fbpx
Таг: филмски фестивал

таг: филмски фестивал

Продадени речиси 78.000 билети за филмскиот фестивал Берлинале

Пред почетокот на Берлинале, љубителите на филмот купиле речиси 78.000 билети. Тоа е нешто повеќе од лани, кога првиот ден беа продадени 77.599 билети, пренесува германската агенција ДПА. Од денот на отворањето на благајните во понеделникот, сега точната бројка е 77.757 билети. Влезниците за редовните проекции годинава чинат 15 евра. Цената за палатата Берлинале на плоштадот Потсдам и за специјалните гала...

Филмот „М“ ќе биде прикажан денеска и утре на филмскиот фестивал во Котбус во Германија

Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија, во рамки на филмскиот фестивал Котбус, кој е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм. Како што велат организаторите, фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот, а цели и кон тоа да ги зајакне...

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Со слоганот „Прв филм, осмо сетило“ во текот на следните шест вечери во рамките на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“, во кината на Синеплекс ќе може да се почувствува моќта на филмот. Фестивалот го отворија македонската режисерка Елеонора Венинова и грчката режисерка Асемина Проедру, која се заблагодари на честа да го отвори фестивалот со проекцијата на нејзиниот филм „Зад стоговите сено“. „Киненова...

Вкупно 55 филмови на најновото издание на ЕХО фестивалот за планински филм

Годинашното, 14-то издание, на ЕХО фестивалот за планински филм на публиката во Скопје ќе ѝ понуди вкупно 55 филма. Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 октомври, со проекции во три кино сали: Фросина и Џепно (МКЦ) и Кинотека на РМ, а за време на фестивалските денови ќе бидат проектирани архивски филмови од документаристот Трајче Попов, во соработка...

Со „Екскурзија“ во режија на Уња Гуњак ќе биде затворен филмскиот фестивал „Џифони“

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје, со босанскиот филм „Екскурзија“ на режисерката Уња Гуњак. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе...

Отворен 11. Џифони Македонија: Не престанувајте да сонувате, им порача италијанскиот амбасадор Силвестри на младите

Имате уникатна можност да патувате преку магијата на филмот, да ги изразите вашите идеи и да го споделите со вашите блиски она што ќе го искусите и научите тука. Не престанувајте да сонувате, оти соништата се остваруваат. Пред сѐ, забавувајте се! Ова им го порача синоќа на стотици млади, Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија на отворањето на 11. Филмски...

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, прво беа избрани 19 играни филмови, а во...

Под мотото „Прекрасното непознато“почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Под мотото „Прекрасното непознато“ Фестивалот на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 44. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура - Битола, со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција. Директор на фотографија e Наум Доксевски, добитник...

Годинашното издание на „Браќа Манаки“ со 79 филмови и 400 гости

На годинашното, 44-то издание на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, публиката ќе може да проследи 79 странски и домашни филмови од различни категории, а се очекуваат 400 гости, информираше директорот на фестивалот, Симеон Мони Дамевски, на денешната прес конференција во Битола. Фестивалот ќе се одржи во Битола, а официјално се отвора задутре и ќе трае до 29 септември. „Имаме...

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе има премиера на филмскиот фестивал во Венеција

Филмскиот фестивал во Венеција, еден од најпрестижните настани во глобалната филмска индустрија, денеска го отвора своето 80-то издание. Во рамки на фестивалот премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје. Во рамките на јубилејното издание, кое ќе трае до 9 септември, ќе бидат...

Кусометражен филм на Зоран Попоски креиран со вештачка интелигенција е во финалето на фестивал во Далас

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски, е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски фестивали во САД. Од 1971 година...

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски имаше премиера во Тајван

Филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја доживеа и својата премиера во Тајван, каде што се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл „Златен коњ“ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката, која ја пофали приказната и кажа дека постојано...

Ден на италијанскиот стрип на „Џифони Македонија“ со авторите на „Дилан Дог“

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други стрип-уметници денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на...

Проектот „Македонски анимиран филм 1971-1991“ го отвора фестивалот „Балканима“ во Белград

Со проектот „Македонски анимиран филм 1971-1991“ денеска се отвора 19. издание на „Балканима“ - Европски фестивал на анимираниот филм, кој се одржува од денеска до 9 октомври (недела) во Белград. Проектот се состои од изложба на артефакти и филмска проекција на кратки анимирани филмови создадени во периодот од 1971 до 1991 година од пионерите на македонскиот анимиран филм: Петар Глигоровски,...

Отворање на 13-ти ЕХО Фестивал на планински филм на 19 септември во МКЦ

Со доделување на постхумно признание за животно дело на режисерот Кочо Недков и проекција на негов краток филм, годинава на 19 септември официјално ќе биде отворено 13. издание на Фестивалот на планински филм „ЕХО“ . На првата фестивалска вечер по проекцијата на краткиот филм на Неделков во 19:00 часот ќе бидат прикажани филмовите „Последната планина“ од британскиот режисер Крис Терил...

„Триаголник на тагата“ утре во Кинотека во рамките на Скопје филм фестивал

По прикажувањето на трите филма од сагата „Кум“, програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со најновите европски и светски остварувања, информираат од организацијата. Утре (15 септември) со почеток во 19 часот во Кинотека на С. Македонија ќе биде промовирана најновата книга на филмската критичарка Сунчица Уневска „Дух во школка“. Веднаш потоа, во 20 часот ќе биде прикажана норвешко...

Отворен повик за учесници и волонтери на 10. издание на „Џифони Македонија“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за учество и за волонтери за претстојното 10. јубилејно издание што ќе се одржи од 5 до 10 октомври „На повикот може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование. Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно. Учесниците ќе бидат поделени во три категории, јуниори (од...

Во новата епизода на „Шорткат“ разбиваме митови за вештачката интелигенција

Во новата, 50-та епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва, разбиваме некои од најпознатите митови и дезинформации околу развојот на вештачката интелигенција. Во четвртиот дел од рубриката „Зошто (не) е така“ во кој тема е токму вештачката интелигенција, зборуваат професорите Тамара Димитрова и Ѓорѓи Маџаров, како и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари. Го одбележуваме и стартот на...

Филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал

Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал, соопштија од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Станува збор за Синелинк награда од Филмскиот центар на Србија и наградата Женски гласови од...

Денеска почнува третото издание на Галичник Филм Фестивал

Под мотото „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, денеска (3 август) официјално започнува третото издание на фестивалот за краток филм Галичник Филм Фестивал. Организаторите најавуваат филмови што доаѓаат директно од селекциите на Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival и Locarno Film Festival. Официјалната селекција на третото издание, како и претходните...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...