fbpx
Таг: Франк Валтер Штајнмаер

таг: Франк Валтер Штајнмаер

Заев и владина делегација денеска во Берлин на средби со Меркел, Штајнмаер и Габриел

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваат во официјална посета на Сојузна Република Германија. Владината делегација во Берлин ќе има средба со канцеларката Ангела Меркел, по што двајцата лидери ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги презентираат најважните прашања од...

Берлин и Москва мора да ги подобрат односите, порача Штајнмаер на средбата со Путин

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер на денешната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин, во Москва, изјави дека е незадоволен од односите меѓу Москва и Берлин и дека двете страни треба да работат на нивно унапредување, јавуваат светските агенции. - Сметам дека е неопходно ние, како претседатели, да го продолжиме дијалогот и да се обидеме да утврдиме на кој начин...

Заев му го честиташе изборот на Штајнмаер за нов претседател на Германија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до новиот претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во која, меѓу другото ги поздравува неговите заложби, искажани по изборот, за „слобода и демократија во една обединета Европа, како важен импулс на охрабрување за земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, како што е Република Македонија“. „Германија има важна улога за развојот, стабилноста и безбедноста...

Штајнмаер е новиот претседател на Германија

Поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмаер денеска е избран за нов претседател на земјата, јавуваат светските агенции. Штајнмаер е 12-от по ред претседател на Германија од завршувањето на Втората светската војна. Социјалдемократот Штајнмаер, кој до минатиот месец ја извршуваше должноста шеф на германската дипломатија добил 931 глас од вкупно 1.260 од сојузното собрание кое го...

Германија утре избира нов претседател, Штајнмаер фаворит

Сојузното собрание во Берлин, уставниот орган на Германија составен од претставници на Бундестагот, долниот дом на парламентот и претставници на покраините утре ќе го избере новиот претседател на земјата. Најголем фаворит за нов претседател на Германија е кандидатот на Социјалдемократската партија (СДП) и доскорешен министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Имајќи предвид дека ја има поддршката на владејачката коалиција...

Штајнмаер: На светот му претстојат немирни времиња

Германскиот министер за надворешни работи и најверојатно иден претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, во својот авторски напис објавен како воведник во неделното издание на весникот „Билд“, изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД го карактеризира како пресек во светската историја, пренесува ХРТ. „Како и секогаш кога е во прашања примопредавањето на власта, постојат нејаснотии, двојби и непознаници...

Изјавата на Трамп за НАТО е загрижувачка, смета Штајнмаер

НАТО е загрижена поради изјавата на новиот американски претседател Доналд Трамп кој Северноатлантската алијанса ја нарече застарена, изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. - Изјавата на избраниот претседател Трамп, кој НАТО ја смета за застарена, е дочекана со загриженост – изјави Штајнмаер по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и со другите колеги од ЕУ, во Брисел. Доналд...

Штајнмаер повика итно да се формира влада и да се спроведат неопходните реформи

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, денеска ги поздрави одржаните предвремени парламентарни избори во Македонија и повика на итно формирање влада. - Вчерашните избори во Македонија се важен чекор во решавање на политичката криза во земјата. Сега е важно што побргу да се формира влада, која ќе го искористи својот мандат да ги спроведе итните реформи. На земјата ѝ...

Потребен е дијалог за мирно да се надминат конфликтите, оценија членките на ОБСЕ

„Четвртина век по завршувањето на Студената војна, стоиме на раб и треба да одлучиме дали ќе продолжиме со ваквата соработка за безбедност. Се наоѓаме во период кога заканите не доаѓаат само однадвор, туку и однатре“, изјави на завршната прес-конференција шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, алудирајќи на кризата во Украина. Тој истакна дека за време на министерскиот состанок, имале и...

Неизвесни се односите помеѓу Русија и САД, смета Штајнмаер

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, во Брисел изјави дека и понатаму е неизвесно какви ќе бидат идните односи помеѓу Русија и САД. - За разлика од некои ставови кои ги слушнав, лично мислам дека можностите се целосно отворени кога станува збор за односите помеѓу САД и Русија – изјави Штајнмаер. Шефот на германската дипломатија рече дека неизвесноста во...

