fbpx
Таг: Франсоа Оланд

таг: Франсоа Оланд

Оланд ќе формира национална гарда

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска најави формирање на национална гарда, која би им помогнала на безбедносните сили во борбата против зачестените терористички напади во земјата. „Претседателот на републиката одлучи дека националната гарда ќе биде формирана од постојните оперативни резерви“, се наведува во соопштението од Елисејската палата. Соопштението е издадено по состанокот на Оланд со пратениците специјализирани за оваа област. Како што е...

Оланд ѝ порача на Меј што побргу да ги почнат преговорите за Брексит

Францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа изјави дека разбира оти на Велика Британија ѝе потребно време за да се подготви за преговорите за излез од ЕУ, но тоа би требало тоа да го направи што поскоро. Оланд ова го изјави на заедничката прес-конференција со новата британска премиерка Тереза Меј во Париз. Тој ја повтори позицијата на Франција дека Британија може да има...

Оланд ѝ порача на Турција: Во ЕУ нема место за земји со смртна казна

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека најголем приоритет на Европа се безбедноста и одбраната. - Во рамки на новиот поттик за изградба на Европа, најголеми приоритети се заштитата, одбраната и сигурноста на нашите граници – рече Оланд на заедничката прес-конференција во Лисабон со португалскиот претседател Марсел Ребел де Соса. Пет дена по терористичкиот напад во Ница, францускиот претседател денеска во...

Меј в среда на средба со Меркел, в четврток со Оланд

Новоизбраната премиерка на Велика Британија, Тереза Меј, и германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе се сретнат во Берлин. Портпаролот на Меј изјави дека на средбата ќе биде разговарано за начинот на заедничка работа во пресрет на подготовките на Велика Британија за напуштање на Европската Унија и додаде дека тоа ќе биде нејзина прва официјална посета на друга држава. И портпаролот...

Франција и Велика Британија заедно одбележаа 100 години од битката на Сома

Французите и Британците денеска заедно одбележаа 100 години од заедничката битка на француската река Сома, против германските сили во Првата светска војна. Британскиот премиер Дејвид Камерон и францускиот претседател Франсоа Оланд, денеска заедно, како симбол на историскиот сојуз меѓу двете нации, им оддадоа признание на загинатите борци пред француско-британскиот споменик во Тиевал, на северот на Франција. На церемонијата присуствуваше и британското...

Оланд е против организирање референдум за членството на Франција во ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека е против организирање референдум околу членството во Европската Унија, по примерот на Велика Британија, пренесува хрватскиот национален сервис ХРТ. Оланд, во врска со ова прашање, додал дека претседателските избори, закажани за следната година, ќе бидат можност гласачите да одлучат каква европска политика сакаат. Во Франција, како што пренесува ХРТ, сè погласни се повиците за референдум за...

Ренци го повика Брисел да стави крај на мерките за штедење

Европската Унија треба да стави крај на штедењето по експлозијата што Брексит ја предизвика во Европа, оцени италијанскиот премиер Матео Ренци, пред денешниот состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд. „Политиката на мерките за штедење го затемни хоризонтот. Таа ја претвори иднината во закана и го зајакна стравот. Без пораст, нема работа, односно без инвестиции, нема...

Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека ако Британците на референдумот гласаат за напуштање на ЕУ, тоа ќе го загрози пристапот на Велика Британија на единствениот пазар на Унијата. - За Велика Британија би било многу ризично да го изгуби пристапот до единствениот пазар. Сите треба да бидат свесни за тоа – рече францускиот претседател. Утре се одржува референдумот на кој...

Оланд: Постојат закани за напади за време на Европско првенство во фудбал

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, призна дека постои ризик од напади за време на Европското првенство во фудбал, но додаде дека Франција не смее да биде заплашена. - Заканите ќе траат некое време. Но, ние мора да направиме сè за „Евро 2016“ да биде успешно – изјавил Оланд за радио „Франс прес“, а пренесува АФП. Европското првенство во фудбал ќе се одржи...

Француските железници во штрајк на 9 дена пред „Еуро 2016“

Француските железници почнаа штрајк и делумно го парализираа транспортот во земјата се одвива со тешкотии, на само девет дена пред почетокот на Европското фудбалско првенство „Еуро 2016“, чиј домаќин е Франција, јавува „Би-би-си“. Како што соопштиле од државната железничка компанија (СНЦФ) се очекува да сообраќаат 60 отсто од брзите возови и само дел од останатите транспортни услиги на железницата. Трговските синдикати...

