fbpx
Таг: ФИФА

таг: ФИФА

ФИФА ги суспендира Блатер, Платини и Валк

Комитетот за етика на Светската фудбалска организација (ФИФА) донел одлука за привремена суспензија од функциите на претседателот на организацијата, Сеп Блатер, претседателот на УЕФА и заменик-претседател на ФИФА, Мишел Платини, и на генералниот секретар, Жером Валк, соопшти денеска Светската фудбалска федерација. Суспензијата на тројцата високи функционери на ФИФА е за период од 90 дена, во кој им се забранети какви...

ФИФА: Ворнер е доживотно суспендиран од фудбал

Поранешниот потпретседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џек Ворнер, доживотно е суспендиран од фудбал, соопшти денеска ФИФА. Ворнер, за кого САД имаат поднесено барање за екстрадиција поради обвиненија за корупција, измама и за перење пари, е суспендиран бидејќи „континуирано ги кршел прописите додека бил на високи позиции во ФИФА“. Американските власти кон крајот на мај побарале екстрадиција на Ворнер од Тринидад...

Мишел Платини ја потврди кандидатурата за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, денеска потврди дека ќе се кандидира за наследник на досегашниот шеф на светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер, на изборите закажани за 26 февруари следната година, јавуваат светските медиуми. Платини денеска изјавил дека „ФИФА треба да сврти нов лист“ по обвинувањата за корупција во нејзините редови. Кандидатурата на актуелниот претседател на УЕФА, наиде на жестоки критики...

Поради корупцискиот скандал, новите спонзори бегаат од ФИФА, старите бараат објаснување

Светската фудбалска организација, ФИФА, признала дека копуцискиот скандал што ја тресе организацијата ги одвраќа од ангажман новите спонзори за Светското првенство и дека за август се планира состанок со постојните финансиски поддржувачи, јавува „Би-Би-Си“. „Моменталната ситуација не придонесува и не помага во финализирањето на кој било од новите договори“, изјавил генераланиот секретар на ФИФА, Жером Валке. Претходно, клучниот спонзор „Виза“ ја...

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како што јавува „Би-Би-Си“, само му останува...

Швајцарија им испорача на САД претставник на ФИФА

Швајцарските правосудни претставници денеска соопштија дека на САД им ги испорачале претставниците уапсени во рамки на американската истрага за корупција во Светската фудбалска федерација (ФИФА). Швајцарската федерална канцеларија не ги објави имињата на испорачаните претставници. Извори на агенцијата „Ројтерс“ минатата недела соопштија дека Џефри Веб, поранешен потпретседател на ФИФА и претседател на фудбалската организација за Јужна и за Централна Америка, се...

САД побараа екстрадиција на претставниците на ФИФА

Швајцарските власти соопштија дека САД побарале екстрадиција на седумте претставници на ФИФА што во мај беа уапсени во Цирих. Федералниот оддел за правосудство ќе ги сослуша седуммината за барањето за екстрадиција, а потоа остануваат 14 дена за да се одговори на барањето, но би можеле да добијат и дополнително време од уште две недели. Барањето за екстрадиција се темели на сомнежот за мито...

Интерпол ја суспендира соработката со ФИФА

Интерпол го суспендира своето десетгодишно партнерство со Светската фудбалска федерација ФИФА во вредност од 20 милиони евра. Од Интерпол е соопштено дека оваа група „ќе го замрзне користењето на финансискиот придонес на ФИФА“. Генералниот секретар на Интерпол, Јирген Сток, рече дека одлуката е донесена „во светло на актуелните настани поврзани со ФИФА“. Спогодбата вклучува клаузула во согласност со која ФИФА мора да...

Директорот за комуникации на ФИФА ја напушта функцијата

Директорот на одделот за комуникации на ФИФА, Валтер де Гергорио, ја напушта функцијата, иако ќе остане да работи до крајот на годинава, како консултант. Соопштението доаѓа два дена откако Де Гергорио гостувал на една швајцарска телевизија каде кажа шега: „Во автомобил се возат претседателот на ФИФА, главниот секретар и директорот за медиуми. Прашањето е – кој вози? Одговорот е - полиција.“

Швајцарската полиција ги запленила компјутерските податоци во седиштето на ФИФА

Светската фудбалска организација ФИФА им ги предала компјутерските податоци на швајцарските власти, кои водат истрага за доделувањето на организацијата на светските првенства во 2018 и во 2022 година, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на свои извори. Податоците биле запленети од канцеларии во седиштетот на ФИФА во Цирих, меѓу кои, како што пренесува „Би-Би-Си“, и таа на претседателот на организацијата, Сеп Блатер. Швајцарската...