Штајнмаер: На Европската Унија ѝ се заканува пропаст

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, предупредува дека на Европската Унија би можело да ѝ дојде крајот. - Ако веќе не умееме да ја цениме вредноста на Европската Унија, тогаш таа ќе пропадне – рече Штајнмаер во интервју за „Зидојче цајтунг“. Според неговите зборови, во текот на минатата година се покажало дека вредностите што со децении важеле за апсолутно сигурни,...

Попоски: Од квалитетот на изборите зависи евроатланската интеграција на Македонија

Најзначајно е изборниот процес во Македонија да биде со највисок квалитет, изјави денеска во Берлин заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, на средбата со шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. - На ова работиме посветено, бидејќи зависно од квалитетот на изборниот процес, ќе се постави основа дали на база на претходните препораки...

Штајнмаер: Задржувањето на турските сили во Сирија е непожелно

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајмаер, денеска ја предупреди Турција да не ги задржува предолго своите воени сили во Сирија, откако Анкара поведе прекугранична офанзива против милитантите на Исламска држава и локалната курдска милиција. - Турција има многу активна улога во Сирија во последните неколку дена, вклучувајќи и воена акција. Но, сите мораме да имаме интерес да избегнеме долгорочни...

Штајнмаер: Договорот да се спроведе веродостојно и брзо, а СЈО непречено да работи

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го поздрави договорот што македонските партии го постигнаа по долги напори, многу преговори и разговори за 11 декември 2016 година како термин за предвремени избори. „Консензусот е во согласност со Договорот од Пржино од јуни 2015 година. Сега е клучно, договорот за понатамошното постапување до изборите да се спроведе веродостојно и брзо. Мора да...

Штајнмаер: Брексит ќе има долгорочни последици

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, денеска изјави дека одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија ќе има долгорочни последици кои тешко ќе можат да се проценат, порачувајќи дека и на двете страни ќе им бидат потребни нови праведни и обврзувачки правила за нивните идни односи, јавува „Ројтерс“. Шефот на германската дипломатија во обраќањето на собирот...

Министрите на ЕУ ја повикаа Британија што е можно поскоро да излезе од Унијата

Шефовите на дипломатиите на шесте земји членки основачи на Европската Унија денеска по состанокот во Берлин со заедничка изјава порачаа дека очекуваат од владата на Велика Британија што е можно поскоро да се изјасни и да ја спроведе одлуката од референдумот за излез од ЕУ. „Одредбите од Лисабонскиот договор (членот 50) предвидуваат одредена постапка во процесот на заминување. Ние сме подготвени...

Штајнмаер: ЕУ не смее да падне во депресија по Брексит

Европската Унија не смее да падне во депресија и да биде парализирана по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата, изјавил германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, по пристигнувањето на итниот состанок на шесте земји членки, основачи на ЕУ, во Берлин. Тие на состанокот треба да разговараат за забрзувањето на претстојниот процес за напуштање на Британија на Унијата,...

Попоски и Штајнмаер во Брисел разговарале за политичката криза

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и неговиот македонски колега Никола Попоски, на средба во Брисел размениле мислења за актуелната политичка криза за земјава, твитна германското министерство за надворешни работи. Повеќе детали за средбата засега не се соопштуваат. Попоски е во Брисел на покана на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, каде учествува на министерски состанок во рамките на Северно-атлантски...

Берлин: Хајндл тесно ќе соработува со ЕК и со САД за надминување на кризата во Македонија

Германското министерство за надворешни работи денеска повторно изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и соопшти дека од тие причини бил назначен специјален претставник за Македонија, кој ќе помага во надминувањето на кризата. - Внатрешно-политичката ситуација во ПЈР Македонија нè исполнува со голема загриженост. Излез од сериозната и длабока криза сè уште не е на повидок. Затоа, министерот за надворешни...

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за надворешни работи на својот официјaлен твитер-профил. Специјалниот пратеник, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата. „Министерот за надворешни работи...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...