fbpx
Таг: филмски проекции

таг: филмски проекции

Со филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски отворен фестивалот „Браќа Манаки“

Филмот „Домаќинство за почетници“, по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција го отвори 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Од вчера вечер Битола е домаќин на седумте фестивалски денови. „Создавањето на еден филм, на едно уметничко дело, па и на Фестивал секогаш започнува со скок во непознатото. Возбудлив, но и застрашувачки. За среќа...

Шејмус Мекгарви добитник на „Златна камера 300“ на 44. ИФФК „Браќа Манаки“

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција објави дека Шејмус Мекгарви е добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември. Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни...

„МакеДокс“ на четири локации низ Скопје со 75 документарци на програмата

Скопје од 17 до 24 август ќе биде домаќин на 14-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, на кое ќе се прикажат 75 документарни филмови што се вброени во овогодинешната програма, информираат од овој фестивал. „Четиринаесетото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи под мотото #пресечи (#cutit). Во фокус ја поставуваме монтажата на документарниот...

Гоу грин во сабота организира еко-кино на точак за Денот на млади

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин во сабота (12 август) ќе го одбележи Денот на младите со организирање на Еко-кино на точак со чиста енергија во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Со почеток од 20 часот, сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат кратките филмови „Приказни за точак“ (Bike Stories) и „Нозете на Амстердам“...

Европското патувачко кино под отворено небо почнува утре, како загревање за Синедејс

Европското патувачко кино под отворено небо тргнува утре (петок) и по трет пат годинава носи наградувани и возбудливи европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата, овој пат во Дебар, Велес и Битола. Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за фестивалот Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови,...

Култниот серијал „(И)стории на филмот“ на Жан – Лик Годар денеска во Кинотека на Македонија

Како дел од фестивалската програма на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), денеска во Кинотеката во 18.15 часот ќе бидат прикажани првите четири епизоди од вкупно осум, што се дел од култниот серијал насловен како „(И)стории на филмот“ на Жан - Лик Годар. Овие проекции се посветени на фестивалски фокус кон филмскиот великан од францускиот нов бран Жан-Лик Годар (1930-2022) од каде...

В понеделник започнува 23-тото издание на Неделата на италијански филм

Неделата на италијанскиот филм ќе се одржи по 23-ти пат во периодот од 15 до 21 мај во Кинотека на Република Северна Македонија, информираат од Амбасадата на Италија во Скопје. Ревијата на италијански филмови годинава е посветена на темата „Бајки“, интерпретирана како фантастични приказни кои нè поттикнуваат да размислиме за реалноста. Фестивалот е организиран од Амбасадата на Италија, во соработка со...

„МакеДокс“ преку платформата „Глеј“ овозможи бесплатни документарци до 20 јануари

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“, информираат од фестивалот. Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови. Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc...

Прикажан филмот „Клима и енергетика“ пред скопските средношколци

„Клима и енергетика“ е името на филмската проекција наменета за средношколци која се прикажа синоќа во киното Синеплекс. Ова се активности кои се дел од проектот „Младинското кино на ЕУ: Зелен договор“, наменет за енергијата и климата. Како што информираат од организацијата „Гоу грин“, на настанот присуствувале околу 100 ученици од средните училишта во Скопје, кои дискутирале за климатските...

Под мотото „Лупење идеи“, „МакеДокс“ годинава носи 71 документарец на четири локации во Скопје

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 13. издание ќе се одржи од 18 до 25 август во Скопје. Фестивалската програма ќе се прикажува на четири локации, и тоа во Куршумли-ан, плато на Музеј на Македонија пред Куршумли-ан, МКЦ и „Europe House Скопје“. Четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи во МКЦ на 22 и 23 август. Под...

„Куќата на Гучи“ и „Мементо“ во чест на Александар Џамбазов на програма во Кинотека

Кинотеката на Северна Македонија во претстојната мартовска филмска програма носи бројни изненадувања за љубителите на филмот со проекции на десетина нови наслови од светската, европската и домашната кинематографија. Програмата започнува од утре, 1 март со проекција на популарниот „Куќата на Гучи“, кој годинава е номиниран за Оскар во категоријата за најдобра шминка и фризура. Имено, филмот што е во режија...

