fbpx
Таг: Фросина Ташевска Ременски

таг: Фросина Ташевска Ременски

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ, Деспотовски и Ременска со честитки

На внатрепартиските избори вчера членовите на владејачката партија СДСМ го избраа кандидатот Димитар Ковачевски за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На 194 гласачки места ширум државата вкупно гласале 44.406 членови на СДСМ, односно 86,5 отсто од активно регистрираните членови на партијата. Димитар Ковачевски освои 37.649 гласа, за Јован Деспотовски гласале 3.319 членови, додека противкандидатката Фросина Ташевска Ременски ја...

Ременски: Почнати се подготoвки за попис на населението

Според мои информации, во тек се подготовки за да почне подготовката за пописот, изјави пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. -Но да не се залажуваме дека процентуално врзаните права, кои се стекнати права, ќе можеме да ги спуштиме – рече таа на дебатата на која се разговараше за Законот за...

Шекеринска: Бројот на жените во одбраната не е на задоволително ниво

Состојбата со бројот со жените во АРМ не е доволно добра, но таква е ситуацијата во речиси сите армии и во европските, кои се неколку чекори понапред во однос на Македонија, порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на трибината на тема „Родова перспектива во одбраната”, организирана по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Нагласи дека...

Пратениците побарале информации од УБК и од АР за 27 април и за случајот со Србија

Членовите на собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разунавање (АР) од редовите на СДСМ на денешната седница побарале информации од двете служби за насилствата од Собранието од 27 април и за дипломатскиот скандал со Србија. Пратенциите побарале информации за улогата на институциите во насилствата во Собранието, додека за случајот...

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Јанева, Ременски и Спасовски за падот од 24 места на индексот за корупција

Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика, обвини на партиска прес-конференција Даниела Рангелова, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Таа рече дека враќањето на СДСМ на власт би значело корупција, неодговорност и разградување...

Ибрахим Ибрахими од денеска е нов министер за труд и социјална политика

Досегашниот заменик-министер, Ибрахим Ибрахими, од денеска е нов министер за труд и социјалната политика, по преземањето на функцијата од техничката министерка Фросина Ташевска-Ременски. „Од денеска (29 декември 2016 г.), во согласност со член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија од јули 2016 година, заменик-министерот во Министерството за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими...

Спасовски и официјално си замина од МВР, нов министер е Агим Нухиу

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и официјално повеќе не е министер за внатрешни работи, откако претпладнево, како што потврдија за „Мета“ од МВР, му ја предал министерската функција на Агим Нухиу, кој досега беше заменик-министер во МВР. Со ова Нухиу, кој е кадар на ДУИ, е првиот Албанец што доаѓа на позицијата министер за внатрешни работи. Со објавувањето на конечните резултати...

Спасовски и Ременски ја чекаат ДИК за да се збогуваат со министерските функции

Со објавувањето на конечните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија (ДИК), автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во министерствата за внатрешни работи, труд и социјална политика, министерствата за земјоделство, шумарство и водостпанство и за администрација и информатичко општество. Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом...

Ременски нареди да не се подготвуваат решенија за права од социјална заштита

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска упати писмена наредба до директорите на меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирање на подготвувањето на секаков вид решенија поврзани со правата од социјалната заштита, соопшти кабинетот на министерката. Во наредбата, како што стои во соопштението, министерката побарала центрите за социјална работа итно да достават информации за бројот на подготвени...

Советот на ССМ го смени Митревски и на негово место избра в.д. претседател

Живко Митревски повеќе не е претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), а за вршител на должноста синдикален лидер е избран Дарко Димовски, соопшти денеска ССМ. Митревски, како што појаснуваат од ССМ, бил разрешен од функцијата на седница на советот, која била одржана пред точно десет дена, односно на 13 ноември. Според соопштението од ССМ, на кое стои потписот на...

Ташевска-Ременски: 134 починати лица од Тетово примале парична помош

Мнистерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, информираше дека за 134 починати лица од Тетово и од Тетовско и по нивната смрт се исплаќал паричниот надомест за помош и нега од друго лице. При тоа, како што појасни Ременски, извршена е неоснована исплата на 1.818.996 денари или близу 30.000 евра. „Центарот за социјални работи во Тетово не постапил по службена...

АВРМ бара извинување од Ташевска-Ременски, во спротивно ќе ја тужи

Агенцијата за вработување на Република Македонија соопшти дека тврдењата што денеска ги изнесе министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, на прес-конференцијата, се лаги и клевети и побара извинување. Од Агенцијата велат дека ќе поднесат тужби за клевета и за навреда доколку Ташевска-Ременски не се извини. „Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска одржа прес-конференција за медиумите...

Спасов и Поповски да понесат одговорност за неодговорното однесување, порача Ременски

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, денеска ги повика сите инволвирани во саботниот настан, дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, наместо да изнесуваат лаги и невистини пласирани преку соопштенија од Агенцијата за вработување на Република Македонија и да ја манипулираат јавноста, храбро да одговорат за секоја нивна...

Ременски: Ставрески ја кочи исплатата на средства за ранливи категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика во оставка, Фросина Ташевска-Ременски, го обвини министерот за финансии, Зоран Ставрески, дека ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика. Според неа, тој е главниот кочничар на исплатата на средствата што одредени категории граѓани ги очекуваат од Министерството за труд и социјална политика. - И покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата обврски...

Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

Владата повторно ги поништила одлуките на министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, на седница во четвртокот, информираат од секторот за односи со јавноста на Владата. Како што пишува во соопштението, поништени се актите кои министрите ги донеле од 7 до 14 април. - Актите се поништени бидејќи не се донесени во согласност со дополнителните заменици-министри и, според тоа, се спротивни...

Ременски: 50 отсто застапеност на жените во политиката до 2020 година

„Со измените на Изборниот законик на Македонија, се изборивме за 40 проценти застапеност на жените во политичкиот живот и во процесите на одлучување, кандидирање и на избирање на важни позиции. Стратегија на идната влада е континуирано зголемување на тој процент до 50 отсто до 2020 година“, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, на конференцијата „10...

Димитриев ги достави оставките на министрите од СДСМ до Собранието

Техничкиот премиер задолжен за организирање на предвремените парламентарни избори, Емил Димитриев, попладнево до Собранието ги доставил оставките на министрите и замениците-министри од редовите на СДСМ во техничката Влада. Димитриев ги доставил оставките на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и на дополнителните заменици-министри, Кире Наумов за финансии, Љупчо Николовски за земјоделство,...

Ременски: Решени повеќе проблеми на лицата со инвалидност и со попреченост

Потпретседателката на СДСМ и техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денеска во општина Струмица оствари средби со граѓаните и со невладини организации, кои ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и со попреченост на територија на општина Струмица. - Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална...

Спасов: Ременски ќе одговара за лажно пријавување

„Ременски се расфрла со празни листови хартија за да ги исполни партиските наредби и прави обид јавноста да стекне лажен впечаток дека мора да поднесе кривични пријави. За овој хаос што го прави ќе одговара за кривично дело лажно пријавување“, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов на поднесените 13 кривични пријава од министерката за труд и...

Ременски поднесе 13 кривични пријави и иницијатива до Советот на судии

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, објави дека денеска до Основното јавно обвинителство Скопје и Основните јавни обвинителства во Берово, Гостивар, Кочани, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струмица, Штип и во Битола, поднела вкупно 13 кривични пријави. Дванаесет кривични пријави се за разрешени директори на јавните установи за социјална заштита, а другата кривична пријава е за дополнителниот заменик-министер Диме Спасов. Ременски...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...