтата „Златна топка“

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, по петти пат ја доби „Златна топка“ за најдобар светски фудбалер во 2015 година. Меси освои повеќе гласови од својот најголем ривал, фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, и соиграчот од Барселона, Нејмар. - Не знам што да кажам. Ова е огромна чест за мене, специјален момент што повторно сум на оваа сцена и по петти пат го...

Меркел: Откажувањето на натпреварот е одговорна одлука

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја поддржа синоќешната одлука за откажување на фудбалскиот натпревар меѓу Германија и Холандија поради безбедносни причини. - И јас, како и милиони навивачи, бев тажна поради откажаниот натпревар. Но, безбедносните претставници донеле одговорна одлука – рече Меркел во краткото обраќање пред новинарите. Таа додала дека ова е „тешка одлука“, имајќи ги предвид „спротивставените приоритети, слободата и...

Јолевски ќе го посети транзитниот центар за бегалци во Гевгелија

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска во Гевгелија ќе го посети транзитниот центар за бегалци на пограничниот премин Гевгелија. Претходно, во Скопје, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Mетодија Величковски, министерот ќе присуствува на отворањето на меморијалниот турнир во мал фудбал, кој се организира во чест на загинатите бранители од 2001 година. Организациониот одбор, составен од Министерството за...

Македонските фудбалери загубија од Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 1:0 на стадионот „Филип Втори“ од Шпанија, но одигра одлично во квалификацискиот натпревар за ЕП 2016. По еден центар-шут на Мата од десната страна, Томе Пачовски несреќно интервенираше и постигна автогол во осмата минута од средбата. Избраниците на Љубинко Друловиќ се прикажаа во одлично светло против силната селекција на Шпанија и беа рамноправен противник во текот...

Двата гола на Груевски завршија работа на „Твитер“

По вчерашниот натпревар каде екипата на Западен Балкан го победи тимот на Европската унија (ЕУ) со 4 – 2, во фудбалскиот меч што синоќа се одигра во Виена, на социјалните мрежи се коментираат „фудбалските способности“ и двата гола на премиерот Никола Груевски. https://twitter.com/AnaPetruseva/status/636654348848787456 https://twitter.com/TheDudeVladimir/status/636800007149088768 https://twitter.com/vrafajlovski/status/636825077485596672 https://twitter.com/vrafajlovski/status/636823046163169280 https://twitter.com/GTturbo16v/status/636824864242991104 https://twitter.com/DAlcinov/status/636820336454070272 https://twitter.com/Andreas_Hz/status/636814034176724992 https://twitter.com/MirkoSlavkovski/status/636811660284575744 https://twitter.com/KureNaTocak/status/636803460474740736 https://twitter.com/hasawatermark/status/636801612179197952 https://twitter.com/olabaven/status/636800428471152641 https://twitter.com/evrosimoski/status/636789138986037248 https://twitter.com/SieMiGaDjuro/status/636788036030873600 https://twitter.com/rambodek/status/636687197089824768 https://twitter.com/rmfcmk/status/636685816421568512 https://twitter.com/ivanmihail96/status/636665375627866112 https://twitter.com/nekojnekade/status/636662056645730305 https://twitter.com/makraduli/status/636660744231235584 https://twitter.com/The_BB_/status/636623084036956160 https://twitter.com/pilula12/status/636805156278038528

Западен Балкан ја победи ЕУ во фудбал – Груевски постигна два гола

Екипата на Западен Балкан го победи тимот на Европската унија (ЕУ) со 4 - 2, во фудбалскиот меч што синоќа се одигра во Виена, организиран во рамките на Самитот на Западен Балкан, кој овие два дена се одржува во австриската престолнина. Македонскиот премиер, во победата на Западен Балкан придонесе со два постигнати гола и асистираше при реализацијата на другите два. На...