ФИФА го суспендира изборот за светскиот куп за 2026 година

ФИФА го суспендираше процесот на наддавање за Светското фудбалско првенство 2026. Фудбалската организација се најде на удар поради корупциски скандал поврзан со претходниот избор на земји. „Поради настанатата ситуација, сметам дека е бесмислено да почне процесот на наддавање, барем во овој момент. Тоа ќе биде одложено – рече генералниот секретар на ФИФА, Џером Волке, на прес-конференција во јужниот руски град Самара.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, поднесе оставка од функцијата. Тој веста ја соопшти за време на прес-конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред. Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација, седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомневање...

САД: Ќе има нови обвиненија за криминалот во ФИФА

Управата за приходи на САД тврди дека наскоро ќе покрене нови обвиненија околу криминалните активности во ФИФА. Американските власти пред неколку дена обвинија 14 лица за рекетирање, перење пари и за примање мито, од кои деветмина беа челници во Светската фудбалска федерација, додека петмина се директори на приватни корпорации, пренесе „Спортмедиа“ (спортмедиа.мк). - Верувам дека наскоро ќе имаме уште една...

Бомба во седиштето на ФИФА?!

Швајцарската полиција спроведе истрага за заканата со бомба на Конгресот на Меѓународната фудбалска федерација во Цирих. Конгресот на ФИФА ќе одлучи денеска со тајно гласање за новиот претседател на таа организација, а во изборната трка учествуваат актуелниот лидер Сеп Блатер и јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин.

Путин ги обвини САД за мешање во работата на ФИФА

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини САД за мешање во работите на ФИФА и оти се обидуваат да го спречат реизборот на Сеп Блатер за петти претседателски мандат на чело на светската фудбалска федерација. Путин синоќа, на националната руска телевизија, рече дека апсењето на седум челници на ФИФА во Цирих врз основа на обвиненија од САД е „јасен обид да се...

Уапсени претставници на ФИФА во Цирих

Швајцарската полиција утринава во Цирих уапсила неколку претставници на ФИФА поради обвинение за перење пари, ракетирање и за корупција во последните 20 години. Засега не е познато и официјално не е потврдено кој е уапсен. Светските медиуми јавуваат дека се уапсени шест претставници, а според „Њујорк тајмс“, претставниците ќе бидат испорачани во САД. Членовите на ФИФА се собираат во Цирих поради...

Македонија на 108. место на најновата ранг-листа на ФИФА

На најновата, мартовска ранг-листа што денеска ја објави ФИФА, Македонија бележи нов пад од четири места и сега се наоѓа на 108. позиција. Македонската фудбалска репрезентација е во групата на 10 најслабо рангирани европски селекции. Подобро пласирани од македонската се фудбалските селекции на Фарски Острови (105), на Боцвана (106) и на Доминиканската Република (107). На врвот на ранг-листата има една промена, односно...

ФИФА ги казни Интер и Рома за кршење на ФФП

Италијанските клубови Интер и Рома се соочуваат со казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради кршењето на финансискиот фер-плеј (ФФП), пренесува „Газета дело спорт“. Како што се наведува, Интер би можел да биде казнет со околу седум милиони евра, но и со намалување на играчкиот кадар во следната сезона во некои од европските натпревари. Од друга страна, Рома не ги прекршила...

ФИФА ја ублажи казната за Барселона

И покрај казната што му е изречена на клубот, Светската фудбалска федерација (ФИФА) на Барселона ќе ѝ дозволи да реализира трансфери. ФИФА, во август 2014 година, ја казни Барселона поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери со забрана за трансфери до јануара 2016 година и парично со 450.000 швајцарски франци. Барселона ја обжали одлуката на ФИФА во Судот за арбитража во спортот, но жалбата беше одбиена,...

Кристијано Роналдо ја доби „Златната топка“ за 2014 година

Кристијано Роналдо ја освои престижната награда на ФИФА „Златна топка“, со што беше прогласен за најдобар фудбалер за 2014 година. Кристијано Роналдо ги победи Германецот Мануел Ноер и Аргентинецот Лионел Меси. Ова за Роналдо е трета „Златна топка“ и со тоа ги достигна Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен. Само Меси има добиено четири вакви награди по...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...