Публиката на „Санденс“ за фестивалски фаворит го изгласа „Navalny“, филмот за рускиот опозиционер Алексеј Навални

По девет дена со селективна проекција на 84 долги и 59 кратки филмови, а со доделување на вкупно 32 награди, заврши годинешното издание на најголемиот независен филмски фестивал во САД, „Санденс“ 2022. Фестивалот оваа година започна на 20 јануари и се одржуваше онлајн поради ситуацијата со вирусот заклучно до 30 јануари кога беа соопштени и добитниците на престижните награди. Во продолжение...

„Сестри“ и „Самоуништување“ на февруарската програма во Кинотека

Во филмската програма за месец февруари,  Кинотеката на Северна Македонија ни подготвува проекции на два македонски играни филмови, еден во македонска копродукција, оддава акцент на француската продукција и кинематографија,  ќе може да се проследат и неколку кратки експериментални филмови. Програмата започнува утре со првото прикажување на „Сестри“ од режисерката Дина Дума во 18:00 часот. На проекцијата ќе бидат присутни и...

Нови Сад постана европска престолнина на културата за 2022, заедно со Каунас и Еш

Европски престолнини на културата за 2022 година се српскиот град Нови Сад, литванскиот град Каунас и градот Еш во Луксембург. Богатата програма на културни настани најпрво ќе започне во Нови Сад на 13 јануари, со програмата Дочек 7530. Постанувањето на европска престолнина на културата ќе биде одбележано со мултимедијалната претстава „Зенитеум:: 2022“ на режисерот Драган Живадинов на еден од...

Поради омикронот, фестивалот „Санденс“ ќе има виртуелно издание годинава

На две недели пред неговиот почеток на 20 јануари, фестивалот „Санденс“ соопшти дека овогодинешното издание на еден од најистакнатите филмски фестивали ќе се одржи виртуелно. Омикрон сојот што забрзано се шири низ САД ги одложи настаните со физичко присуство, закажани за периодот од 20 до 30 јануари. „Санденс“ првично беше планирано за годинава да се одржи во хибриден формат, со...

Јубилејното 20-то издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември

Препознатливиот скопски фестивал OFFest годинава слави јубилеј 20 години од неговите почетоци. На фестивалската програма се поставени пет концерти и проекција на еден документарен филм. Фестивалот ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и Националната опера и балет (НОБ). Отворањето на фестивалот е закажано за 9 ноември, кога е предвидено да настапи извонредното португалско/шпанско...

До 4 октомври трае пријавувањето за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно се враќа со одржување во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје во Кинотека, Младинскиот културен центар и киното „Милениум“. Организаторите појаснуваат дека веќе неколку дена е објавен повикот, со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта...

„Бела ноќ“ годинава ќе се одржи на 25 септември, богата програма на различни локации низ Скопје

Овогодинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 25 септември на неколку локации низ Скопје. Како дел од настанот, на два музички подиума во МКЦ ќе се одржи 11-тото издание на ПМГ Рекордингс фестивалот, на кое ќе настапат ПМГ Колектив, Сетстат, Марија Каева, Блекстејт, Луфтханза, Диџеј Магија, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ UX...

МКЦ од 9 до 19 септември организира кино на отворено низ скопските населби

Младинскиот културен центар (МКЦ) од 9 до 19 септември организира филмски проекции во рамките на патувачкото „Кино на трева“ низ неколку населби во Скопје, информираат од МКЦ. Проекциите се бесплатни за сите граѓани и ќе се реализираат според принципот „прв дојден, прв услужен“. Од МКЦ информираат дека настаните ќе се реализираат согласно актуелните протоколи и мерки против ковид-19, додека...

Утре започнува шестото издание на КРИК-фестивалот за критичка култура

Со филмската проекција на Artists Under the Big Top: Perplexed и дискусија, утре вечер во Музејот на современа уметност започнува шестото издание на КРИК-фестивалот за критичка култура, која годинава се одржува под насловот „Јазол - привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“. „Шестото издание на КРИК - фестивал за критичка култура навлегува во втората пандемиска година. И токму она што го...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...