fbpx
Таг: фирми

таг: фирми

ЕК воведува нова алатка за укажувачите полесно да пријавуваат злоупотреби

Европската комисија воведува нова алатка која треба да ги охрабри укажувачите (whistleblowers) и да им олесни пријавување на случаи на прекршување на антимонополската регулатива и за тајни картели. Новата алатка, во која има електронска-адреса, телефонски број и енкриптиран (шифриран) интернет-формулар ќе им овозможи на луѓето анонимно да ги пријавуваат манипулациите со цените на бизнис-картелите и анти-конкурентните практики. - Доколку луѓето...

Нема притвор за Кочан, за Авировиќ мерки за претпазливост

Сопственикот на „Трансмет“ и на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, ќе се брани од слобода. Судија на претходна постапка го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство на Кочан да му биде одредена мерка притвор. На осомничениот Василије Авировиќ, пак, наместо притвор, како што побара СЈО, судот му одредил мерки за претпазливост. - Во однос на лицето С.К., по...

Осомничените во „Труст“ писмено ќе се канат да дојдат на распит за притворот

Барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор на двајца од тројцата осомничени во новата истрага „Труст“ вчера стигнале во Кривичниот суд во Скопје, но засега нема информации кога тие ќе се појават на распит пред судија на претходна постапка. Според членот 294 од Законот за кривична постапка (ЗКП) „судијата на претходната постапка е должен без одлагање“ да го разгледа...

СЈО отвори случај „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори нова истражна постапка „Труст“, од која, како што соопшти на прес-конференција јавната обвинителка Фатиме Фетаи, може да се види „до каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендер“. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани...

Кржалоски: СДСМ го сопира рестартирањето на компаниите – жртви на транзицијата

„СДСМ со своето неодговорно однесување ги опструира многуте проекти што се во интерес на граѓаните. Еден од проектите кој требаше да почне во 2017 година е проектот за рестартирање на стопанските кацитети – жртви на транзицијата“, изјави на прес-конференција Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека со овој проект требало да се реши статусот на повеќе од 320 компании чии...

Адвокатска комора ја намали адвокатската тарифа за нотарските договори за повеќе од 10.000 евра

Адвокатската комора на Република Македонија денеска соопшти дека донела одлука за намалување на адвокатската тарифа за нотарските договори со вредност поголема од 10.000 евра. „Во интерес на што поголемо растоварување на граѓаните, како и на стопанските субјекти, а како што беше најавено и при донесувањето на Законот за нотаријат, управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија донесе одлука за...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе

„Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. Денес зборуваат за субвенции, а кога беа на власт не дадоа ниту денар за фирмите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски. - Каде беше СДСМ со мерки и со предлози како конструктивна опозиција кога почна светската економска криза. Во тоа време,...

Тевдовски: 2017 ќе биде година на пресврт во економијата и за граѓаните

Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати, истакна претседателот на комисијата за економија и член на извршниот одбор на СДСМ, Драган Тевдовски. - Испланиравме 140 милиони евра директна државна поддршка на домашните мали и средни претпријатија (МСП). Ќе им овозможиме поголем пристап до финансии,...

Парите на македонските даночни обврзници завршуваат како добивка на странските фирми

Во периодот од 2007 до 2015 година, потрошени се вкупно 159 милиони евра за привлекување или поддршка на странските директни инвестиции, се вели во истражувањето „Вистинската цена на евтината работна сила: Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија, 2007-2015“ на Институт за општествени и хуманистички науки, кое беше објавено денеска. Анализирани се 25 фирми кои имаат добиено државна помош, чијшто...

Андреевски: Струјата е поскапена за 100 проценти од 2006 година досега

„Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100 проценти денес во однос на 2006 година. Причина за тоа се криминалните политики на оваа власт во енергетскиот сектор, со кои се збогатија енормен број луѓе блиски до неа, на сметка на граѓаните“, изјави претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски, на денешната прес-конференција. Тој на прес-конференцијата прикажа сметка...

СДСМ: Економските мерки на Груевски донесоа добивка само за „фамилијата“

„Обвинетот Никола Груевски со своите врвни криминални економски политики затвори 10.000 домашни фирми. Секоја трета домашна фирма е со блокирана сметка. Македонија го допре дното во Европа и во регионот по странски директни инвестиции по жител“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на извештајот „Дуинг бизнис“ што го објави Светска банка. Во него се додава дека јавниот долг...

Министерство за земјоделство: Пари за чистење канали добија и фирми блиски до Заев

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги отфрла како клевети, манипулации и дезинформации обвинувањата што на прес-конференција денеска ги изнесе членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, околу испалата на пари на фирми за чистење на каналите за одводнување и за наводнување, пренесува „Нова ТВ“. Од Министерството велат дека не делеле тендери на фирми...

СДСМ: Каналите неисчистени, но пари легнале на сметките на фирми блиски до власта

Поплавите на површина го извадија неодговорното и криминално работење на власта, кое има огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните, обвини денеска членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, биле исплатени повеќе од...

Наумов: Поддршка на домашните претпријатија и соработка со сериозни странски инвеститори

„Ќе обезбедиме стабилни работни места со поддршка на домашните претпријатија и во соработка со сериозни странски инвеститори, а не како искуствата што ги имате досега. Од вас слушнав дека само во последниве години, повеќе од 3.000 граѓани од овој крај си заминале од родното место, во потрага по работа, за да го обезбедат парчето леб за своите семејства“, изјави претседателот на...

Најниска цена и задоцнето плаќање, најголеми проблеми на фирмите при јавните набавки

Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите при јавните набавки се најниската цена, како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки, и задоцнетото плаќање. Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации во извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и...

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, како сопственик се јавува Крпач. „Во...

Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во март изнесува 8,4 отсто

Првичните податоци за кредитниот пазар за март 2016 година покажуваат понатамошен месечен пораст на кредитите, кој изнесува 0,9 отсто на месечна основа и е малку побрз во споредба со претходниот месец, соопштуваат од Народна банка - Најголемиот дел од кредитите се насочени кон секторот население, а умерен пораст бележат и корпоративните кредити. Годишната стапка на пораст на вкупните кредити во...

4.500 должници на новата листа на УЈП

На најновата листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи се наоаѓаат повеќе од 4.500 граѓани, фирми и јавни претпријатија. Станува збор за долгови доспеани до 31 декември минатата година, а кои не биле платени до 31 март годинава за ДДВ, данок на добивка, персонален данок, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На најновата листа меѓу должниците...

Ристовска: СЈО ги доби сите документи од Централен регистар

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги добило сите барани документи од Централниот регистар, потребни за дел од истрагите што ги води, соопшти на денешната прес-конференција, обвнителката на СЈО, Ленче Ристовска. Обвинителката рече дека нема уништени материјали меѓу оние што биле предмет на нивен интерес. - Во Централен регистар немаше уништени документи, а наш интерес беа, односно ги баравме регистарските влошки за одредени...

Зголeмени сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити

Во текот на јануари е забележено зголемување од 10,9 отсто на учеството на сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити во однос на претходниот месец, кога тие изнесувале 10,6 отсто, објави Народна банка. Од НБРМ велат дека овој тренд е резултат на зголемувањето на сомнителните и спорни побарувања кај фирмите и умереното зголемување на тие побарувања кај граѓаните.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...