fbpx
Таг: фондација Метаморфозис

таг: фондација Метаморфозис

Пријавeте се на обуката за „прибанкинг“ – добивате можност за платено практикантство и студиска посета на САД

Сите млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти ги повикуваме да аплицираат на обуката поврзана со „прибанкинг“ (prebunking) односно разни превентивни стратегии за спречување на ширење на дезинформации. Ова е последната од трите обуки во рамки на програмата „Новинарство за новата генерација“. Најдобрите шестмина учесници од трите работилници ќе имаат можност за едномесечно платено практикантство во еден...

Фондација Метаморфозис: Издигнувањето на фактите е заедничка задача на јавноста од сите сегменти на општеството

Издигнувањето на важноста на фактите не е должност само на професионалците, туку претставува заедничка задача која вклучува учество на јавноста од сите сегменти на општеството. Со засилувањето на проверката на факти и промовирањето на кредибилни извори во новинарското известување, ние можеме да поттикнеме здрав информативен екосистем во кој фактите би доминирале. Ваква порака упати Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис...

Дезинформациите ги поткопуваат темелите на демократијата – проверката на факти е клучна

Неопходно е да станеме посвесни за дезинформациите во нашите физички и дигитални светови. Дезинформациите ја рушат довербата во институциите и затоа е потребна перманентна борба против различните актери кои ги шират, а овде најважна улога имаат токму проверувачите на факти. Ова беа заклучоците од отворањето на денешната конференција насловена како „Бранејќи ја демократијата на Балканот: Заштита на интегритетот на информациите...

Лекот против корупцијата е транспарентноста – истражување на Фондацијата Метаморфозис

Корупцијата останува широко распространета и загрижувачки проблем во С. Македонија, а „лекот“ против оваа деструктивна појава е транспарентноста. Традиционалниот пристап на создавање на што е можно повеќе закони има ограничена ефикасност, а стратешкиот и одржлив одговор на корупцијата треба да биде јавниот интегритет. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна...

Органите во состав на министерствата го рушат просекот на (не)транспарентност

Органите во состав се помалку транспарентни од самата Влада и министерствата, а тоа влијае за намалување на процентот на севкупното ниво на транспарентност во РСМ. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“, кое ја анализира отвореноста на институциите во земјата и регионот,...

Меѓународниот центар за новинари во поддршка за Фондацијата Метаморфозис

Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) изрази поддршка за Фондацијата Метаморфозис по јавните напади против сегашните и поранешни вработени во фондацијата вклучувајќи ги новинарите во порталот Вистиномер. Во своето соопштение, ICFJ ја забележуваат дезинформациската кампања против Метаморфозис, која вклучува лажно претставување на проверката на факти како цензура и обвинувања за нелегални активности од страна на фондацијата. Дополнително, од таму потенцираат дека...

„Метаморфозис“ на конференцијата „Сајбер зиро“ во Приштина

Јакнењето на регионалната кибер безбедност е цел кон која Фондацијата „Метаморфозис“ ги фокусира своите капацитети веќе подолго време. Ова го истакна извршниот директор на фондацијата, Бардил Јашари, кој присуствуваше на на конференцијата „Сајбер зиро“ (Cyber Zero), што се одржа во Приштина од 4 до 5 март. Настанот кој беше организиран од албанската асоцијација за кибер безбедност, со поддршка од Амбасадата...

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Амбасадорот на Европската Унија во С.Македонија Дејвид Гир, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаи и заменикот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Марио Де Роза денеска ја посетија Фондацијата Метаморфозис, по последните напади и закани врз новинарите од „Вистиномер“, како и останатите вработени и надворешни соработници во Метаморфозис. Фондацијата...

Уште четири дена за пријава за обука, платено практикантство и можност за патување во САД

На младите им остануваат уште четири дена за пријава за обуката за проверка на факти и други алатки за борба против дезинформации која ќе се одржи од 13 до 15 март во близина на Велес. Оваа е втората од серија од три обуки кои ги организира Фондацијата Метаморфозис заедно со Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) од САД. Најдобрите учесници од...

ЗНМ: Пријава против Миленко Неделковски за говор на омраза кон новинарите на Метаморфозис

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. „Тој освен недолични коментари и навреди,...

