fbpx
Таг: фотографирање

таг: фотографирање

Не е точно дека Ајфон тајно ги фотографира корисниците секои пет секунди

Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа опција Ајфон ја користи...

Не е вистина дека полицијата го криела убиството на Вања поради Самитот на ОБСЕ

Тврдењата дека полицијата знаела дека Вања е убиена, но криела поради Самитот на ОБСЕ, се дезинформација и чиста шпекулација. Додека се одржуваше Самитот во Скопје, полицијата формираше специјален штаб кој работеше деноноќно на пронаоѓањето на девојчето. Веднаш по приведувањето на петтемина осомничени и нивното испрашување и по добиените сознанија за убиството на тинејџерката, веста беше споделена со јавноста. Оттука,...

Закажување термин за лични документи од денеска и преку мобилен број

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска пушта во употреба мобилен број на кој ќе може дасе закажува термин за аплицирање за биометриски лични документи. Заинтересираните закажувањето ќе го прават преку мобилниот број 072929292. Инаку, другите можности за закажување се преку веб-страницата на МВР и преку фиксниот телефонски број 0800 192 92. Од МВР велат дека на закажување термини работат 30 оператори.

МВР: Гласањето се одвива без сериозни нарушувања на јавниот ред и мир

Министерството за внатрешни работи извести дека нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, на денешното гласање од вториот круг од локалните избори. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес-конференција рече дека се регистрирани три случаи на фотографирање гласачко ливче и апелираше гласачките ливчиња да не се фотографираат бидејќи се крши законот и следуваат санкции. Тој посочи на едно нарушување на јавниот...

„Мост“: Забележано e групно гласање и фотографирање гласачки ливчиња

Семејно и групно гласање, проблеми предизвикани од неовластени лица, фотографирање гласачки ливчиња биле забележани на неколку избирачки места до 13 часот, од страна на набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“. „На гласачко место 1471, село Дебреште, општина Долнени, забележани се девет случаи на семејно гласање, при што се злоупотребени 27 гласа. Дополнително, на ова место се забележани два случаи во кои лицата...

Агитација и неовластена евиденција на гласачи, забележале од „Мост“

Агитирање на гласачи, обид за фотографирање на гласачки ливчиња, неовласетни лица кои ги евидентираат гласачите, забележале набљудувачите на граѓанската асоцијација „Мост“ на гласачките места. - На гласачко место 1.778, општина Ново Село, едно лице агитирало пред гласачкото место. Дошла полиција за да го приведе, но лицето побегнало. Пред ОУ „Димитар Влахов“ во Штип присутни се неовластени лица кои ги евидентираат...

„Мост“: Навреме се отворени гласачките места, забележано е фотографирање ливчиња

Граѓанската асоцијација „Мост“ информира дека навреме се отворени сите гласачки места на кои имаат распоредено свои набљудувачи, освен две места во Куманово и во Велес. - Гласачкото место 1.036 во општина Куманово е отворено со 15-минутно задоцнување. Гласачкото место 2.210 во општина Велес е отворено со 30-минутно задоцнување поради тоа што немало електрична енергија - се додава во соопштението на...

Малолетник го удрила струја додека се фотографирал на вагон

Четинаесетгодишно момче вчера, околу пладне, настрадало од струен удар додека се обидувало да се фотографира качено на платото од вагон-цистерна на железничката станица во Велес, соопшти полицијата. Детето веднаш било префрлено во медицинскиот центар во Велес, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и изгореници, поради што било пренесено во Ургентниот центар во Скопје. „Во 12.05 часот, на железничката станица во...

Турски државјани со бисквити мамеле малолетници во Битола за да ги фотографираат

Тројца турски државјани со бисквити примамувале малолетници во Битола за да ги фотографираат со мобилни телефони. Случај со ваква приказна вчера бил пријавен во СВР Битола откако татко на едно од малолетните деца успеал да ги претекне турските државјани и да побара помош од полицијата. Оваа вест денеска бргу се прошири меѓу битолчани и предизвика голема вознемиреност, особено кај...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...