fbpx
Таг: ФИНКИ

таг: ФИНКИ

Деспотовски понуди решение за дислокација на БРО, Бирото обвинува за притисоци

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, вчера изрази поддршка за протестот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а даде и предлог-решение на проблемот со кој се соочува овој факултет. Деспотовски предложи Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во сегашните простории на ТИРЗ, а ФИНКИ да ги преземе бараките што...

ФИНКИ на роденденски маратон до Влада: информатичарите бараат решение за немањето простор

Сè повеќе студенти, а сè помалку простор – на најголемиот факултет во државата станува претесно за нормално одвивање на наставата. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) не отстапува од своите барања – да се најде решение за просторниот проблем и за непречено одржување на образовниот процес за речиси 5.000 студенти. По првиот протест што го одржаа на 21...

Роденденски маратон на ФИНКИ до Владата во знак на протест поради немањето зграда

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) соопшти дека по повод своето 13-годишно постоење, утре, 2 април, ќе одржи роденденска трка. Маратонот ќе започне од Градскиот парк, а целната линија е Владата. Ова, велат од ФИНКИ, ќе биде симболичен чин со кој факултетот сака да ја подигне свеста за проблемот со недостигот на соодветен образовен простор за студентите. „Завршувањето на трката...

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи заминала во стечај. Во владиното...

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

Со транспаренти, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 студенти. „ФИНКИ нема зграда, учиме...

ФИНКИ денеска протестира за просторните проблеми, БРО не ги отстапува бараките

ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет...

Најбројниот факултет во државата утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет. Целта...

МОН: ФИНКИ ќе добие свој објект, не гледаме трајно решение во идејата да се доделат просториите на БРО

Со евентуално доделување на просториите во кои во моментов е сместено Бирото за развој на образованието (БРО), Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) би добил објект кој не исполнува услови за реализација на наставата. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) по вчерашното јавно излагање на ФИНКИ во кое факултетот, барајќи решение за просторниот...

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

ФИНКИ
Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најголемата високообразовна установа во државата, но вистински предизвик за управата на факултетот е тоа што институцијата нема доволно простор за да ги смести сите запишани студенти. И покрај...

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири е неисполнето. Изградбата на двата...

„Ориентациска недела“ за подобро снаоѓање на бруцошите на ФИНКИ

Факултетското студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) втора година по ред организира „Ориентациска недела“ – настан кој има за цел да ги воведе студентите – бруцоши во начинот на функционирање на факултетот и на кој ќе може да се запознаат со своите наставници и колеги. Речиси 200 студенти во прва година денеска беа присутни во...

Гужви за упис на ФИНКИ, идните бруцоши во 2023 поднесуваат хартиени документи [фото]

Во 2023 година, студентите по софтверско инженерство и информациски системи, по програмирање, по компјутерско инженерство и други студиски програми се запишуваат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со доставување на документи во хартиен формат. Стотици млади денеска чекаа во ред за да ги поднесат документите. Пред зградата на Технолошко-металуршкиот факултет денеска цел ден „дежураат" идните академски...

Министерот Шаќири ги вети, а сега молчи за дигиталните услуги во образованието

Систем кој ќе овозможи матурантите онлајн да се запишуваат на факултет, надграден и пофункционален електронски дневник, мобилна апликација е-дневник, како и електронски свидетелства, се новините кои минатата година ги најави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Лани на 15 јуни, кога информираше за бројот на електронски апликации што стасале за упис во средното образование, меѓудругото, ги даде и...

Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади. И неделава носиме многу нови информации - меѓу нив, за герила акцијата на „Сите за МКЦ“ на...

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е и на Факултетот за...

Безбедноста на веб-страниците на државните институции е скап процес, недостасуваат експерти, обуки и стандарди

Во изминатиот период, веб-страниците на државни институции беа мета на хакерски напади. Најсвежи се случаите со „IKnow“ системот за електронска поддршка на најголемиот државен универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, кој не функционираше со денови, а повеќе од две недели, надвор од целосна употреба беше веб-страницата на Министерството за образование и наука. Во септември, Министерството за земјоделство, шумарство...

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи во рамки на Универзитетот „Св....

Најголем број на бруцоши се собраа во Филхармонија на првиот академски час на ФИНКИ

Најголем број на бруцоши денес се собраа во Филхармонија на првиот академски час за учебната 2022/2023 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На свечената церемонија на новозапишаните студенти им беа доделени индексите, а на најдобрите матуранти им беа доделени стипендиите. На студентите им се обрати деканот, проф. д-р Боро...

ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Митови околу развојот на вештачката интелигенција

Зголемениот интерес и возбудата околу развојот на вештачката интелигенција (ВИ) изминативе децении создаде многу митови, шпекулации и неосновани тврдења, кои, воглавно, создаваат страв и сомнеж околу иднината на оваа технологија. Поради популаризирањето на оваа тематика во научно-фантастичната литература и уметноста, за едни, „семоќната“ вештачка интелигенција ќе го заземе светот и ќе го пороби човештвото, а за други - не...

„iKnow“ системот на УКИМ и веб-страницата на МОН се повторно недостапни

ФИНКИ
Во моментов повторно не се активни веб страницата на Министерството за образование и наука (МОН), ниту пак „iKnow“ системот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За само неколку дена, ова е трет пат како овие два веб сајта не функционираат во исто време. Минатиот четврток, од ФИНКИ за Мета.мк информираа дека станува збор за ДДОС напад на серверите на факултетот,...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...