fbpx
Таг: Франција

таг: Франција

Прв круг од парламентарните избори во Франција

Франција денеска гласа во првиот круг од парламентарните избори. Избирачките места во континенталниот дел од земјата беа отворени во 8 часот утрово, откако гласачите во прекуокеанските територии гласаа претходно викендов, додека гласањето се затвора вечерва во 20 часот. Овие избори се клучни за вториот мандат на Емануел Макрон и ќе го одредат неговиот капацитет да испорача внатрешна политика како што...

Вистиномер: Изборите во Франција не се „украдени“, Ле Пен го призна поразот

Официјалните резултати од претседателските избори во Франција, после 100 процентно пребројани гласачки ливчиња по вториот круг од изборите,  потврдуваат дека победник е Емануел Макрон. Неговата противкандидатка Марин Ле Пен, уште веднаш по објавата на излезните анкети, според кои таа освои 41,8 насто од гласовите, додека актуелниот Макрон, освои 58,2 насто, се обрати на нацијата и го призна изборниот пораз, пишува...

Макрон ја победи Ле Пен на изборите во Франција и обезбеди втор мандат

Францускиот претседател Емануел Макрон со значителна предност ја победи својата ривалка од екстремната десница Марин Ле Пен на денешниот втор круг од претседателските избори во Франција. Како што пренесува Ројтерс, според предвидувањата, Макрон обезбеди втор мандат избегнувајќи нешто што ќе значеше политички земјотрес. Според првичните резултати, Макрон обезбеди 57 - 58 отсто од гласовите. Ваквите предвидувања обично се прецизни, но...

Две французинки волонтираат во Теарце: Доброволната работа помага подобро да се запознаете себеси [видео]

Фаустин Помарел и Камил Ферари се две волонтерки од Франција, кои дојдоа во Теарце пред три месеци, преку проектот European Solidarity Corp и се вклучени во работата на Центарот за едукација и развој (ЦЕД). Тие работат главно со децата од оваа општина, едната живее во албанско, а другата со македонско семејство, и за Порталб.мк раскажуваат за нивното искуство овде. Поголемиот...

По првиот круг претседателски избори во Франција, Макрон има причини да се плаши од националистката Ле Пен

На вчера одржаниот прв круг претседателски избори во Франција убедливо најмногу гласови освои актуелниот шеф на државата Емануел Макрон, но неговата ривалка, односно второпласираната крајна десничарка Марин ле Пен, во одлучувачкиот втор круг на 24 април би можела да му создаде многу проблеми на Макрон, пишува Би-Би-Си. Според анкетите, трката за претседателската функција во вториот круг на 24 април би...

Франција утре избира претседател – Макрон во првиот круг во тешка битка со Ле Пен

Во Франција утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Досегашниот претседател Емануел Макрон се обидува да освои втор мандат како претседател, додека како главен ривал на изборите му е радикално десничарската кандидатка Марин Ле Пен. Податоците од анкетните истражувања што ги пренесува Ројтерс покажуваат дека изминативе недели се приближуваат рејтинзите на двајцата главни кандидати. На два дена пред...

Обединетото Кралство и Франција со нови ковид-протоколи за влез на македонски државјани

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство (ОК) на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. „ОК го прифаќа нашиот...

Најмалку седум лица, меѓу кои и две деца загинаа во експлозија во Франција

Најмалку седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија и пожар во југозападна Франција во градот Сен Лоран де ла Саланk, изјави министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен. „Ова е вистинска драма која се одвивала во Сен Лоран-де-ла-Саланк, на источните Пиринеи. Прелиминарниот извештај е седум починати од кои две деца. Во име на нацијата, ја давам сета моја поддршка...

Боите на Француското претседателство со ЕУ

Франција на почетокот на нејзиното претседателствување на ЕУ ги обои своите знаменитости со боите на Европската Унија. Меѓутоа, дури и симболиката не помина без контроверзи. Француската крајна десница олицетворена во Мари Ле Пен, која инаку се залага за излегување на Франција од ЕУ, остро регираше поради замената на француското знаме со знамето на ЕУ под Триумфалната порта, макар и...

