fbpx
Таг: Франција

таг: Франција

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска...

Од француски воз била украдена торба со безбедносни планови за Олимпијадата во Париз

Торба со компјутер и два USB стикови на кои се наоѓаат полициските безбедносни планови за Олимписките игри во Париз, била украдена од воз на станицата Гаре ду Норд, соопшти Гардијан. Торбата му припаѓала на инженер од градското собрание на Париз кој ја сместил во багажниот простор над своето седиште. Бидејќи неговиот воз доцнел, тој решил да го смени возот па дури...

Во март ќе се одржи Фестивалот на франкофонијата со француски филмови, концерти и храна

Во организација на Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Швајцарија, од 1 март до 4 април ќе се одржи Месецот на франкофонијата со културни активности во Скопје и во неколку други градови во земјава. За овој фестивал предвидена е разновидна програма за љубителите на франкофонската уметност, пишува Порталб.мк. Во просториите на Јуроп Хаус во Скопје, амбасадорот на Франција...

Макрон: Поразот на Русија во Украина е од суштинско значење за безбедноста во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не ја исклучува можноста за испраќање копнени трупи во Украина, но додаде дека нема консензус за таков чекор. Тој ова го изјави на состанокот на 20 главно европски лидери во Париз, кој го свика за да се засили европскиот одговор на напредокот на руската војска во Украина, пренесува Гардијан. Макрон кажа дека е...

Франција на пат да го внесе правото на абортус во уставот

Националното Собрание, односно Долниот дом на францускиот парламент вчера со големо мнозинство го одобри законот со кој правото на жената на абортус ќе стане уставно право, односно ќе биде внесено во уставот на Франција. За тоа да се случи, законот мора да биде изгласан во Сенатот, односно во Горниот дом. Уставната гаранција на правото на абортус беше ветена од францускиот претседател...

Франција привремено го забранува риболовот за да ги спаси делфините

Франција објави привремена забрана за речиси целиот комерцијален риболов во Бискејскиот Залив за да ги заштити делфините, објави Би-би-си. Забраната ќе започне во понеделник и ќе трае до 20 февруари, а ќе ги зафати риболовните терени во близина на брегот на Атлантскиот Океан. Француските поморски експерти проценуваат дека околу 9.000 делфини умираат во заливот секоја година откако се фаќаат во опремата...

Габриел Атал именуван за нов француски премиер, најмлад досега и прв отворено-геј

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го именуваше Габриел Атал за нов премиер на земјата. Атал, кој е актуелен министер за образование, на свои 34 години ќе биде најмладиот што ја зазема втората највисока функција во Франција. Атал ја заменува досегашната премиерка Елизабет Борн, која поднесе оставка по 20 месеци на функцијата. За целото тоа време Борн се бореше со недостаток...

Објавен македонски превод на стрипот „Везење“ од Марџан Сатрапи

Издавачката куќа „Бункер“ од Скопје објави македонска верзија на графичкиот роман „Везење“ од француско-иранската авторка на стрип, филмска сценаристка и режисерка Марџан Сатрапи. Романот ги пренесува приказните на три генерации ирански жени од семејството на Сатрапи, од бабата феминистка, мајката стоик, ексцентричната тетка и нивните пријателки и сосетки. Истовремено хумористични и трогателни, овие разговори со чај опфаќаат теми како љубов,...

„Астерикс и белиот ирис“: Новата епизода на култниот стрип ја освојува Европа

По објавувањето на крајот од октомври, новиот стрип-албум „Астерикс и белиот ирис“ ја освојува Европа. Испечатен е во 5 милиони примероци на 20 јазици кои се дистрибуираат истовремено, со што се одржува репутацијата на Астерикс како најпреведуван француски стрип. Тема на најновата епизода за популарните галски воини Астерикс и Обеликс е сатиризирање на „велнес“ културата, при што треба да решаваат...

Младите денеска се запознаа со можностите за студирање во Франција

Бројни млади во Национално и универзитеската библиотека „Св. Климент ОхридскИ“ во Скопје денеска имаа можност да се запознаат со можностите што ги нуди универзитетското образование во Франција. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Неколку француски универзитети се високо рангирани на Шангајската листа на универзитети, што говори за високиот образовен квалитет. Ова денеска го истакна министерот...

