fbpx
Таг: филмови

таг: филмови

В петок почнува Фестивалот за краток филм „Астерфест“

В петок започнува шеснаесеттото издание на Фестивалот за краток филм „Астерфест“, кој ќе се одржи во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Нови мотивации“.  „Астерфест“ ќе биде затворен в недела. Организаторите на фестивалот соопштија дека во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани филмови. На отворањето на фестивалот в петок, 13 август, со почеток во 20 часот ќе бидат...

Македонски филмови, „Љубојна“ и „Слаткаристика“ овој викенд на „Преспаленд”

На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд", деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди. Во сабота, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов" на Александар Поповски со почеток во 20:00 и „Џган" на Вардан Тозија со почеток во 22 часот. На ден Илинден, на 2-ри август, со почеток...

Со три награди, „Земја на номади“ го одбележа овогодинешното доделување на Оскар

Освојувајќи три награди во категориите најдобар филм, најдобра режија и најдобра главна актерка, драмата „Номадленд“ (Nomadland) го одбележа вчерашното доделување на наградата Оскар во Лос Анџелес. Режисерката на филмот, Клои Жао испиша историја откако стана првата жена која не е белкинка што ја освоила наградата за најдобра режија. Жао претходно освои Златен глобус за најдобра режисерка, а нејзиниот филм...

По 37 години жена освои Златен глобус, а постхумна награда доби Чедвик Боузман

На овогодинешното доделување награди на Златен глобус, наградата за најдобра драма му припадна на филмот „Nomadland“, а триесет и осум годишната режисерка на филмот, Клое Жао беше прогласена за најдобра режисерка. Жао која е родена во Кина, а сега живее во САД е втора жена победничка во оваа категорија во историјата на Златните глобуси, по Барбара Стрејсенд, која оваа...

Проекции на филмови за „Њу Ордер“ и Леонард Коен во Кинотека на 19 февруари

На 19 февруари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот „Загревање“ на „Скопје Синема Сити“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филмови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Минатата година бенд во фокус беа манчестерскиот...

Нови новогодишни филмови на Нетфликс за 2020 година

Новогодишните празници се пред нас, а оваа година веројатно повеќе од било кога ќе поминеме време во домашна атмосвера, заедно со најблиските пред телевизорите. Еве што има ново на Нетфликс, филмови и серии со новогодишен дух за студените зимски денови. Dash & Lily Објавено на Нетфликс: 10 ноември Жанр: Романтична комедија, Тинејџ https://www.youtube.com/watch?v=AmW5GO6btMM The Christmas Chronicles 2 (2020) Објавено на Нетфликс: 25 ноември Жанр: Авантура, Комедија, Фамилијарна...

Од денеска до 6 декември ќе се одржи 11. Мобил филм фестивал преку Cinesquare.net

Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе бидат дел од програмата на Мобил филм фестивал, што ќе се реализира по 11.пат. Филмовите се поделени во три програми и ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net. Поради ковид-ситуацијата, годинава фестивалот ќе се реализира исклучиво со онлајн-програма. Мотото на фестивалот е „Размислувај поразлично“. Сите филмови на...

Во кината Милениум и Фросина денеска започнува ЕХО Фестивалот за планински филм

Со филмски проекции во кино Милениум и кино Фросина, денеска започнува ЕХО Фестивалот за планински филм кој ќе трае до 9 октомври. „Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот...

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе почне утре. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на Северна Македонија. Утре со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани четири краткометражни македонски филмови, од кои три се анимираните филмови на режисерот Жарко...

Вечерва завршува фестивалот „Џифони Македонија“, учествуваа 300 млади од 13 земји

Шест дена богати со многу филмови, разговори, уметност и креативност оставија зад себе 300-те учесници на 8.Филмскиот фестивал на млади „Џифони Македонија“. Дел од она што сработија учесниците од 13 земји во изминатите денови, ќе биде прикажано на церемонијата на затворањето, вечерва во 19 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката. Најактивните учесници на фестивалот ќе добијат награди од пријателите...

Утре започнува „Џифони Македонија“ на кој ќе учествуваат 300 млади од 13 земји

Утревечер во 19 часот во Кинотеката на Македонија, со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“, кого Европската филмска академија го избра за најдобар филм за млада публика за 2020 година, ќе биде отворен фестивалот „Џифони Македонија 2020“. Овогодинешната тема на фестивалот е Земја (Earth) како дел тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018 г. – Вода, 2019...