Виртуелен саем за студии во Франција ќе се одржи в среда

Во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование „Кампус Франс“, в среда 15 декември 2021 година, од 10 до 18 часот, ќе се одржи виртуелен саем за студии во Франција. Овој настан претставува можност за македонските средношколции и студенти, да ги добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските...

Силно невреме погоди дел од земјите од Западна Европа, повредени четири лица

Локалните медиуми соопштија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а рано утрово силни ветришта ги корнеа покривите и дрвјата, пренесе Франс 24. Околу 250.000 француски куќи останаа без електрична енергија, а возовите од Нормандија кон Париз се запрени откако силни ветришта зафатија делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Железничкиот сообраќај е...

Зелената агенда за животната средина и проблемите презентирани пред француски сенатори

Визијата на државата за заштита на животната средина како дел од остварувањето на Зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа „животна средина“ со европското право, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средин биле темите за кои министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини разговарал со делегација од францускиот...

Судот во Франција му нареди на Твитер да се справи со говорот на омраза на оваа мрежа

Францускиот суд вчера му нареди на Твитер да им даде пристап на активистите до сите документи во врска со неговите напори за борба против расизмот, сексизмот и сите други форми на говор на омраза што се појавуваат на оваа социјална мрежа, јавува Франс 24.  Шест групи против дискриминација од Франција го дадоа Твитер на суд минатата година, обвинувајќи го овој...

Макрон со лоши резултати, Ле Пен не успеа да победи во француските региони на вчерашните избори

Екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен е главниот губитник на вториот круг од регионалните избори во Франција што се одржаа вчера. Оваа партија не успеа да победи во ниту еден од француските региони, вклучувајќи го и јужниот регион Прованс Алпи Азурен Брег, каде што анкетите покажуваа дека можат да ја добијат власта. Алијансата од другите политички партии...

Макрон оствари лош резултат на регионалните избори во Франција, партијата на Саркози води

Главните претенденти за освојување на новата претседателска функција во Франција на изборите што ќе се одржат наредната година остварија лоши резултати на првиот круг од регионалните избори. Партијата „Републиката напред!“ на актуелниот претседател Емануел Макрон доживеа фијаско, освојувајќи само 10,9 отсто од гласовите, пренесуваат Гардијан и Би-би-си. „Шамар во лице“ е коментарот на еден од пратениците на партијата на Макрон...

Франција и РС Македонија потпишаа договор за копродукција во областа на филмот

Република Северна Македонија и Франција потпишаа Договор за филмска копродукција, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на РСМ и Францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики. „Во рамките на една посета на Париз што се одржа на 23 февруари 2021, нашите двајца Министри за надворешни работи, Г-динот Жан-Ив Ле Дријан и Г-динот Бујар Османи потпишаа Договор за...

Франција ќе забрани домашни летови до градовите кои се меѓусебно поврзани со воз

Француските пратеници изгласаа забрана на летови во домашниот воздухопловен превоз помеѓу градови за кои патувањето може да се изврши со патнички воз во времетраење од максимум 2 и пол часа, јавува Гардијан. Како дел од мерките за заштита на животната средина и климата, на авиокомпаниите ќе им се забрани да летаат меѓу дестинациите како што се Париз-Нант, Париз-Лион и...

Чешка забрани влез на странци во земјата, во Франција од утре не можат да влезат сите лица надвор од ЕУ

Под налетот на британската, јужноафриканската и бразилската мутација на корона вирусот, расте бројот на земји во светот што воведуваат нови рестрикции за патувања. Чешка од денеска го забрани влезот за странци на нејзина територија кои не доаѓаат во земјата поради неопходни причини. Од 30 јануари, влез во Чешка е дозволен само за оние странци што студираат или работат во...

Изградена велосипедска патека долга 420 километри од Париз до Довил, по течението на Сена

Една од најважните национални велосипедски рути во Франција, патеката од Париз до Довил, со должина од 420 километри, е целосно завршена и пуштена во употреба. Жителите од францускиот главен град, по посебна патека со својот велосипед ќе можат да стигнат до градовите Ле Авр, Онфлер и Довил во Нормандија, на самиот брег на Атлантскиот Океан. Изработена е и веб...

RT половина од времето годинава посветила на критики кон САД

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот и во светот. Сервисот на ЕУ за проверка на информациите од Источната наменска група на...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...