fbpx
Таг: Фонд за здравство

таг: Фонд за здравство

По падот на системот на ФЗО, во земјава доаѓа претставник на НАТО за сајбер и хибридни напади

Премиерот Димитар Ковачевски, по хакерскиот напад на системот на Фондот во здравство кој не беше изолиран случај, најави дека во државата треба да дојде помошник-генералниот секретар на НАТО за сајбер напади и хибридни напади. „Го договараме терминот на кој ќе разговараме за детали за соработката со централата на НАТО во Брисел, меѓутоа и со поединечните земји членки кои се понапредни...

Директорката на Фондот за здравство не открива детали како се случил хакерскиот напад

„Сето тоа е предмет на истрага“, беше одговорот на директорката Магдалена Филиповска Грашкоска на прашањата дали имаат сознанија кој го извршил хакерскиот напад, дали им бил побаран откуп, дали ФЗО исплатило пари некому со цел системот да профункционира, дали нападот бил извршен од земјава или пак од некоја друга држава итн.

ФЗО: Системот е во функција, почнува исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите

По хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство, од институцијата известуваат дека речиси сите модули на Фондот се ставени во функција. Експертите по информатичка технологија ги финализирале процесите и со тоа почнала исплатата на боледувањата, породилните отсуства и рефундациите од различен вид. „Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и...

Спировски: Јавноста не знае како е дојдено до заклучок дека податоците од ФЗО не се украдени

Хакерскиот напад врз системот на Фондот за здравство, кој беше само еден од низата во последниов период, покрена многу прашања во јавноста за тоа кој стои зад овие напади, колку се безбедни системите на државните и јавните институции и како всушност функционираат малициозните (злонамерни) софтвери кои предизвикуваат огромни штети за општеството и за граѓаните. За сите овие, но и за...

ФЗО: Со хакерскиот напад на системот не се украдени податоците на граѓаните

Фондот за здравствено сигурување (ФЗО) демантира дека со хакерскиот напад врз системот се украдени податоците на граѓаните. „Остро ги демантираме наводите дека податоците на граѓаните се украдени. Фондот за здравство ја уверува јавноста дека здравствените и лични податоци на граѓаните се целосно безбедни и дека граѓаните треба да бидат спокојни. Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот...

Ковачевски: Хакерскиот напад врз системот на ФЗО е дел од хибридната војна во Европа

Хакерскиот напад извршен врз системот на Фондот за здравствено осигурување е всушност напад со т.н ransomware (вид малициозен софтвер), а ова, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. Ковачевски изјави дека станува збор за хакерски напад каков што...

Хронично болните од утре можат да земаат лекови директно во аптека, преку електронски рецепт

Фондот за здравствено осигурување информира дека од утре, 1 мај, воведува пропишување и издавање на лекови без хартија, преку електронски рецепт, еРецепт. за хронична терапија за хронично болни лица. „Тоа значи дека нема потреба хроничните болни да одат кај матичен лекар за да им биде препишан и издаден хартиен рецепт. Наместо да губат време за одење, чекање во ординации и...

Убијците на Тамара не се „непознати сторители“, порачаа граѓаните

„Убијци“, „Правда за Тамара“, „Оставка“ скандираа граѓаните што денеска пред зградата на Јавното обвинителство излегоа да искажат револт зашто и по една година Обвинителството сè уште не ги нашло виновниците за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Присутните побараа за смртта на девојчето да одговара и министерот за здравство, Никола Тодоров. - Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...