fbpx
Таг: франциск

таг: франциск

Заев: Посетата на папата е признание за нашето место во заедницата на прогресивните земји

Нашата убава земја денеска е уште еднаш во фокусот на светското внимание, рече премиерот Зоран Заев по повод апостолската посета на папата Франциск. - Посетата на неговата светост, првиот човек на Католичката црква и на ватиканската држава, папата Франциск, како прва, историска посета на еден папа на нашата земја, е огромно признание за местото што Република Северна Македонија го зазеде...

Пораки за мир, соживот и поголема љубов кон Бога и кон луѓето, упати папата Франциск на мисата во Скопје

Папата Франциск денеска чиноначалствуваше со светата литургија на плоштадот „Македонија“ на кој присуствуваше целиот државен врв, 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство. Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. По читањето на делови од евангелијата на светите отци и по молитвите што се упатуваат од светата литургија за време...

Плоштадот полн, се чека 20 минути за влез за мисата на папата (Галерија)

На час и половина пред почетокот на мисата на папата Франциск, плоштадот Македонија речиси е полн со верници, бискупи, надбискупи, гости од регионот, но и од светот. Во масата граѓани, речиси исто толку се слуша хрватскиот јазик колку и македонскиот, оти е голем бројот на Хрвати од Хрватска и од БиХ. Приодите кон плоштадот беа отворени пет часа пред почетокот...

Стојанов: Папата доаѓа поради блиските односи на двете држави, верниците и Мајка Тереза

Направени се сите потребни подготовки за да го дочекаме еден од најзначајните светски и верски лидери, светиот отец папата Франциск, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција пред спомен-куќата на Мајка Тереза. Тој додаде дека ова се случува на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашата држава и Ватикан. „Со посетата на светиот отец, папата Франциск, се...

Папата Франциск ќе се вози низ Скопје со „папамобилот“ – ако не врне

Папата Франциск, во посета на државата на 7 мај, ќе пристигне со делегација од 30 свештени лица и 65 новинари кои постојано го следат при неговите официјални посети. Посетата ќе биде поделена во два дела, односно на државнички и религиозен карактер. Откако утрото на 7 мај ќе слета на аеродромот, Светиот Отец ќе се упати во претседателската резиденција на Водно,...

Премиерот Заев и владина делегација на аудиенција кај папата Франциск

Премиерот Зоран Заев за време на посетата на Рим и во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, имаше тет-а-тет средба со папата Франциск, а потоа владината делегација беше примена на аудиенција во Ватикан. Заев ја повтори отворената покана за папата Франциск во блиска иднина да ја посети нашата земја, која би била од исклучителна важност за унапредување...

Голем пресврт во Ватикан: Папата им дозволи на свештениците да го простуваат абортусот

Папата Франциск им одобри на сите свештеници да го простуваат абортусот. Папата ја објави големата одлука во документот „Апостолско писмо“, по завршување на Светата година на милосрдието. - Сакам да нагласам дека абортусот е сериозен грев, имајќи предвид дека со него се завршува невин живот. Но, не постои грев до кој божјата милост не може да дојде и да го...

Папата Франциск одби да коментира за Трамп

Римскиот папа Франциск одби да изнесе личен став за доаѓањето на Доналд Трамп на претседателското место со објаснување дека тој е заинтересиран само за влијанието на политичките одлуки врз сиромашната популација, јавува „Ројтерс“. „Не расудувам карактери на личности и на политичари. Само сакам да знам какви страданија предизвикуваат нивните однесувања врз сиромашните и врз запоставените“, одговори папата Франциск на поставеното...

Папата Франциск во ненадејна посета на Аматриче

Папата Франциск денеска ненадејно го посети Аматриче, гратчето во Централна Италија што најтешко беше погодено во неодамнешниот земјотрес, во кој загинаа речиси 300 лица, објави Ватикан. Папата во неделата потврди дека ќе посети област погодена од земјотрес, но не прецизираше која. Тој изјави дека посетата сака да биде приватна и таму би заминал за да биде блиску до народот. По катастрофалниот земјотрес, кој...

