!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

„Карпош соколи“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите


Скопје, 30 јуни, 2017 - 19:09 (META) 

Кошаркарскиот клуб „Карпош соколи“ ќе биде единствениот македонски претставник во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА. Кошаркарите од Карпош ќе одиграат три квалификациски натпревари за пласман во Лигата на шампионите. „Соколите“ ќе стартуваат од првото квалификациско коло и ќе треба да минат голем филтер, за да изборат пласман меѓу осумте клуба (од вкупно 32) кои ќе се пласираат во групната фаза од натпреварувањето.

Според ФИБА, во првото квалификациско коло ќе се натпреваруваат вкупно 16 тимови, меѓу кои и македонскиот претставник „Карпош соколи“. Само најдобрите ќе се пласираат во групната фаза, каде ги чекаат тимовите кои веќе се одредени како учесници во регуларниот дел од сезоната.


ФИБА Европа одлучи да не ја признава АБА-лигата


Тегернсе, 9 март, 2015 - 16:14 (META) 

Управниот одбор на европската кошаркарска организација (ФИБА Европа) на вчерашната седница донел одлука од наредната сезона да не ја признава АБА-лига.

„Признавањето на одредени лиги може да биде повлечено во случај лигата да не ги почитува барањата на ФИБА Европа, генералните статути и интерните правила на ФИБА. Јадранската лига не успеа да ги обезбеди потребните информации за неколку точки, на барање на ФИБА Европа и на ФИБА. За да не се наруши натпреварувањето, кое е во тек, и поради можни негативни ефекти за клубовите, донесена е одлука повлекувањето да стапи на сила на крајот од тековната сезона на јадранската лига“, стои во соопштението од 4. редовна седница на Управниот одбор на ФИБА Европа, објавено на интернет-страницата на кошаркарската организација.

Во АБА-лигата, како македонски претставник, настапува тимот на МЗТ Скопје Аеродром.