fbpx
Таг: Финансиска полиција

таг: Финансиска полиција

Дисциплинска постапка за поранешната обвинителка за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и две нејзини колешки

Дисциплинската комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донела Решение со кое „се поведува дисциплинска постапка против поранешен основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште две обвинителки од тоа обвинителство“, соопшти обвинителството. Всушност, станува збор за поранешниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за незаконско издавање на А-интегрирана дозвола за „Дрисла“

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице за кое се сомнева дека во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање во 2021 година ја искористил својата службена положба и издал А-интегрирана еколошка дозвола на скопската депонија „Дрисла“ без да ги исполни условите за тоа. Според соопштението од Финансиската...

Кривична пријава за тројца вработени во ЈСП, проневериле 28 милиони денари

За сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“ против тројца вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава, информираат од Финансиската полиција.  „Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени...

Финансиска полиција и ОЈО по допрен глас влегле во скопското ЈП „Водовод и канализација“

Тимови на Финансиската полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал од вчера, по допрен глас вчера влегле во ЈП Водовод и канализација, за да го проверат тендерот за Пречистителната станица. Оваа информација ја потврдија новиот директор на јавното претпијатие Марјанчо Митовски и градоначалничката Данела Арсовска. Митовски истакна дека постапката за прочистителната станица на никаков начин не е загрозена и евалуацијата...

Трајче Пеливанов назначен за привремен шеф на местото на суспендираната Русковска

Обвинителот Трајче Пеливанов привремено ќе ја врши функцијата прв човек Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до истекот на суспензијата на Вилма Русковска. Одлуката е донесена на денешната 64. седница на Советот на јавни обвинители од каде што објаснуваат дека е назначен привремен шеф бидејќи станува збор за обвинителство каде што се гони сериозен организиран криминал и не треба...

Вистиномер: Како Мијалков од имот од 1,5 милиони, за седум години стигна до имот од 36 милиони евра?

Под владение на државата ќе стане имот кој Мијалков го немал или не го пријавил пред седум години. Останува прашањето, како е можно кое било физичко лице од имот од 1,5 милиони евра, во рок од седум години, да стигне до имот од над 30 милиони евра? Или најпрецизно, колку, дали и како, во државава се санкционира евентуално незаконски...

Финансиска полиција со кривична против вработен во болницата „Санте Плус“ за неисплата на придонеси

Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице во правниот субјект „Приватна здравствена установа-Специјална болница по гинекологија, акушерство и ортопедија САНТЕ ПЛУС ГРУП“ Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје. Според податоците на полицијата, пријавеното лице во периодот од 2016 година до 2018 година, со намера да се стекне со противправна имотна...

Порталб: Финансиската полиција влезе во две јавни претпријатија на Општина Тетово

Финансиската полиција спроведува истрага во две јавни претпријатија основани од Општина Тетово. Ова за Порталб го потврди директорот на Финансиската полиција на РСМ, Арафат Мухареми. Во моментов истрага за можни злоупотреби се спроведува во Јавното комунално претпријатие „Тетово“ (ЈКП) и јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Тетово. Неофицијално, Џелал Цека е разрешен од позицијата директор на ЈКП, додека директорот во...

Ширењето на ковид-19 ќе се спречува со засилени контроли на полицијата и инспекцијата

Наместо секојдневен полициски час во периодот од 22 до 5 часот, владата на денешната седница одлучи да се воведат засилени контроли од полицијата и инспекциските служби во општините каде што има поголем број на новозаболени лица со ковид-19, се вели во соопштението на владината прес-служба. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни...

„Призма“: План за задушување на граѓанските организации под маската на „десороизацијата“

Цели три седмици пред тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да порача од протестите пред Државната изборна комисија дека ќе се случува „десороизација“, тој процес веќе на големо се одвивал - три седмици претходно институциите почнале да се подготвуваат за една од најголемите акции на притисоци и закани врз критичарите на тогашната власт, пишува „Призма“ во својата анализа за...

Владата на денешната седница утврди нов предлог-закон за Финансиска полиција

Владата на редовната трета седница го утврди новиот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието. „Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за...

Финансиска полиција демантира дека направила контрола во просториите на ИВЗ

Управата за финансиска полиција денеска демантираше дека вчера извршила увид и контроли во седиштето на Исламската верска заедница во Скопје. Финансиска полиција информира и дека воопшто не презела никакви дејствија досега за контролирање на финансиското работење на ИВЗ, но и дека вчера примила писмена пријава за финансиска контрола во ИВЗ. Случајот ескалираше вчера, откако приврзаниците на Скендер Бузаку објавија дека...

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за поранешниот прв човек на ФФМ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, доби кривична пријава за Управата за финансиска полиција, која го товари за даночно затајување и за фалсификување или уништување на деловни книги. Кривична пријава има и за ФФМ поради делата што ги направил поранешниот нејзин прв човек. Како што соопштија од Финансиска полиција, Ѓорѓиоски во завршната сметка на ФФМ за...

Кривични пријави против сегашниот и поранешниот министер за локална самоуправа

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и неговиот претходник Лирим Шабани, министер за локална самоуправа во периодот 2015-2017 година, потоа една државна советничка од Министерството за локална самоуправа како и една одговорна службеничка за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија, денеска добија кривични пријави за незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра. Управата...

Притвор од 30 дена за екс-градоначалникот на Демир Капија и соработниците

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, почнало истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои вчера извести Финансиска полиција. По барање на ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на...

Екс-градоначалникот на Демир Капија подарил половина објект и Фондација на роднини

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднела кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување против поранешниот градоначалник на општина Демир Капија, Трајче Димитриев (61), во врска со малверзации со општински објект, како и против Т.П. (48), овластен проценител и П.М. (60) тогашен претседател на Совет на...

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски за преселените општински бараки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење. Пријавите се поднесени поради демонтажа на две од старите општински бараки и нивно повторно поставување во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“ во 2012 и 2013 година. Според пријавата,...

Стевчо Јакимовски приведен, чека распит пред судија

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа половина час пред полноќ, е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува да биде изведен пред судија на претходна постапка. Според Виктор Цветковски, адвокат на поранешниот градоначалник, ова е атак врз политичкиот ангажман на Стевчо Јакимовски. Финансиската полиција вчера влезе во неколку станбени...

Тодоровиќ ги врати првите 433.000 евра од „Скопје 2014“ во буџетот на Општина Центар

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје, поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и лицата М.Т., поранешен секретар и Д.Р., вработен во Секторот за уредување на градежни земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата, соопшти директорот на...

Приведен Васе Доневски, поранешниот директор на СОЗР

Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР. Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција дел од медиумите наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата. Од Управата за финансиска полиција за...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...