fbpx
Таг: фонтана

таг: фонтана

Со стара фотографија медиуми дезинформираа дека камион пропаднал на плоштадот Македонија

Старата фотографија – од ноември 2022 година, од пропаднат камион на градскиот плоштад во Скопје  најнапред беше објавена на Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ и оттаму без проверка беше преземена од повеќе медиуми, по што се рашири на социјалните мрежи. Град Скопје ја демантираше лажната вест: „Овој настан не се случил. Ниту камион возел преку плоштадот „Македонија“, ниту...

Уште еден камион падна жртва на фамозната фонтана на плоштадот „Македонија“

Уште еден камион пропадна во гранитните плочи што се дел од партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Иако овој простор не е предвиден за сообраќај, сепак утрово по плочникот се движел камион кој минувајќи низ просторот каде што се наоѓа фонтаната, пропаднал и се заглавил со тркалата во плочите. Во август годинава, исто така пропадна камион на ова место...

Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба...

Рим воведува рестрикции на вода, дел од фонтаните нема да работат

Градските власти во Рим воведуваат рестрикции на вода поради незапаметена суша, бидејќи ова лето паднало за 70 проценти помалку дожд од просекот. Рестрикција на вода ќе има во вечерните часови до крајот на септември. Властите најавуваат дека од овие рестрикции особено ќе бидат погодени горните катови на зградите, поради слаб притисок. Ситуацијата со водата во Рим е тешка, а во последните три месеци биле...

Град Скопје: Фонтаната е квалитетна, но не е за тешки товарни возила

Градот Скопје денеска преку соопштение реагира на информациите што се појавија во медиумите поради пропаѓањето камион во површинската фонтана на плоштадот Македонија, како и на обвинувањата дека станува збор за неквалитетна градба на оваа фонтана. „Сакаме да нагласиме дека површинската фонтана на плоштадот Македонија е градена според сите стандарди за изведба на ваков тип фонтани. Станува збор за површинска, таканаречена сува...

Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во 13 часот ќе одржи перформанс во Градскиот парк

Граѓанската акција „Ние одлучуваме“ денеска во 13 часот ќе одржи перформанс со кој на граѓаните ќе им покаже колку е важно на претстојните избори на 11 декември да излезат на гласање. Перформансот ќе се одржи кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје. Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ вчера одржа перформанси во Куманово, Струмица и Гевгелија.

Ден по протестот: Воинот поцрвени, Самоил ослепи, графитите се намножија

Крваво црвена стана водата во фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадoт Македонија откако утринава таму била истурена темноцрвена боја. Вчера, пак, демонстрантите во водата истурија прашок за перење, по што во фонтаната се направи големо количество сапуница. Активистите велат дека со таа герила-акција сакале да предупредат дека ниту аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов нема да го испере криминалот што го направила...

Масовен протест низ скопските улици, инспириран од криминалот за „Скопје 2014“

Денешниот масовен протест, според демонстрантите, но и според пораките и маршрутата на движење на, е посветен на „криминалот од проектот ’Скопје 2014’“. Насобраните граѓани пред Собранието ги повторија своите барања и потсетија зошто протестираат, додавајќи дека нема да престанат сè додека не се исполнат нивните барања. Покрај добро познатите барања за оставка на претседателот Иванов, повлекување на одлуката за аболиција на...

На СДСМ не му се допаѓа новата фонтана во Охрид

Општинската организација на СДСМ, со соопштение, критички се произнесе за најновиот зафат на локалната власт во Охрид - новата фонтана. - До каде оди неодговорноста на власта на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ покажува токму новата, штотуку пуштена во употреба, фонтана. Само на еден метар од фонтаната, а истовремено на еден метар и од градинка и од училиште, како во џунгла...

Правоаголната фонтана на плоштадот, пуштена во употреба

Правоаголната фонтаната на плоштадот Македонија денеска беше пуштена во употреба. Фонтаната е со димензии 20 на 10 метри и со вкопано армирано бетонско корито. Површината врз коритото е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри. На плочите од фонтаната се поставени ЛЕД-светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната  ја сочинуваат 128 млазници со...

СДСМ: Трајановски да изгради водовод наместо плоштад на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо уредување на околината на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, еден милион и 377 илјади евра да се пренаменат за изградба на водовод во општината Шуто Оризари и да се воведе секојдневен бесплатен јавен превоз за студентите, предлагаат советниците на СДСМ од Град Скопје. - Недозволиво е некои од граѓаните на Скопје да немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење,...

Фонтана и релјефен столб ќе се градат на плоштадот ВМРО

На плоштадот ВМРО, пред седиштетото на владејачката партија, ќе се издигне столб со релјефи на кои ќе бидат прикажани ликови и настани што се значајни за Внатрешната македонска револуционерна организација. Столбот ќе се наоѓа на средина од планираната фонтана, а на врвот ќе биде поставена фигура. Одлуката за изградбата на фонтаната ќе се најде пред советниците на Градот на наредната...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...