На 30 октомври ќе се одржи саем за студии во Франција

На 30 октомври во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи традиционалниот саем за студии во Франција. Настанот ќе биде отворен за посетители во 11 часот, а официјално ќе започне во 12 часот. Поздравни говори ќе одржат министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, Сирил Бомгартнер кој е Амбасадор на Франција и Марко Ѓоргиевски, директорот на Националната агенција за...

Франција не ги принудува африканските земји да плаќаат колонијален данок

Тврдењето дека Франција принудува 14 африкански земји да плаќаат колонијални даноци, е неточно. Овие земји се членки на монетарната унија која ја користи валутата ЦФА франк. Учеството на 14-те земји во валутата и монетарната унија е доброволно, а во 2019 година беше отстранет и условот за чување на половина од девизните резерви на овие земји во Франција. ММФ во...

Видео од пожар во Манила, претставено како пожар во Националната библиотека на Франција

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП потврдил дека видеото  покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на...

Не е вистина дека Макрон ги исклучува социјалните мрежи од етерот

Извориште на ваквата дезинформација е лажно соопштение, наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, според кое интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите.  Министерството за внатрешни работи го демантираше ова соопштение.  Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на забрана на социјалните...

Во Франција усвоен закон кој би ѝ овозможил на полицијата да „шпионира“ телефони

Во Франција се изгласа нов закон, со кој полицијата ќе може да шпионира осомничени лица со тоа што ќе може да ги активира камерата и микрофонот на нивните уреди, како и да има пристап до нивната ГПС локација, известува Ле монд. Сите горенаведени мерки се дел од пообемен закон во насока на „реформирање на правда“, кој што француското собрание го...

Немири во Франција: властите ја истражуваат смртта на 27-годишен маж за време на протестите

Француските обвинители започнуваат истрага во врска со смртта на 27-годишен маж кој бил погоден од муниција за растерување протести за време на немирите во саботата, потврди обвинителството во Марсеј. Како што пренесува Гардијан, човекот починал во саботата вечер, додека Марсеј бил преплавен од насилните протести, но обвинителството вели дека не било возможно да се утврди дали починатиот бил само...

Просечната возраст на уапсените при протестите во Франција е 17 години

Продолжуваат масовните протести и немири во Франција, како последица на убиството на 17-годишното момче Нахел Мерзук од страна на полицијата. Жералд Дерманин, министерот за внатрешни работи на Франција изјави дека просечната возраст на демонстрантите кои биле приведени е 17 години, а дека меѓу уапсените има и деца од 12-годишна возраст. Досега се нападнати и 99 општински згради низ Франција,...

Се смируваат тензиите на француските улици

Помалку од 160 лица се уапсени во текот на ноќта во немирите низ градовите во Франција по убиството на тинејџер од северноафриканско потекло од страна на полицаец, соопшти француското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Ројтерс. Релативната смиреност по петте тешки ноќи на немири и илјадници уапсени претставува олеснување за владата на претседателот Емануел Макрон во борбата да ја врати...

Четврта ноќ на немири во Франција, речиси илјада уапсени

Речиси илјада лица беа уапсени, а 80 полицајци во Франција повредени во текот на четвртата ноќ помината во немири предизвикани од убиството на 17-годишно момче од страна на полициски службеник. Официјалните лица, сепак, тврдат дека ситуацијата била помирна во однос на претходната ноќ, пренесува „Гардијан“. Четириесет и пет илјади полицајци, вклучително и специјалните сили беа распоредени за да одговорат на...

Во Франција на деца до 15 години ќе им треба родителска дозвола за пристап до социјални мрежи

Франција усвоила закон со кој малолетниците помлади од 15 години ќе мораат да добијат согласност од родителите за користење на платформите на социјалните мрежи, пишувааат француските медиуми, повикувајќи се на агенцијата АФП. Според законот, платформите на сите социјални медиуми ќе треба да користат систем за проверка на возраста на корисниците и проверка дали малолетниците имаат родителска дозвола. Платформите кои не...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...