fbpx
Таг: физичкинапад

таг: физичкинапад

Адвокат со тупаници нападнал колега во охридскиот суд

Вчера, околу 15 часот, во Основниот суд во Охрид, пред крајот на судска расправа, адвокат нападнал свој колега, удирајќи го со тупаници во главата, соопшти полицијата. Судската полиција, според информациите, веднаш интервенирала и спречила поголем инцидент, а нападнатиот адвокат, поради повреди, побарал лекарска помош. Од полицијата додаваат дека Секторот за внатрешни работи Охрид „презема дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот“.

Малолетници нападнати во центарот на Скопје

Двајца малолетници, на возраст од 17 години, вчераноќ биле физички нападнати од неколку засега непознати лица на улицата Црвена скопска општина, во центарот на Скопје, близу Камениот мост. Според полициските информации, групата насилници, на 12 август, десетина минути по полноќ, физички ги нападнале В.К. (17) и М.А. (17), удирајќи ги по главата и по телото. Од полицијата велат дека преземаат мерки...

Нападнат полицаец во обид да спречи тепачка

Полициски службеник ноќеска бил нападнат додека со свој колега се обидувал да спречи тепачка меѓу две групи во Штип, соопшти полицијата. Инцидентот се случил околу 1.30 часот на улицата Кирил и Методиј, каде двајцата полицајци забележале како поголема група сака физички да се пресмета. Во обид да ја спречат тепачката, едниот од полицајците бил физички нападнат од М.Д. (56), неговиот син...

Полицијата трага по тројца насилници од кумановско Лопате

Двајца браќа и уште едно непознато лице, вчера вечерта во кумановското село Лопате нападнале и претепале три лица, кои по инцидентот биле пренесени во Медицинскиот центар во Куманово, за укажување лекарска помош. Инцидентот се случил околу 19.45 часот, а му претходела расправија меѓу браќата и нападнатите. Според полициските информации, браќата Ф.А. (33) и Ф.А. (30) и непознатото лице со автомобил,...

СЕММ го осуди нападот врз Саше Политико: Очекуваме Пешевски да си поднесе оставка

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска преку писмено соопштение го осуди физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на порталот „Мактел“, Саше Ивановски. Од Советот велат дека очекуваат вицепремиерот Пешевски да си поднесе оставка „како чин на преземање одговорност и одлика на демократичност“. „Како тело кое е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во...

Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и од крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот инцидент со сопственикот на порталот „Мактел“. „Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое...

Твитер-реакции за нападот на Пешевски врз Ивановски: А да беше обратно?

Откако вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна новинарот Саше Ивановски-Политико со тупаници и со клоци, на социјалните мрежи се појавија коментари кои ја осудуваат реакцијата на Пешевски и бараат тој да даде оставка поради напад врз новинар. Вас ви смета што Саше е удрен? Тоа е ок? Да беше рецимо Геро или Боко удрен тогаш е друго? Вице премиер удри...

СДСМ: Пешевски мора да си поднесе оставка поради нападот на Саше Политико

Најостро реагираме и го осудуваме скандалот во кој вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, за време на извршување на негова работна задача, реагираат од СДСМ во врска со денешниот инцидент. „Овој насилнички и нецивилизиран однос на заменик-премиерот Владимир Пешевски е уште еден доказ какви нелуѓе седат во Владата на Никола Груевски. Денешниот инцидент со...

Вицепремиерот Пешевски со клоци и со тупаници го нападна Саше Политико

Вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна новинарот Саше Ивановски-Политико додека тој му го поставуваше прашањето „Дали се плашите од новиот специјален обвинител заради тоа што МВР е сега во опозијата, дека ќе бидете уапсени, бидејќи се слуша на снимките дека сте го...“. По ова следува физичката реакција на Пешевски. На двете видеоснимки се гледа како Пешевски со тупаница го удира Ивановски по...

