fbpx
Таг: филмови

таг: филмови

Оскари 2024: „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан со најмногу награди

Биографскиот филм „Опенхајмер“ (Oppenheimer) на режисерот Кристофер Нолан триумфираше на овогодишните Оскари со вкупно седум награди, меѓу нив и за најдобар филм, најдобар актер и најдобар режисер. Драмата која ја раскажува приказната за „таткото на атомската бомба“, минатата година ја изгуби битката за заработка со „Барби“ (Barbie) за време на летното „Барбенхајмер“ соочување, но сега ја освои борбата со награди,...

„Опенхајмер“ доминираше на наградите БАФТА

Силијан Марфи, Роберт Дауни Џуниор и режисерот Кристофер Нолан беа наградени за нивната работа на „Опенхајмер“ (Oppenheimer), додека филмот доминираше на овогодишните награди БАФТА, јави Би-Би-Cи. Марфи беше прогласен за најдобар актер за улогата на Роберт Опенхајмер, познат како таткото на атомската бомба, додека Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Драмата освои вкупно седум награди, вклучувајќи ја...

Десет бесплатни европски филмови неделава во Скопје, Битола и на платформата Cinesquare.net

Во рамки на проектот „Месец на европски филм“ неделава, од 6 до 12 ноември, во Битола, Скопје и онлајн на платформата Cinesquare.net бесплатно ќе бидат прикажани вкупно десет европски филмови. Организатор на проектот е Здружението на филмски продуценти на Македонија (МЗФП) од Скопје, додека проектот се реализира со поддршка од Општина Битола. Во киното „Манаки“ во Битола денеска со почеток во...

Нетфликс ги зголеми цените на претплатата

Стриминг платформата Нетфликс од вчера ги зголеми цените на претплатата за повеќето свои пакети во неколку држави, меѓу кои и САД, Велика Британија и Франција. Покачувањето доаѓа по соопштените резултати за заработката на компанијата во третиот квартал од годинава, според кои очекувањата за нови клиенти биле надминати, а акциите на Нетфликс пораснаа за 13 отсто. Речиси 9 милиони претплатници ширум светот...

Со „Екскурзија“ во режија на Уња Гуњак ќе биде затворен филмскиот фестивал „Џифони“

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје, со босанскиот филм „Екскурзија“ на режисерката Уња Гуњак. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе...

Гал Гадот, Хенри Кавел и Бен Афлек ќе играат негативци во новите „DC“ филмови

Superman Batman WonderWoman image by DC
Гал Гадот - една од најубавите актерки во Холивуд која има еврејско потекло и е најпозната по својата маркантна улога на „Wonder Woman“ (Вондервуман), заедно со Хенри Кавел, познат по улогите на Супермен и Вичер, и Бен Афлек, кој го игра Бетмен, ќе бидат негативци во новите филмови на „DC“ како дел од „The Crime Syndicate“ (Синдикатот за криминал)...

(Интервју) Саша Станишиќ: Во Јужна Кореја го снимив филмот PC BUSAN, ме фасцинира нивната гејминг култура

Фотографија од лична архива, се користи со дозвола.
Саша Станишиќ е македонски режисер и раскажувач. Неговата кариера како филмски режисер брои неколку филмови кои се по себе различни - забавни, но и со многу симболики за критичко размислување, а изобилуваат и со хумор. Истиот терк го има и во пишувањето каде како писател, или како што повеќе сака да биде нарекуван раскажувач, има издадено книга со кратки...

Проекции на креативни документарни филмови под отворено небо во рамките на „МакеДокс“

Првиот дел од годинашното Патувачко кино на Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ ги опфати градот Свети Николе и три села што се наоѓаат во неговата близина. Изминативе денови се одржаа проекции на креативни документарни филмови под отворено небо во Свети Николе, с. Горобинци, Ерџелија и Мустафино во светиниколскиот реон. Еден од новитетите на Патувачкото кино, како што информираат од...

„Барби“ повеќе популарен од „Опенхајмер“ – двата филма денеска ќе бидат прикажани премиерно

Сатирата „Барби“ на режисерката Грета Гервиг создадена од новото филмско студио на мултинационалната компанија за производство на играчки „Мател“ се очекува да „победи“ во многу популарното натпреварување против биографскиот филм за „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан. Двата филма денеска ќе бидат премиерно прикажани во повеќе држави, но филмот „Барби“ создаден со буџет од 145 милиони американско долари се очекува да триумфира...

Актерите во Холивуд стапија во штрајк – тврдат дека студијата бараат нивни ВИ реплики бесплатно и засекогаш

Втор месец траат штрајковите на сценаристите во Холивуд, а од денеска на штрајкот се придружуваат илјадници актери претставени од Здружението на актерите – Американската федерација на телевизиски и радио уметници (SAG-AFTRA). Станува збор за синдикат на 160.000 изведувачи, телевизиски и радио лица, новинари, пејачи, а меѓу нив и некои од најпопуларните лица во забавната индустрија како Том Хенкс и...