ССНМ очекува институционална акција за нападите врз Mетаморфозис

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагира на објавите на социјалните мрежи од последниот период во кои низ дезинформациска кампања со масовно споделување на клевети, навреди и говор на омраза, оркестрирано се напаѓа Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис. Во објавите се таргетираат сегашните и поранешните вработени кои преку нападите се изложени на сериозен ризик и закани по...

Анализа на Метаморфозис: Потребна е национална стратегија за општински услуги и дигитализација

Новата анализа спроведенa од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, со фокус на е-услугите што ги нудат општините во Р. С. Македонија, покажа дека е потребно да се креира национална стратегија за општински услуги и дигитализација, за да може сите, без оглед дали единицата е од град или село, да имаат ист дигитален напредок. Дури и со значајно унапредување за...

Дипфејк или реалност – „Сајбер Шејк“ дискусија за млади на 21 февруари во „Котур“

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични? Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот - дискусија за млади „Дипфејк или...

Барања за информации од јавен карактер: Отсуствува внатрешна процедура за одговор кај институциите

Некои институции одговараат навреме, но други го чекаат последниот рок или ги игнорираат барањата за пристап до информации од јавен карактер, и покрај тоа што постојат казни согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. За да се избегне ваквата рашомонијада, неопходно е секоја институција да воведе внатрешни процедури за постапување по барањата за слободен пристап до информации...

Дезинформациите со злоупотреба на вештачката интелигенција можат да бидат штетни за изборите

Последната сесија од денеска одржаната меѓународна конференција „е-Општество.мк“, што Фондацијата Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат, беше посветена на проблемот на дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција за штетно влијание врз демократијата, односно, поконкретно врз изборите и размислувањето на гласачите. На темата „Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес“ говореа: Јан Цингел, основач и претседател на „Strategic analysis”...

Е-Општество.мк: Вештачката интелигенција е неизбежна, но ако не се почитуваат законите може да биде опасна

Во светот има повеќе уреди поврзани на Интернет отколку луѓе. Статистиката покажува дека благодарение на технолошкиот развој, над 65% од децата кога ќе пораснат ќе работат на работни места кои денес не постојат и ова ја докажува потребата децата да се подготват во областа на технологијата. Вештачката интелигенција е неизбежна, корисна, но доколку не се почитуваат законите и прописите,...

Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција

Фондацијата Метаморфозис го почнува процесот за формирање Коалиција за одговорна вештачка интелигенција (ВИ), која треба да собере чинители од повеќе сектори, соопшти Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата, затворајќи го годинашното издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, што Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат. Како што појасни Јашари во завршницата на конференцијата што се одржа во Скопје, коалицијата треба да опфати...

Конференција „Е-Општество.мк“: Вештачката интелигенција создава можности за иновација, но покренува и загриженост за заштитата на човековите права

Вештачката интелигенција (ВИ) создава можности за иновации во различни области, меѓутоа овој брз напредок на технологијата покренува загриженост за тоа како да се заштитат основните човекови права. Постигнувањето на рамнотежата меѓу иновацијата и одговорноста е суштинско за да се обезбеди дигитален пејсаж што го опфаќа адресирањето на прашања како што е приватноста, предрасудите, дискриминацијата и етичкото користење на ВИ...

Камил Сливовски: Вештачката интелигенција нè прави попродуктивни, но потребни се регулации и свесно користење

Возбудувачки е на колку сè нови начини ќе се користи и веќе се користи вештачката интелигенција (ВИ) во нашите животи, но мора да сме претпазливи со новоотворената „Пандорина кутија“. Ова беше заклучокот на Камил Сливовски, дизајнер на активности и содржини за учење од полската организација ИНКО (Полска), за време на 19-тото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк што се одржува...

„Сајбер шејк“: студентите можат да ја користат вештачката интелигенција како алатка, но пред сè треба да учат

Студентите можат да ја користат вештачката интелигенција (ВИ) како дополнителна алатка за време на нивните студии, но тие не треба целосно да се потпираат на таквите програми, бидејќи тие мора да го научат тоа што вештачката интелигенција им го нуди како готов материјал. Ова, меѓу другото, го кажаа учесниците на дебатата за млади „Сајбер шејк“ на тема „Зошто да...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...