Нетфликс нуди бесплатен преглед на серии и филмови

Една од најпопуларните платформи за стриминг на филмови и серии Нетфликс нуди бесплатен преглед на неколку филмови и неколку епизоди на серии. Сите кои што немаат претплата на оваа платформа сега се пречекани со пораката: „Погледнете некои од нашите омилени шоуа и филмови бесплатно.“ Дел од филмовите коишто се понудени се Murder Mystery, популарниот трилер Bird Box и The Two...

„Drive-in“ летно кино со автомобили за првпат во Охрид

Викендов на паркингот Горица 3 - НЕМО, три дена по ред се одржува летно кино во автомобили. Гостите имаа прилика под отворено небо да следат проекција на блокбастери. За вечерва од 21 часот е закажана проекција на филмот „Куќата што ја изгради Џек“, додека пак, вчеравечер присутните го следеа македонскиот филм „Панкот не е мртов“. Во петокот беше прикажуван „Малиот...

Во МКЦ ќе се одржи европскиот фестивал за анимиран филм „Flipbook Film Festival“

Од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за филм ќе се одржи првото издание на „Flipbook Film Festival“. Станува збор за настан кој ја промовира уметноста на современиот европски авторски анимиран филм, но и промоција на македонски авторски филмови и македонски студентски филмови. „Од пристигнатите повеќе од илјада кратки...

Отворено кино „Мирно лето“ во Кинотека со 12 филмски прикажувања до 17 август

Кинотека на Северна Македонија организира отворено летно кино, на кое во периодот од 30 јули до 17 август ќе се одржат 12 филмски прикажувања за љубителите на седмата уметност. Во дворот во Кинотеката, во овој период ќе бидат прикажани филмовите „Убиството на светиот елен“, „Студена војна“, „Паразит“, „Павароти“, „Мирно лето“, „Каде припаѓаме?“, „Хронофобија“, „Тие“, „Битлси: осум дена во неделата“...

Викендов бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ

Младинскиот културен центар во Скопје на 10 и 11 јули ќе организира бесплатно кино на отворено во паркот пред МКЦ. Проекциите почнуваат од 21 часот, а бројот на места е ограничен во согласност со мерките за заштита од ковид-19. „Доколку сакате да имаме културна програма ова лето, Ве молиме грижете се за себе и другите. Придржувајте се до мерките и...

Летно кино во Кинотека ќе се одржи од 10 до 13 јули

Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека започнува летна кино програма, а првиот викенд ќе го одбележи Eвропскиот филмски предизвик (European Film Challenge), со селекција на четири современи европски филмови. Летното кино ќе се отвори на 10 јули во 21 часот, со проекција на македонскиот филм - добитник на престижната LUX Prize за најдобар европски филм за 2019,...

Нова верзија на филмот „Justice League“

Нова верзија на филмот „Justice League“ ќе биде објавена на платформата HBO Max во 2021 година, соопштија од НВО. Премиерата на овој филм беше во ноември 2017 година и доби различни реакции, со многу разочарани фанови од филм што требаше да се натпреварува со „Avengers“ од „Marvel“. Студиото „Warner Bros“ од овој филм процениле загуба од 60 милиони долари. Новата...

Анкета: 47% од младите не прочитале ниту една книга во карантинот, 54% гледаат серии секој ден (инфографик)

Епидемијата на болеста Ковид-19 што ја предизвикува новиот корона вирус до сега во земјава официјално опфати околу 2.000 лица и предизвика над 100 смртни случаи. На светско ниво, од оваа болест до сега заболеа повеќе од 5 милиони луѓе, а починаа над 300.000. Таквата ситуација и мерките кои властите ги преземаа за спречување на понатамошното ширење на болеста им го...

Минатата година рекордна посетеност на кината во Македонија

Во 15 киносали низ државата, минатата година биле прикажани 1.139 филмови и 15.667 кинопретстави. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на посетителите достигнал 539.218, што е рекорден број во последните 10 години. Во интервју за „Мета.мк“, првиот човек на Кинотека на Северна Македонија, Владимир Ангелов, ги истакна своите претпоставки за можната рекордна посетеност на кината која се должи...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...