fbpx
Таг: фискални сметки

таг: фискални сметки

Вистиномер: Клик-бејт наслов дезинформира дека е објавена важна информација за оние кои скенираат фискални сметки

сања лукаревска
Не е вистина дека има каква било важна вест за оние што скенираат сметки, како што се тврди во овој пост на Фејсбук. Наведеното за „важната вест за оние кои скенираат сметки“ претставува претерување и е неточно, зашто во постот и во написот не се соопштува никаква важна вест, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме...

УЈП почна со исплата на МојДДВ од скенирани фискални во третото тримесечје од 2020

На граѓаните им се исплатуваат парите од поврат на данокот на додадена вредност од фискалните сметки. Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека е започнат процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. УЈП соопшти дека на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку...

УЈП: Во февруари ќе се исплатат 6,1 милиони евра на граѓаните кои скенирале фискални сметки

Управата за јавни приходи известува дека во текот на февруари, 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. „Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,3...

Повратот на ДДВ ќе може да се донира преку апликацијата „Мој ДДВ“

Дел од фондот МојДДВ #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе можат и да донираат средства од својот поврат на ДДВ преку апликацијата МојДДВ, соопшти Министерството за финансии. Фондот...

Започна исплатата на повратот на ДДВ за скенираните сметки од октомври до декември 2019

Управата за јавни приходи (УЈП) ја започна исплатата за скенираните фискални сметки од второто тримесечје во рамките на „Мој ДДВ“. Средства на трансакциските сметки ќе добијат оние граѓани кои скенирале сметки во периодот од октомври до декември 2019 година, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска. За второто тримесечје од „Мој ДДВ“ предвидено е на сметките на граѓаните да легнат 3.871.000...

УЈП: Средствата од второто тримесечје од МојДДВ ќе легнат на сметките во февруари

Граѓаните кои скенирале фискални сметки во периодот октомври - декември 2019 година ќе ги добијат своите средства од повратот на ДДВ во февруари 2020 година, информираат од Управата за јавни приходи. Тие информираат дека во второто тримесечје од МојДДВ повратот на средства кај граѓаните ќе изнесува 3.791.000 евра. Заклучно со 30 декември, податоците на УЈП покажуваат дека за три месеци...

Ангеловска: Започна поврат на ДДВ кон граѓаните, ќе продолжи и следните денови

Исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, сѐ додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу три милиони евра, рече на прес - конференција министерката за финансии Нина Ангеловска. Како што посочи Ангеловска, денеска се исплатени сите налози кои...

Граѓаните досега собрале три милиони евра од поврат на ДДВ, исплатата во декември

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека вчера завршило првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ, а граѓаните преку апликацијата „Мој ДДВ“ и преку посебните киосци скенирале 22,67 милиони фискални сметки и треба да им се исплатат вкупно три милиони и 28.000 евра. Во периодот од 1 јули до вчера регистрирани се 170.378 корисници на...

УЈП: Aпликацијата „МојДДВ“ е технички унапредена во однос на скенирањето на фискалните сметки

Управата за јавни приходи информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е ажурирана и има подобрена верзија. „Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки. Притоа, системот „МојДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки кои што граѓаните досега ги скенирале“, информираат од УЈП. Заклучно со 30 јули, преку...

Се поголем број на граѓани пријавуваат до УЈП за неиздавање на фискални сметки

Управата за јавни приходи информира за неправилностите коишто од почетокот на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ, граѓаните ги пријавуваат на бројот 198. „Од 1 јули 2019 година, најзабележителни се пријавите за неиздавање на фискални сметки, како и за сметки коишто граѓаните не можат да ги скенираат. Најголем дел од пријавите се однесуваат на ресторани, маркети, мини маркети,...

Апликацијата „МојДДВ“ до сега ја симнале близу 58.000 граѓани, биле прочитани вкупно 433.204 сметки

Вкупно 57.973 корисници ја симнале апликацијата „МојДДВ“ од веб-страницата на УЈП од нејзината промоција на 1 јули заклучно со утрово, информираше директорката Сања Лукаревска. За истиот период биле прочитани вкупно 433.204 сметки за остварен промет во вредност од околу 240.978.000 денари, со околу седум милиони денари поврат на ДДВ или близу 120 илјади евра. Според Лукаревска, мерката веќе ги дава првите...

Лукаревска: Засилени контроли на фискалните сметки за намалување на скриената економија

Еден од предусловите за развој на сивата економија е неиздавањето на фискални сметки, изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешниот Регионален форум за скриена економија кој се одржува во „Холидеј ин“, а на кој учествуваат и претставници од даночните институции на регионот. Таа додаде дека се поголем број на граѓани се јавуваат во УЈП и поднесуваат претставки за неиздавање...

Сè помалку се издаваат фискални сметки при купување алкохол и цигари

Лани најретко се издавале фискални сметки за услуги за одржување на домот (17 проценти), услуги за поправки на домот (21 процент), изнајмување имот (30 процент) и за занаетчиски услуги (36 проценти). Ова го покажуваат податоците од анкетата за даночната евазија во Република Македонија во 2016 година, направена од Центарот за истражување и креирање на политики (ЦИКП). Во 2016 година, повеќе од половина од...

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...