Новиот анимиран филм за Спајдермен „Акрос д Спајдерверс“ се прикажува во различни верзии

Across the Spiderverse-извори: Screenshot: Sony Pictures Animation / GSCinemas / Kotaku
Најновиот анимиран филм за Спајдермен „Акрос д Спајдерверс“ („Across the Spiderverse") се прикажува во кината во неколку различни верзии. Се работи за приказна „сместена“ во мултиверзум со спајдермен ликови од различни универзуми што се здружуваат против злото.  Референцата да се емитуваат различни верзии од цртаниот е сосема логична. Некои дијалози или реакции во различните верзии се сменети. Режисер на...

„План 75“ на Чие Хајакава освои „Златен був“ на Филозофскиот филмски фестивал

Со соопштување на наградите од интернационалното жири и последната проекција од програмата, синоќа во Кинотека на Северна Македонија беше затворено годинешното, 13-то издание на Филозофскиот филмски фестивал. Наградата „Златен був“ во Официјалната селекција на долгометражен филм ја доби јапонскиот филм „План 75“ (2022) во режија на Чие Хајакава. Освен жирито, овој филм ги освои и гласовите на публиката. „’План 75’ исполнува три...

Европското патувачко кино под отворено небо почнува утре, како загревање за Синедејс

Европското патувачко кино под отворено небо тргнува утре (петок) и по трет пат годинава носи наградувани и возбудливи европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата, овој пат во Дебар, Велес и Битола. Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за фестивалот Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови,...

Холивудските сценаристи во штрајк, продукцијата на филмови и серии може да прекине

Филмските и телевизиските сценаристи во Холивуд стапуваат во штрајк, запирајќи бројни продукциски проекти и задавајќи ѝ удар на индустријата што последниве години беше погодена од пандемијата и огромните технолошки промени, пишува Њујорк Тајмс. Синдикатите кои ги претставуваат сценаристите преку соопштение информираа дека „едногласно гласале за свикување штрајк“. Штрајкот ќе започне попладнево. Алијансата на филмски и телевизиски продуценти, која преговара во име...

Интервју со Ирма Башеска – Ристовска: Премостување на јапонската и македонската култура преку Nihon Ji фестивалот

Ирма Башеска Ристовска ( Портрет Фотографија -лична архива се користи со дозвола)
Ирма Башеска - Ристовска е член на Japan@mk - неформална организација на вљубеници во јапонската култура. Лани во нивна организација и со ангажман на повеќе луѓе, „направено од фанови за фанови и од љубов” - како што вели Ирма, беше организиран фестивалот Nihon Ji (Нихон Џи) во Public Room (Јавна соба), којшто привлече огромно внимание. Со само два месеца...

По 25 години Нетфликс го затвора својот бизнис за ДВД-а

Нетфликс, која започна да функционира како компанија што изнајмуваше ДВД-а по пошта, го прекинува овој свој бизнис што ја постави основата за врвната стриминг услуга по која компанијата сега е позната. Последните дискови од интернет страницата DVD.com ќе бидат испорачани на 29 септември годинава, соопшти американскиот стриминг-гигант на својот блог. „После неверојатни 25 години, решивме да го затвориме DVD.com подоцна...

„ХБО“ и „Дискавери“ се спојуваат во една стриминг платформа наречена „Макс“

„Ворнер Брос. Дискавери“ (Warner Bros. Discovery) вчера објави дека ќе ги спои своите стриминг услуги „ХБО Макс“ (HBO Max) и „Дискавери Плус“ (Discovery Plus) во еден канал наречен „Макс“. Новата стриминг платформа ќе ги комбинира сите постоечки програми што во моментов се достапни на „ХБО Макс“ и „Дискавери Плус“, вклучувајќи ги и во моментов најпопуларните содржини таму, како сериите...

Со вкупно седум награди, „Сѐ насекаде и одеднаш“ доминираше на Оскарите

Од вкупно 11 номинации, филмот „Сѐ насекаде и одеднаш“ (Everything Everywhere All at Once) ги доби наградите во седум категории на синоќешната церемонија на доделување на Оскарите. Научно-фантастичната акција на режисерите Даниел Кван и Даниел Шајнарт за семејство кинески емигранти кои патуваат низ мултиверзуми и ја откриваат смислата на животот, доминираше во речиси сите главни категории на 95-тото издание...

Нетфликс ја намали претплатата за корисниците во Северна Македонија

Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Северна Македонија. Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или светот. Известување за новите и пониски цени веќе добија претплатниците на Нетфликс што живеат во Хрватска,...

„Филмски ден на млада публика“ утре во Кинотека

Три филмови од кои два долгометражни и еден документарен се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика за 2022, соопштува Агенцијата за филм. Наградата е посветена на европските филмови за публика помеѓу 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...