fbpx
Таг: форум

таг: форум

Започна форумот за родово одговорно буџетирање

Денес почна дводневниот форум за родово одговорно буџетирање под наслов „Going Glocal: Родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Молдавија". Форумот беше отворен од Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Марија Ристеска, регионалната директорка на Мрежата за родово одговорно буџетирање и Лидија Арсова, преставничка на Централно европската иницијатива. Хусејин посочи дека се преземаат активности за вклучување на родовата...

Петровска: Транспарентноста и вистината се најдобар одговор на дезинформациите

Најдобриот одговор за справување со дезинформациите се транспарентноста и вистината, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска која денеска учествуваше на панел-дискусија посветена на штетното влијание на дезинформациите и начините за справување со лажните наративи. Настанот го организираше НВО Нексус – граѓански концепт, под покровителство на НАТО Девизијата за јавна дипломатија. „Дезинформациските текови во Западен Балкан укажуваат на поврзаноста меѓу странските...

За поквалитетно образование требаат повеќе финансии и реорганизација на мрежата на училишта

Со зголемување на ресурсите и реорганизација на мрежата на основни училишта може да се подобри квалитетот на образованието. Ова беше главниот заклучок на денешниот меѓународен форум, на кој учествуваа креатори на политики, експерти и практичари кои дискутираа за извлечените поуки и клучните фактори на успех од реорганизацијата на училишната мрежа во европските земји, информираат од УНИЦЕФ. Денешниот форум го организираа...

Лимински: Германија е на ваша страна, сметајте на нашата поддршка

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Северна Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, кажа министерот за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, во своето браќање пред младите на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со...

Маричиќ: Реформите не се обврска само кон ЕУ, тие се наша должност и обврска кон граѓаните

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во обраќањето на втората панел-дискусија, посветена на „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и „Ресурси, земјоделство и кохезија“, рече дека напредокот во спроведувањето на реформите не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство во ЕУ, туку дека тоа е должност и обврска кон граѓаните. „Целта ни е јасна, реформите...

Со старо видео се дезинформира дека Зеленски не е веќе во Киев

Наспроти изнесеното во постот дека фотографијата е снимена на 12 октомври 2022 година, таа е снимена на 16 јуни годинава и објавена на Бизнис Вајр. Компанијата на 16 јуни годинава објави дека претседателот на Украина, Зеленски, им се обратил на глобалните технолошки иноватори во 3Д видео, продуцирано со помош на волуметричка технологија на фирмата Еверкоаст. Во постот оваа фотографија...

Пендаровски-Лофвен: Шведска со поддршката за евроинтеграциите, во контекст на очекуваниот почеток на преговорите

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме оствари средба со премиерот Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум „Remember-React“, („Запомни – Реагирај“), информираат од Кабинетот на претседателот. „Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи...

Над 60 отсто од жените во руралните средини се невработени, потребни се мерки за нивно учество на пазарот

Околу 62 отсто од руралните жени не работат, односно не се активни на пазарот на трудот поради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми, што е поразителен податок. Тие се соочуваат со социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, лишување од сопственост...

Николовски на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург: Се проширува трговската соработка со Русија

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, овие три дена ја предводи владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Николовски и рускиот заменик-министер за земјоделство Сергеј Левин, ја потврдија досегашната соработката помеѓу двете држави, и ја потенцираа потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор...

Димитров: Невозможно е да се одржува европската перспектива ако ЕУ не си ги исполнува ветувањата

Во рамките на дводневната работна посета на Атина, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на економскиот форум Делфи имаше обраќање претпладнево, на панел заедно со Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји. Во рамки на дебатата посветена на ЕУ и Западниот Балкан „Остварување на долгоочекуваното ветување“, беа отворени прашања за изгледите за спроведување на минатогодишната одлука на ЕУ, со...

Заев на форумот „Делфи“ во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ

Премиерот Зоран Заев на Економскиот форум „Делфи“ кој се одржува во Атина, дискутираше за придобивките од Договорот од Преспа, соработката со соседна Грција на политички и економски план со фокус на енергетиката, придобивките од влезот во НАТО како и за европската иднина на Северна Македонија. На сесијата присуствуваа и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров како и министерот за животна...

Варвициотис: Не поддржуваме било какво раздвојување на Северна Македонија и Албанија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров го започна своето учество на 6. Економски форум Делфи со панел на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“. На сесијата на која покрај Димитров учествуваа и кипарскиот министер за надворешни работи Никос Христодулидес и грчкиот заменик министер за надворешни работи за ЕУ, Милтиадис Варвициотис, се дискутираше за главните предизвици на „малите...

Заев-Блер: Потенцијали за соработки со ИТ компанијата „Оракл“ за менаџирање на податоци поврзани со ковид-19

Премиерот Зоран Заев на маргините на Економскиот форум „Делфи“ во Атина, оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер. На средбата било истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донел решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа. „Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од...

Македонски енергетски форум: Енергетската иднина е во транзицијата кон чистите извори на енергија

Развојот и инвестициите во енергетскиот сектор остануваат приоритет на Владата на РСМ која во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и кон патот на енергетската транзиција. А, еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем и производство на поголеми количини на електрична енергија од...

Регионален бизнис-форум за жени претприемачи од Западен Балкан се одржува во Скопје

Регионалниот бизнис-форум за жени претприемачи се одржува денеска и утре во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Скопје. Настанот е организиран од Програмата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за жени претприемачи од Западен Балкан, со цел да се разменат искуства помеѓу претставници од финансиските институции и жените претприемачи од регионот. „Програмата започна во октомври 2014 година, и има...

Форум за бизнисмените за поглавјето 20 од преговорите со ЕУ

ПСМ Фондација в четврток и петок во скопскиот хотел „Арка“ го организира првиот Интернационален Форум за поглавјето 20. Настанот на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, има за цел да овозможи вмрежување и размена на добри практики во полето. Форумот ќе претставува одлична можност за иницирање на регионална соработка за...

Форум за бизнисмените за поглавјето 20 од преговорите со ЕУ

ПСМ Фондација следната седмица, односно на 18 и 19 април во скопскиот хотел „Арка“ го организира првиот Интернационален Форум за поглавјето 20. Настанот на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, има за цел да овозможи вмрежување и размена на добри практики во полето. Форумот ќе претставува одлична можност за иницирање...

Азески: Балканот да покаже дека може подобро, договорот ЦЕФТА е најголемо промашување

Не смее да се дозволи политичките спорови да влијаат врз бизнисот во Западен Балкан е пораката пренесена од претставниците на Коморскиот инвестициски форум, на Копаоник бизнис-форум 2019 што се одржува од 3 до 6 март. На панел-дискусијата на тема „Западен Балкан-Регионална економска област“ беше истакнато дека регионалната економска соработка е неопходна за да можат компаниите од Западен Балкан да бидат поконкурентни на...

Димитров на форум во Грција со Ципрас и Дачиќ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе биде еден од учесниците на „Делфи економскиот форум“ во Грција, што започнува денеска, а ќе трае до 3 март. Димитров утревечер ќе има обраќање на пленарната сесија, а ќе говорат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, шефот на кипарската дипломатија, Никос Христодулидис, вицепремиерката на Романија, Ана Бирчал и вицепремиерот и министер за надворешни работи...

Гувернерката на НБРМ учествува на финансискиот форум на „Еурофи“ во Виена

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација „Еурофи“ во Виена. „Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите кои што произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, и прашања поврзани со...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...