fbpx
Таг: филтри

таг: филтри

РЕК Битола доби А-интегрирана дозвола, за намалување на загадувањето треба да инвестира 157 милиони евра

РЕК Битола конечно доби А-интегрирана дозвола. Министерството за животна средина веќе го објави документот кој предвидува многу активности за заштита на воздухот, водите и почвата во околината на енергетскиот комбинат. РЕК Битола е еден од главните загадувачи што користи фосилни горива за производство на електрична енергија и кој досега работеше без усогласен оперативен план и обврски за заштита на...

Во заштита на воздухот лани сме вложиле 8 милиони евра, индустријата учествувала со 1,3 милиони евра [инфографик]

И покрај тоа што за аерозагадувањето во Македонија премногу се зборува во јавноста, инвестициите во заштита на воздухот премалку ги има. Лани како трошоци и инвестиции за заштита на воздухот се регистрирани околу 8 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, индустријата и специјализираните производители низ целата земја во заштита на она што секојдневно го...

„Еко-герила“ од Тетово: Владата прифати да помогне за филтри на мали претпријатија

Владата го прифати предлогот на еколошката организација „Еко-герила“ од Тетово кој се однесува на поставување на филтри на оџаците на малите и средни претпријатија, првенствено на оние кои произведуваат мебел, на подрачјето на Тетово и Гостивар. - Во Полошкиот регион има 31 вакво претпријатие и сите тие својот отпад, кој се состои од иверици, сунѓери, кожа, пластика го користат како...

Никушевски: Макрадули знае дека има мерачи кои кажуваат кој загадува и чинат 250.000 евра

За ефикасно утврдување на причините за загадувањето, „Мета“ разговараше со еколошкиот активист, иноватор и бизнисмен, Тони Никушевски. На пошироката јавност тој и стана познат откако пред еден месец, во услови кога дел од официјалните мерачи на загадување на Министерството за животна средина во најзагадените скопски општини Лисиче и во Гази Баба откажаа, најави дека ќе донесе донација од полска...

Од 1 јануари почнува тригодишниот план за замена на електростатските филтри на РЕК Битола

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, денеска на отворениот ден во Цементарница УСЈЕ информираше дека во декември ќе заврши процесот на третирање на пепелта во РЕК Битола и дека ова прашање се решава, прв пат после 10 години. „МЗТ Инжинеринг“ е компанијата која што победи на тендер, тендерот беше во вредност од 22 милиони денари, започна во август и завршува...

Загадувањето во Тетово е за 60 отсто намалено по затворањето на „Југохром“ (инфографик)

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица. Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен метар. Забележителен е пад од повеќе...

Еко герила: „Југохром“ ќе се рестартира без филтри, ни се закануваат за да молчиме

Движењето Еко герила денеска алармираше дека во изминатите денови различни поединци им испраќаат пораки, заедно со финансиски понуди, за да го замолчат движењето да не реагира на новиот обид да се рестатира металуршкиот комбинат „Југохром“ без соодветни филтри. „За ова е известена полицијата и денес баравме директна средба со премиерот Зоран Заев за да го информираме за овие закани и...

Анѓушев: Владата ќе направи напори за помош на „Југохром“ за поставување на филтрите

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како што известија од неговиот кабинет, на денешната средба со менаџментот и синдикатот на „Југохром Алзар“ и на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) порачал дека комбинатот не може да почне со работа сè додека не се постават филтрите за отпрашување, а Владата е подготвена да помогне тоа да се реализира. „Вицепремиерот истакна...

Кривична против ЕЛЕМ и директори во РЕК Битола за загадување на животната средина

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) и против поранешни и актеуелни директори и раководители во РЕК Битола поради загадување на животната средина и природата. Како што соопштија денеска од МВР, кривични пријави се поднесени против И.К. (63) од Гостивар, поранешен директор на подружница РЕК Битола, Ј.К. (67) од Битола, директор на подружница РЕК...

