fbpx
Таг: ФООМ

таг: ФООМ

Тимот на „Отворени образовни ресурси“ го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во Василево

Тимот од Фондацијата „Метаморфозис“ што го спроведува проектот „Отворени образовни ресурси“  го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР и наставниците беа запознаени со користа од ваквите ресурси преку вистински примери каде редовно тие се употребуваат. По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следува работилница од интерактивен карактер на...

Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ следната недела во Скопје

Во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, на 27 и 28 ноември во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи 15. Меѓународна конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“. Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западниот Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите...

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. -...

Само секој четврти смета дека постои вистинска универзитетска автономија

Според новото истражување спроведено од Независниот академски синдикат (НАС), едвај секој четврти припадник на академската ззаедница верува дека во земјава е целосно остварена универзитетска автономија. Односно, како што велат истражувачите, тоа е последица на перцепцијата дека постои влијание врз раководствата на високообразовните установи од страна на властите. Истражувањето, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество - Македонија, иако спроведено...

Прв состанок на работната група за подготовка на Стратегијата за транспарентност

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија и министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност во Владата, Роберт Поповски, потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе се обезбеди поддршка за креирање и имплементација на Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија. Денеска се одржа првиот состанок на работната група за подготовка на...

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство. Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, бидејќи за Министерството за правда...

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ - Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари - 7 март...

ФООМ: Новиот предлог закон за слободен пристап до информации ќе ја зголеми отчетноста

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) го поздравува процесот на финализирање на Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кој се внесени измените за кои се залагаше Фондацијата во процесот на подготовка на Предлог-законот. „Од особена важност е проширувањето на листата на иматели која се утврдува во новиот Предлог-закон. Поточно, во новиот Предлог-закон, вклучени се политичките партии...

ФООМ ги додели наградите од конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници“

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) денеска ги врачи наградите на најдобрите средношколци и наставници наградени во конкурсите „Моето образование“ и „Успешни наставници за добри наставни пракси“. На церемонијата зборуваа Фани Каранфилова - Пановска, извршна директорка на ФООМ, како и Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука. -Oбразованието е една од клучните области кои Фондацијата ги поддржува. Во своето 26-годишно...

Хелсиншкиот комитет дал бесплатна правна помош на повеќе од 5.300 текстилци

Македонскиот Хелсиншки комитет (МХК) им понудил бесшлатна правна помош на 5.379 работници во 82 конфекции во текстилната индустрија во периодот од февруари до декември годинава, во рамки на проект за правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија иницирал 37 управни постапки за прекршување на работничките права на текстилните работнички иработници, стои во...

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни или делата да застарат...

Џорџ Сорос е личност на годината според „Фајненшел тајмс“

Американскиот филантроп и милијардер Џорџ Сорос денеска од британскиот економски дневен весник „Фајненшел тајмс“ беше прогласен за личност на 2018 година. „За личност на годината „Фајненшел тајмс“ обично решава врз основа на достигнувањата. Во случајот на Сорос оваа година, одлучено е врз основа на вредноста што тој ја претставува“, се вели во образложението. Џорџ Сорос (88), унгарски Евреин кој во САД...

Граѓанските организации поставија рок од 10 дена за одговорност за бегството на Груевски

Вкупно 14 граѓански организации, меѓу кои и Фондација Отворено општество - Македонија, Фондацијата „Метаморфозис“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, денеска упатија втора реакција до власта, поставувајќи рок од 10 дена да се лоцира одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Во спротивно, порача граѓанскиот сектор, ќе се бара политичка одговорност од највисоките функционери. „Најостро ја...

Објавен финалниот извештај за медиумските реформи

Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој се однесува на исполнетоста на Итните реформски приоритети (ИРП) за слободата на изразувањето го објави финалниот извештај кој сумарно ги презентира генералните резултати од набљудувањето, во периодот од 1 јули 2017 до 30 септември 2018 година. Во извештајот, во однос на исполнувањето на реформите, предмет на следење беа четирите...

Осуда за пропустите на МВР и Кривичен суд за бегството на Груевски стаса од 14 организации

Вкупно 14 истакнати граѓански организации денеска упатија остра осуда за, како што велат, пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и Министерството за внатрешни работи (МВР), кои резултираа со бегството на Никола Груевски од Македонија. Организациите, меѓу кои се...

Граѓанска кампања „Зачекори напред! Изборот е твој“

Граѓанската иницијатива „Зачекори напред“ денеска со првото издание на весникот „ЕУрека“, кој бесплатно ќе се дели на фрекфентни места низ целата држава, ја започна информативната кампања со која во следните недели ќе се обиде на граѓаните да им понуди информации поврзани со придобивките и предизвиците од зачленувањето во Европската Унија и НАТО. Под слоганот „Зачекори напред! Изборот е твој“, граѓанските...

Трет периодичен извештај за медиумските реформи утре во Клубот на новинари

Утре во 11 часот во Клубот на новинарите ќе биде презентиран третиот периодичен извештај во рамките на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“ кој го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, Центарот за промовирање на граѓански вредности „Агора“ и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА), со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Овој периодичен извештај ги презентира...

Македонија има шанса за отворено општество, но само ако реформите продолжат

Македонија има шанса за отворено општество, но мора да се продолжат реформите во владеењето на правото, слободата на изразување, транспарентноста, отчетноста, економскиот развој и борбата против говорот на омраза и ксенофобијата, се дел од заклучоците на денешната конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“ организирана од Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ). На конференцијата, организирана по повод 25-годишнината на Фондацијата...

Дескоска: Работиме за да изградиме достоинствена професија наставник

Неопходни се дополнителни образовни реформи со кои би се подобриле професионалните компетенции на наставниците, но тие нема да дадат соодветен ефект доколку државата не ги вклучи и наставниците во процесот на планирање и подготвување на тие реформи. Ова е дел од заклучоците кои беа истакнати на конференцијата „Образовни реформи: предизвици и перспективи во образованието на наставниците“ што вчера  ја организираше...

„Слободата и интернетот во Македонија“: Приватноста, лажните вести и говорот на омраза се новите предизвици

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25. На конференцијата се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, за предизвиците со кои се соочува онлајн медиумската заедница и...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...