fbpx
Таг: ФРОДЕМ

таг: ФРОДЕМ

Патот на „лажњакот“ за апсењето на Груевски води преку политиката

Лажната вест дека Никола Груевски бил уапсен во Будимпешата уште пред два месеци е пример кој покажува дека  дезинформациите не секогаш се продуцираат во само  медиумски кругови, туку директно и во политичките центри. Пробавме да го лоцираме патот на овој „лажњак“ од вест кој денеска на 02.12.2019 доби дури и официјален демант од Министерството за правда во Владата на Република...

Незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ ја формираа првата фракција

ФРОДЕМ и членови на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска објавија дека ќе настапуваат како фракција во ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат,  така ќе и помогнат на партијата да стане вистинска и реална опозиција, со свои конкретни ставови, принципи, идеологија и политики, за бргу со ново и демократски избрано раководство од членовите на партијата да се врати како победник. Сметаат...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го свика конгресот за избор на нов претседател

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе оддржи седница на која треба да ја потврди одлуката за оддржување на вонреден партиски конгрес на 23 декември во Валандово. На овој конгрес би требало да се прифати најавената оставка на партискиот претседател Никола Груевски и да се избере негов наследник. До вчера единствената јавно објавена кандидатура за првото место во ВМРО-ДПМНЕ...

ФРОДЕМ: Договорот со Бугарија е голем исчекор за Македонија во евроатлантските процеси

Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) го поддржува договорот за пријателство помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи тој е голем чекор напред за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО, велат оттаму. Во соопштението се додава дека со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија докажува дека е фактор на стабилизација и на развој на добрососедските односи на Балканот и за затворање на...

ФРОДЕМ: Опозицијата се сведе само на негирање

Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ) ги повика добронамерните членови на ВМРО-ДПМНЕ „во наредниот период да се воздржат од вплеткување во манипулативни игри на Груевски и на врхушката за спасување на сопствената криминална кожа“. „Опсесивниот, секојдневен притисок за вклучување на партиски лица во јавните реакции не е ништо друго туку „димна завеса“ која треба да создаде привид на божемна опозициона активност....

ФРОДЕМ: Роденденската забава на ВМРО-ДПМНЕ, скапа парада на лажна сигурност

„Вчера, на фамилијарна роденденска забава, по којзнае кој пат се изнаслушавме лажни зборови, измислици и самофалби. По кознае кој пат слушнавме за внатрешни и за надворешни непријатели, како и инфантилни пораки и блефови. Тоа беше скапа парада на лажна сигурност. Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и ја приватизираа ВМРО-ДПМНЕ непречено продаваат магла, па дури и се...

Трајанов, Богоевски и Кекеновски, носители на листи на Коалицијата за промени и правда

Коалицијата за промени и правда на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и на МОРО Работничка партија, вечерва на конвенција во Скопје, под мотото „Не грижете се, режимот паѓа“, ги објави носителите на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори на 11 декември. Носител на листата во првата изборна единица ќе биде лидерот на ДС, Павле Трајанов, во изборната едница 2,...

ВМРО-НП остава уште една шанса за формирање десничарски опозициски блок

ВМРО-НП на денешниот состанок на партискиот централен комитет одлучи на претстојните избори на 11 декември да оди во коалиција со Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и со Достоинство на Стојанче Ангелов. Сепак, партијата остави и можност за преговори со ФРОДЕМ на Јове Кекеновски и со Демократски сојуз на Павле Трајанов доколку деновиве посакаат да ги обноват преговорите кои вчера...

Коалиција за промени и за правда: Би соработувале со сите што се против ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата за промени и за правда соопшти дека останува отворена за соработка со сите опозициски партии што ќе изразат јасен став дека по изборите нема да коалицираат со обвинетите и осомничени криминализирани структури на партиите на власт. „Остануваме и понатаму посветени на привлекување на сите субјекти што се загрижени за иднината на Македонија и се подготвени да се вложат во враќањето...

ФРОДЕМ: Со предлогот за нов министер на МВР, Груевски го прекрши договорот за избори

Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договорот за избори, Никола Груевски го покажа своето вистинско лице и неговото сфаќање за „фер и демократски“ избори, се вели во реакцијата на Фронтот за демократската Македонија (ФРОДЕМ) во врска со денешната одлука на Владата за избор на нов министер за внатрешни работи и за разрешување на директорите на Бирото за...