ЕЛЕМ ќе ги реконструира филтрите на РЕК Битола за да се намали загадувањето

ЕЛЕМ годинава ќе изврши реконструкција на електростатските филтри на РЕК Битола, за да се намали емисијата на парашина, а со тоа и загадувањето на околината, информираа од Владата. - Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон подобрување на состојбите со аерозагадувањето во Битола и околината -  изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. ЕЛЕМ во својата...

РЕК Битола: Ако има ветер, нема како да се спречи разнесувањето на пепелта

Пепелта што излегува од РЕК Битола и која претставува голем еколошки проблем за битолчани, и во следните девет години како и досега ќе се истура во т.н касети, кои потоа сe затрупуваат со земја. Според директорот за развој на инвестиции во РЕК Битола, Тони Паспаловски, најголем проблем е кога во моментот на истурање на пепелта во касети, ќе дувне ветер и...

Амети: „Југохром“ да постави филтри за вработените да се вратат на работа

Министерот за животна средина, Башким Амети, го повика раководството на комбинатот „Југохром“ да го забрза процесот за поставување филтри за да се исполнат условите комбинатот повторно да почне со работа, како што побараа и вработените што денеска еден час ја блокираа крстосницата кај Судска палата. Амети побара од раководството да најде решение за вработените додека не се постават филтрите на комбинатот. -...

Синдикатот на „Југохром“ со едночасовна блокада побара да проработи комбинатот

Вработените во комбинатот „Југохром“ денеска точно напладне излегоа на протест во Скопје и еден час ја блокираа крстосницата пред Судска палата. Тие бараат да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес. Во моментов, вработените од „Југохром“...

СДСМ ја обвини власта за загадувањето и за затворањето на „Југохром“

Државните институции се виновни што комбинатот „Југохром“ сè уште не поставил филтри на станиците, поради што беше принуден да ги исклучи печките, а со тоа и 720 вработени да останат на улица, обвинија денеска од СДСМ. - Печките на „Југохром“ се исклучени, но со тоа власта, преправајќи се дека решава еден проблем, направи нов проблем. 720 вработени сега се во неизвесност за...

„Еко-герила“: Истекува рокот на „Југохром“ за филтри, комбинатот поминува неказнето

Денеска истекува рокот што пред две години Владата на Република Македонија му го одреди на комбинатот „Југохром“ за да се прилагоди со еколошките стандарди и да набави филтри. Од еколошкото движење „Еко-герила“ велат дека „Југохром“ ги злоупотребил сите досегашни рокови и дека за тоа проаѓа неказнето. „Фактот што „Југохром“ ги злоупотреби сите досегашни рокови и проаѓа неказнето од Министерството за екологија и...

Манчевски: Со парите за барокна Народна банка можеше да се рестартира РЕК Осломеј

„Нови повеќе од 35 милиони евра ќе се потрошат за раскошна и луксузна зграда, овојпат за Народна банка, покрај веќе потрошените 630 милиони евра, народни пари на „Скопје 2014“, пари со коишто можеа да се отворат стотици илјади нови работни места. Бараме веднаш да запре изградбата на луксузната зграда за Народна банка“, изјави потпретседатлот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Според него, овие пари можат да се...

„Еко герила“ бара увид во поставувањето филтри на „Југохром“

Движењето „Еко герила“ ја поздрави одлуката за поставување филтри на најголемиот загадувач „Југохром“. Поради сомневање и евентуално манипулирање во имплементирање на овој проект, од движењето бараат да се запознаат поблиску со програмата што треба да се имплементира, за да се спречи понатамошно загадување и труење на воздухот. Во спротивно, велат од движењето, ќе сметаат дека се работи за уште една...

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“. Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците. - Протестираме против загадувањето на воздухот во Тетово од страна на комбинатот „Југохром“, кој секојдневно ги труе...

„Макстил“ затвора, „Југохром“ бара ново продолжување на рокот

Во согласност со предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди, „Макстил“ од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. Како што информираат од компанијата, производството ќе биде прекинато во погонот сè до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. - Во претстојниот период, од ноември 2014 до јануари 2015 година, следува завршната фаза од реализацијата на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...