Ја претепал сопругата на која ѝ бил дилер и макро

Триесет и тригодишен битолчанец е осомничен дека пред еден месец ја претепал својата сопруга, на која, според полицијата, ѝ наоѓал клиенти на кои таа им нудела сексуални услуги. Секторот за внатрешни работи Битола, против К.И. (33) поднел пријава со која тој се товари за тешка телесна повреда, посредување во вршење проституција и овозможување употреба на наркотични дроги. Според полицијата, осомничениот од јануари...

Нападнат судија за време на кошаркарски натпревар во Кавадарци

Вчерашниот натпревар меѓу младинските екипи на кошаркарските клубови „Фени индустри“ и „Шкупи“, во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, бил прекинат од делегатот на мечот, откако играчите и помошниот тренер на гостинскиот тим физички нападнале еден од судиите. Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил во текот на првото продолжение, по регуларниот тек од натпреварот, кога по досудена техничка грешка...

Навивачи на ФК „Шкупи 1927“ нападнале играчи на ФК „Вардар АД Младинци“

Навивачи на фудбалскиот клуб „Шкупи 1927“ вчера физички нападнале играчи на екипата на ФК „Вардар АД Младинци“, по завршувањето на натпреварот меѓу двете екипи на стадионот „Чаир“, информира полицијата. Според полицијата, по завршувањето на мечот околу 18 часот, во моментот кога играчите излегувале од теренот, неколкумина навивачи на ФК „Шкупи 1927“ ја прескокнале железната ограда, влегле на стадионот и нападнале...

74-годишен чегранец со тупаници делел правда пред гостиварскиот суд

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против А.З. (74) од селото Чегране, кој се товари дека натепал жител на Здуње пред Основниот суд во Гостивар, соопшти полицијата. Инцидентот, како што информираат оттаму, се случил кон средината на февруари годинава, на улицата Живко Брајковски, пред Основниот суд во Гостивар, кога осомничениот поради судски спор, физички го нападнал жителот на Здуње и му...

Штипјанец претепал двојно повозрасен сограѓанин

Штипјанец вчеравечер бил приведен од локалната полиција откако нападнал и му нанел тешка телесна повреда на сограѓанин, информираат од полицијата. Инцидентот се случил околу 19 часот, во станбена зграда на улицата Пиринска во Штип, по претходна расправија меѓу Т.В. (68) и Б.К. (33). Во еден момент Б.К. физички го нападнал Т.В., удирајќи го со тупаница во главата. На 68-годишникот му била...

Четворица млади нападнати и избодени во трговскиот центар „Мавровка“

Четири лица од Арачиново и од Скопје, на возраст од 18 до 23 години, вчеравечер во трговскиот центар „Мавровка“ биле нападнати од три непознати лица, кои со остар предмет им нанеле убодни рани, соопштуваат од полицијата. Повредените биле пренесени во градската хируршка клиника „Свети Наум Охридски“, каде кај едно од лицата, Б.М. (23), лекарите констатирале тешка телесна повреда, додека останатите...

Скопјанец нападнал полицаец на улица во Маџари

Четириесет и едногодишен скопјанец ноќеска физички нападнал полициски службеник на улицата Благоја Стефковски, во населбата Маџари. Како што информираат од МВР, ноќеска околу 1.45 часот по полноќ, при обид да биде легитимиран од  полициски службеници, И.А. (41) физички нападнал еден од полицајците и му нанел видливи повреди на лицето. Скопјанецот бил приведен и по документирањето на случајот, против него ќе биде...

Пијан штипјанец ја нападнал сопругата

Штипјанка утрово, во локалната полициска станица, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информираат од МВР. Таа пријавила дека ноќеска, триесетина минути по полноќ, нејзиниот сопруг С.П. (31), без повод и причина, почнал да ја удира по телото и по главата. Жената исплашена побегнала од својот дом, а по пријавата на случајот, била прегледана од лекар кој констатирал телесни...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...