Почина фудбалерот Александар Пандовски

Фудбалерот Александар Пандовски, кој пред неколку дена имаше тешка сообраќајна несреќа, утрово им подлегнал на повредите. Пандовски беше младински репрезентативец на Македонија, фудбалер на „Вардар“, „Работнички“ и на „Турново“, а последно настапуваше за „Еуромилк“. Тој доживеа тешка сообраќајна несреќа откако неговиот автомобил излета од патот на излезот од Скопје и удри во столб на бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Вардар – АПОЕЛ 1:1, гостите одат понатаму

Реванш-натпреварот меѓу Вардар и АПОЕЛ од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, кој се одигра вечерва на арената „Филип Втори“, заврши нерешено, 1:1. Кипраните успеаја да постигнат еден погодок преку Томас де Винсенти во 60.минута, со што си го трасираа патот во следната рунда од европското натпреварување, каде ќе ги одмерат силите со данскиот претставник Митјиланд. Во самиот финиш, во 94....

Фудбалерките на САД, нови светски шампионки

Женската фудбалска репрезентација на Соединетите Американски Држави (САД) е нов светски првак, откако во финалето на Светкото првенство во Канада ја совлада селекцијата на Јапонија со убедливи 5-2. Фудбалерките на САД уште на почетокот од натпреварот тргнаа на победа и веќе во 16. минута имаа водство од 4-0. Најефикасна во тимот на сега веќе новиот светски шампион, беше Карли Лојд, која постигна...

Судот не прифати кауција за браќата Мамиќ

Истражната судијка во Жупанскиот суд во Хрватска им одредила 30-дневен притвор на браќата Здравко и Зоран Мамиќ поради сомнежите дека двајцата проневериле неколку милиони евра со затајување данок, но и дека имале лични приходи од трансферите на неколку играчи на „Динамо Загреб“, пренесе „Дерби“. Судијката Ерна Дражанчиќ го одбила барањето Здравко и Зоран да бидат пуштени со кауција, пред сè...

Домаќинот Чиле прв финалист на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на домаќинот Чиле е првиот финалист на Копа Америка, откако во првата полуфинална пресметка славеше над Перу со 2-1. Двата гола за Чиле ги постигна Едуардо Варгас, во 42. и во 64. минута од натреварот, додека погодокот за репрезенатцијата на Перу беше автогол на Гери Медел, со кој го израмни резултатот во 60. минута. Противник на Чиле во финалeтo...

ПСЖ ќе даде 190 милиони евра за Нејмар

Според француските медиуми, ПСЖ ќе се обиде да пронајде замена за Златан Ибрахимовиќ во Барселона, пренесе „Спорт 365“. Богатите сопственици на ПСЖ подготвиле неверојатни 190 милиони евра за бразилската ѕвезда на каталонскиот гигант. Нејмар  во втората сезона во Барселона одигра одлично, постигна 39 голови во сите натпреварувања и со клубот ја освои тројната круна.  

Аргентина, Парагвај и Уругвај се пласираа во четвртфиналето на „Копа Америка“

Фудбалската репрезентација на Аргентина во рамки на третото коло ја победи Јамајка со 1:0 и пласирајќи се на првото место од групата Б, го загарантира влезот во четвртфиналето на „Копа Америка“, кое се одржува во Чиле. Натпреварот беше јубилејен за Меси, кој го изигра својот 100. меч во репрезентативниот дрес, но не успеа да постигне гол. Единствениот кој поентираше на...

Србија, светски фудбалски шампион за играчи до 20 години

Српската фудбалска репрезентација до 20 години ја освои титулата светски првак откако го победи Бразил со 2:1, на Светското првенство што се одржуваше во Оукланд, Нов Зеланд. Српските фудбалери ја совладаа репрезентацијата на Бразил по продолженијата. Регуларниот дел заврши нерешено (1:1). За српската репрезентација поентираа Мандиќ во 70. минута и Максимовиќ во 118. минута, а единствениот погодок за Бразил го...

Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА

Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори. Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на претседателот на организацијата, Сеп Блатер. Швајцарската...

Алвеш во Барса до 2017 година

По повеќемесечната трансфер-сага и по шпекулациите околу тоа каде ќе продолжи Дани Алвеш, конечно видовме крај: Алвеш и Барселона продолжуваат заедно уште две години, пренесе „Спортклуб“. Искусниот дефанзивец имал отворени понуди од Милан и од Манчестер Јунајтед, но сепак реши да остане во Барселона, која му понуди договор веднаш по финалето во ЛШ. Новиот европски шампион си ја обезбеди десната бековска...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...