fbpx
Таг: Финска

таг: Финска

Пукање во училиште во Финска, 13-годишник повредил тројца ученици

Пукање во основно училиште во Финска ова утро резултираше со повреди на тројца ученици од 13-годишна возраст. Финската полиција уапси осомничено лице, кое исто така има 13 години, пренесува Би-би-си. Нападот во градот Вантаа, четвртиот најнаселен град во државата, се случил пред 9 часот наутро. Полицијата апелираше на локалното население да остане во своите домови. Учениците тукушто се вратиле во училиштето...

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа

НАТО започнува големи воени вежби во Северна Европа, објави „Гардијан“. Вежбите започнуваат денеска и ќе траат речиси две недели, а целта е одбрана на својата новопроширена нордиска територија. Повеќе од 20.000 војници од 14 земји ќе учествуваат во вежбите предводени од Норвешка, во северните региони на Финска, Норвешка и Шведска, со учество на Финска како членка на НАТО за прв...

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија, Украина вели ова е само почеток

САД, Франција и Германија ја следат ситуацијата во Русија откако утрово силите на платеничката војска Вагнер започнаа бунт против руското воено раководство. Францускиот претседател Емануел Макрон „внимателно“ ги следи настаните во Русија, соопштија од неговиот кабинет, пренесува Јуроњуз. И во Берлин, германската влада соопшти дека „внимателно ги следи настаните во Русија“, не соопштувајќи дополнителни информации. Си-ен-ен го пренесува ставот на американското...

Захарова со наративи полни со дезинформации ја учи Европа за демократија и безбедност

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно ќе биде „колатерална жртва“,...

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во постот не е јасно...

Османи со честитка до финското раководство за членството на земјата во НАТО

Членството на Финска во НАТО е историски момент за Алијансата и е вистински пат за заедничка поголема безбедност и сигурност. Членството на Финска во НАТО е важен чекор што ќе го зајакне единството и одбранбените способности на Алијансата. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи на средбата со финскиот министер за надворешни работи,...

Финска стана 31. членка на НАТО, Русија тврди дека се зголемува ризикот од судири

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска го потпиша пристапниот документ и му го предаде на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по што ќе следува кревањето на знамето на Финска пред седиштето на НАТО во Брисел, со што се заокружува процесот на пристапување кој траеше помалку од една година. Со ова, се заокружува процесот за Финска, која стана...

НАТО кон руските граници – спринт со пречки

Три години по долгоочекуваното пристапување на Македонија во НАТО, се планира ново проширување на трансатлантската одбранбена организација. Ова проширување не беше очекувано. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО истовремено - во мај минатата година. Тоа секако беше последица на новата гео-политичка ситуација, настаната со агресијата на Русија врз Украина. И двете држави претходно имаа привилегирани односи со...

Финска ќе биде 31-та членка на НАТО откако Турција даде одобрување

Турскиот парламент ја одобри апликацијата на Финска за членство во НАТО, со што оваа нордиска земја ќе постане 31-та членка на Северноатлантската алијанса, пренесува Јуроњуз. Сите 276 пратеници присутни во турскиот парламент ја поддржаа едногласно кандидатурата на Финска во НАТО, и тоа само еден ден откако финската кандидатура помина и во парламентот на Унгарија. Со ова, сите досегашни пречки за...

Не е точно дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Нема докази дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни и фалсификувани. За да избегне да пријавува помалку смртни случаи отколку што навистина има, во Финска се користи системот да се пријавуваат и смртните случаи СО ковид и смртните случаи ОД ковид. За делот од насловот, пак, во кој...

По Турција, и Виктор Орбан го проблематизира членството на Финска и Шведска во НАТО?

Мнозинството од владејачката партија Фидеш на Виктор Орбан во унгарскиот парламент го отфрли предлогот на опозициската Унгарска социјалистичка партија (МСЗП), со кој требаше да се одреди вторник 4 октомври како датум за парламентарно гласање за членството на Финска и Шведска во НАТО. Освен Унгарија, Турција е единствената членка на НАТО која сè уште не го ратификувала пристапувањето на двете земји...

Со огромно мнозинство Собранието го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО

Собранието на Северна Македонија на 82. собраниска седница денеска со огромно мнозинство ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Од регистрирани 120 пратеници, „За“ гласаа 103, вклучувајќи ги и најголем дел од пратениците на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а „против“ гласале само двајцата пратеници на „Левица“. Како што покажуваат податоците на Собранието на Република...

Турција ја поддржува кандидатурата на Финска и Шведска за НАТО

Членката на НАТО, Турција се согласи да го поддржи членството на Шведска и Финска во алијансата иако првично се спротивстави за кандидатурите на нордиските земји заради нивната подготвеност да ги примат курдските милитанти, пренесе Би-би-си. Министрите за надворешни работи од трите земји потпишаа заеднички безбедносен пакт кој се однесува на загриженоста на Турција. Русија силно се противи на приклучувањето на двете...

Македонскиот државен врв даде согласност за прием на Финска и Шведска во НАТО

Како земја-членка на НАТО, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната вонредна седница ја донесе одлуката да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, информираат од владината прес-служба. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште пред три дена изјави дека...

Пендаровски: Со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило

Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена Алијанса е испишување на уште една страница од историските промени во сојузништвото. Искрено ја поздравувам и поддржувам кандидатурата на овие значајни земји за просперитетот и безбедноста на Европа, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски по повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во...

Финска и Шведска и официјално ги поднесоа барањата за членство во НАТО

Финска и Шведска денеска и официјално ги поднесоа најавените барања за членство во НАТО, јавува Би-би-си. Со ова, започнува процесот на пристапување на двете скандинавски земји, за којшто резерви против нивното членство засега најави единствено Турција. Во четврток е планирано лидерите на Финска и Шведска да имаат состанок со американскиот претседател Џо Бајден. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на...

Шведска го потпиша барањето за влез во НАТО, Финскиот парламент денеска ќе гласа за приклучување

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, потпиша апликација за влез на земјата во НАТО со што стави крај крај на децениската воена неутралност. Just signed a historic indication letter to #NATO Secretary General @jensstoltenberg from the Swedish Government 🇸🇪. Our NATO application is now formally signed. pic.twitter.com/1RAxjikjc0 — Ann Linde (@AnnLinde) May 17, 2022 Историскиот момент на потпишувањето на документот таа...

Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО без одложување

Финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин утрово преку заедничко соопштение објавија дека Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одложување, пренесува Би-би-си. Ваквиот потег на финското раководство доаѓа во период на растечката поддршка на јавноста за членство во НАТО, која доаѓа откако Русија на 24 февруари ја започна воената инвазија врз Украина. Финска и официјално ќе...

Финска размислува за членство во НАТО, дели граница со Русија од над 1.300 километри

Финската премиерка Сана Марин во националниот парламент изјави дека размислува за членство во НАТО, доколку тоа е потребно за финската национална безбедност. Таа додаде дека војна од поголем обем денеска е многу поверојатна по подолг историски период. За почетокот на нападот на Русија врз Украина, премиерката Марин рече дека акцијата ќе има долгорочни последици по односите меѓу Финска и...

Германија и Финска со нови ковид протоколи за македонски државјани

Заради ситуацијата со ковид-19 пандемијата, Германија ја врати Република Северна Македонија на листата на ризични земји, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Со оваа најнова одлука на германските власти, од државјаните на Северна Македонија при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување на потврда за вакцинација или за прележан ковид-19 или пак негативен ПЦР тест. За лицата кои...

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...