Иванов: Македонија е горда на Мајка Тереза

Претседателот Ѓорге Иванов по повод денешната канонизација на Мајка Тереза рече дека земјата е горда што има сограѓанка светица. Тој информираше и дека македонската делегација, која имаше почесно место на денешниот настан, имала куса средба со папата Франциск, кој му потврдил на Иванов дека ќе дојде во Македонија. Премиерот Емил Димитриев рече дека канонизацијата на Мајка Тереза е голем настан...

Папата испрати порака за солидарност со бегалците

Силна порака за солидарност со бегалците и за ставање крај на војните испрати папата Франциск денеска од грчкиот остров Лезбос. Папата во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и на грчкиот архиепископ Иеронимос, ги посети мигрантскиот центар Морија, во кој се наоѓаат повеќе од 4.000 бегалци, и пристаништето Митилена. Посетата на кампот беше полна со емоции. Илјадници бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак,...

Папата Франциск во посета на бегалците на Лезбос

Папата Франциск ја почна својата посета на бегалците на грчкиот остров Лезбос. Неговата посета испраќа силна порака до европските лидери за похумано справување со бегалската криза и силен апел да се помогне да се стави крај на воените состојби, поради кои илјадници луѓе ги напуштаат домовите и ја бараат својата среќа во државите од Европската Унија. Уште посилна порака е...

Историската средба меѓу папата Франциск и рускиот патријарх Кирил ќе се случи на 12 февруари

Поглаварите на Римокатоличката црква и на Руската православна црква ќе се сретнат следната недела на Куба, што би било прва средба на папата и на рускиот патријарх. Во заедничкото соопштение на Ватикан и на Руската православна црква се соопштува дека средбата ќе биде важна фаза во односите меѓу двете цркви. Портпаролот на Ватикан, Федерико Лобарди, соопшти дека папата Франциск и...

Папата Франциск за Божиќ повика на правичност, трезвеност и на сочувство

Прославата на годинешното одбележување на Божиќ во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, папата Франциск ја посвети на барањето трезвеност и сочувство за помалку среќните. Папата побара од сите, како што рече, „опиени“ од имоти и од површни работи да им се вратат на основните вредности на животот. Тој рече дека Божиќ е време луѓето да откријат кои се. „Во општество кое најчесто...

Владимир Путин е најмоќна личност според „Форбс“

Според најновата листа на најмоќни личности на магазинот „Форбс“ за 2015 година, рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на првото место трета година по ред. По него се лидерите на Германија и на САД. - Путин и понатаму е еден од малкумината кои се доволно моќни да го прават тоа што го сакаат и тоа да „им помине“ - наведува...

Папата Франциск: Ѕидовите ќе паднат

Папата Франциск денеска порача дека оградите за бегалците, како таа што ја подигна Унгарија на границата со Србија, нема да траат долго. - Вие знаете како завршуваат ѕидовите. Сите ѕидови паѓаат, денес, утре или по 100 години. Ѕидовите не се решение. Проблемот останува – рече папата при неговото враќање во Рим, по својата прва посета на САД. Папата додал дека би сакал...

Премиерот Груевски го покани папата да ја посети Македонија

Премиерот Никола Груевски денеска, заедно со владината делегација, во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизбета Канческа-Милевска, во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јавува МИА. Премиерот Груевски го запознал папата со повеќе области и прашања важни за државата, како и со нејзините стратегиски интереси за членство во НАТО...

Владина делегација во посета на Ватикан

По повод чествувањето на 24 мај, денот на Св. Кирил и Методиј, владина делегација денеска ќе престојува во Ватикан. На аудиенцијата кај папата Франциск ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Никола Поповски, и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Тие ќе остварат средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Петро Паролин. Во Рим е и делегација на Македонската православна...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...