Одложена конференцијата за израелско-палестинскиот мировен процес

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска рече дека меѓународната конференција, предвидена за 30 мај во Париз, на која требаше да се поттикне израелско-палестинскиот мировен процес, е одложена за летово. - Американскиот државен секретар Џон Кери не може да дојде на 30 мај. Конференцијата ќе се одржи летово. Оваа иницијатива е неопходна – изјави Оланд. Конференцијата, која ја предложи Франција, треба да ги заживее мировните преговори.

Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Германија ќе се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британскиот премиер Дејвид Камерон. На состанокот, кој е оценет како мини-самит, лидерите ќе разговараат за борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија, бегалската криза, британскиот референдум за членството во ЕУ и за...

Парискиот договор за климатските промени ќе го потпишат 171 држава во Њујорк

Претставници на 171 држава денеска во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе го потпишат договорот за климатските промени кој беше постигнат во декември 2015 година во Париз, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. - Ова е историски момент. Никогаш порано немало толку земји кои потпишуваат некој меѓународен договор во еден ден – изјави Ки-мун. Францускиот претседател Франсоа Оланд...

Оланд: ЕУ скапо плаќа за бавното носење одлуки

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска оцени дека бавното носење на одлуките е главен проблем на Европска Унија, без разлика дали станува збор за финансиска криза, борба против тероризмот или заеднички одговор на бегалската криза. Во интервју, објавено во денешното издание на германскиот весник „Билд“, Оланд рече дека Европа на крај секогаш успева да најде решение, додавајќи дека таа ќе мора да...

Оланд: Франција ќе ги истражи „Панама пејперс“

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека откривањето на потенцијалното затајување данок од „Документите од Панама“ (Панама пејперс) се добра вест која ќе ја подобри наплатата на данок. - Ве уверувам дека ќе бидат спроведени истраги за овие информации – рече Оланд за време на посетата на една компанија во предградие на Париз. Тој додаде дека овие откритија се „добра вест...

Оланд: Да се исфрлат од ЕУ земјите што не ги почитуваат правилата

Францускиот претседател Франсоа Оланд смета дека земјите што не ги почитуваат сите принципи на ЕУ би можело да бидат исфрлени од Унијата. Германскиот весник „Дојче виртшафтс нахрихтен“ го пренесува ставот на Оланд дека земјите што нема да ја почитуваат слободата на медиумите и човековите права би требало да бидат отстранети од Унијата. Оланд, како што наведува весникот, мисли на земјите во кои владее...

Жан Марк Еро е новиот шеф на француската дипломатија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го именуваше поранешниот премиер, Жан Марк Еро, за министер за надворешни работи. Еро беше премиер на Франција од 2012 до 2014 година. Во рамки на помалата реконструкција на владата, Оланд, исто така, го именуваше членот на Француската партија на зелените, Емануел Коса, за министер за домување. Уште двајца политичари од партијата на зелените беа именувани за потсекретари...

Оланд: Потребни се итни хуманитарни мерки во Сирија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, повика итно да се спроведат хуманитарни мерки во Сирија за да се создадат услови за „веродостојно примирје“. Оланд денеска, две недели пред почетокот на мировните преговори за Сирија во Женева, се сретна со Раид Хидџаб, координаторот на опозицискиот тим што ќе преговара со сириската влада. Францускиот претседател во соопштението наведе дека треба да се овозможи хуманитарната помош да...

Париз се сеќава на жртвите од минатогодишните терористички напади

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, и други високи државни функционери денеска присуствуваа на специјална церемонија на која беше оддадена почит на сите жртви од терористичките напади што минатата година се случија во Париз. Оланд и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, ја открија комеморативната плоча, поставена во знак на сеќавање на жртвите од нападот на парискиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ и на супермаркет во...

Пораст на рејтингот на Оланд по нападите во Париз

Францускиот претседател Франсоа Оланд по терористичките напади во Париз ја ужива поддршката од 50 отсто од граѓаните, што е негов најдобар рејтинг од 2012 година. Анкетата ја спроведе „Ифол/Фидуциал“ за потребите на весникот „Пари мач“ и на радиото „Сид“. Се оценува дека поддршката е резултат на неговиот остар говор во врска со џихадистите, одржан по терористичките напади. Во последните три години, францускиот претседател...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...