ДС, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО-РП формираа Коалиција за промени и за правда

Политичките партии Демократски сојуз (ДС) и МОРО - Работничка партија, здружението ДЕМОС и движењето ФРОДЕМ денеска основаа коалиција за заедничко дејствување, насловена Коалиција за промени и за правда (КПП). Претседателот на ДС, Павле Трајанов, рече дека нивната платформа е одговор на граѓанскиот предизвик да се формира нов, силен политички блок, кој придонесе за да се случат промени и правда во...

ФРОДЕМ: Паралелни структури во МВР се вовед во граѓанска војна

Создавањето паралелни структури во Министерството за внатрешни работи е вовед во граѓанска војна, посакувана од власта во заминување, предупредува движењето ФРОДЕМ. „Оваа нездрава ситуација е резултат на дејствувањето на партиските послушници и на соизвршители на кривични дела. Министерот Оливер Спасовски, како најодговорно лице во МВР според Уставот и законите, да ги преземе сите неопходни мерки за доведување на ситуацијата во...

ФРОДЕМ: Забрана за влез во ЕУ и во САД и замрзнување на сметките за лицата што не го почитуваат Договорот од Пржино

„По вчерашното распишување на изборите при неисполнети елементарни услови согласно Договорот од Пржино, како и децидното одбивање на Иванов да ја повлече неговата ништовна одлука за стопирање на постапките против осомничениге лица и да не поднесе оставка, ги повикуваме САД и членките на ЕУ наместо очекуваните санкции кон Македонија и нејзините граѓани, истите да ги изречат кон лицата и...

Фродем: Враќање на помилувањето значи суспендирање на уставниот поредок

Враќањето на можноста за помилување на учесници во злосторнички здружен потфат за фалсификување на граѓанската изборичка волја во суштина значи судспендирање на уставниот поредок, велат од Граѓанското здружение Фродем. „Тоа значи суспендирање на волјата на граѓаните и нивното право на глас и истото тоа право во иднина слободно и неказниво да го користат организираните криминални структури за лични и и...

ФРОДЕМ со забелешки и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон СДСМ

„Никола Груевски не треба поради својот досегашен манупулативен и нечесен начин на владеење и понатаму да ја води во ќор-сокак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да престане да се крие зад колективната одговорност и партијата да ја става за негов заложник за на крајот членството да ги плати сите негови сметки и гревови“, порачаа од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ). Од ФРОДЕМ, со порака...

ФРОДЕМ: Власта панично им се додворува на селектирани буџетски категории

Режимот, панично, по итна постапка, наложи и донесе закон за зголемување на додатоците во правосудството. Сега, кога врхушката го губи тлото под нозете, очајно се обидува да се додвори на селектирани буџетски категории, реагираат од ФРОДЕМ на предлог-законот за плати на обвинителите. „Судиите и обвинителите наеднаш му станаа важни на режимот. Досега ги заплашуваше, отсега божем ќе ги наградува. Цинично, сега,...

Кекеновски и Новковски: Лажно соопштуваат дека сме исклучени

Јове Кекеновски и Ненад Новковски се јавија со реакција и свои аргументи откако денеска беа исклучени од ФРОДЕМ. „1. Не постои никаква службена електронска адреса на движењето ФРОДЕМ, зашто за тоа е потребна легална регистрација каква што нема. Ако некој се појавува под такво име регистрирано на фирма, тогаш тој не го претставува движењето каде што ние го сочинуваме основниот...

Кекеновски и Новковски исклучени од ФРОДЕМ

Јове Кекеновски и Ненад Новковски не се повеќе членови на ФРОДЕМ затоа што нивните амбиции и цели биле политички и во интерес на некоја партија, со една цел - да се излезе на избори, известија од партијата. „Од тие причини, не се повеќе дел од фронтот. Во таа насока, нивните изјави не го претставуваат истиот. Треба да биде јасно, дека ФРОДЕМ...

Отворено писмо на Игор Јанев со поддршка за ФРОДЕМ

Игор Јанев, правен експерт од македонско потекло, член на неколку престижни меѓународни здруженија за меѓународно право и за меѓународни односи, преку отворено писмо до јавноста се огласи со подршка на Фронтот на демократска Македонија (ФРОДЕМ). - Подготвен сум и лично да придонесам како член на ова организација во остварувањето на нејзините цели, во ситуација на неразбирање и на непознавање на...

Кекеновски: ФРОДЕМ ќе биде доверлив коректив на општествено-политичките состојби

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) е мисија која посветено и ревносно ќе дејствува во правец да биде доверлив коректив на севкупните политичко-општествени состојби, изјави за „Мета“ професорот Јове Кекеновски, кој стои зад формирањето на новиот политички субјект, чие официјално појавување на македонската политичка сцена ќе се случи денеска, со почеток во 12 часот, во хотелот „Александар палас“ во Скопје. -...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...