fbpx
Таг: фер

таг: фер

Заев: Победата е израз на слободната волја на граѓаните

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на прославата пред Владата за успехот во првиот круг на локалните избори на граѓаните „им ја честиташе слободата“. Тој рече дека имале предизвик да организираат слободни избори и резултат на тоа вечерва е изразот на слободната волјата на граѓаните. - Сакам да им честитам на сите граѓани. Со слободно изразената волја, народот ја...

Груевски од амбасадорите и од ОДИХР побарал услови за фер избори

На средба со амбасадорите на земји членки на ЕУ во Македонија и со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и членови на извршниот комитет на партијата, побарале „Владата активно да се ангажира за создавање демократски амбиент за одржување на локалните избори“, соопшти партијата. „Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува...

Владата ги повика институциите да гарантираат слободни и фер избори

Во пресрет на локалните избори, Владата на својата 26. седница донела декларација за заложби за слободни и фер избори и усвоила упатства за постапување на министерствата и на инситуциите за време на изборен процес. „Со упатствата се утврдуваат и насоките за начинот на постапување на министерствата, другите органи на државна управа и управни организации во врска со користењето на движните...

Димитриев – Чичаковски: Создадени се услови за фер, демократски и веродостојни избори

Tехничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев, денеска се сретнал со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствувале и дел од членовите на Владата. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, информирал дека сè е подготвено за одржување на изборите и оти сите потребни активности се реализирани во согласност со предвидената динамика. - Информирајќи дека избирачкиот список е потпишан...

Политичките партии денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите на 11 декември, денеска во 14 часот ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија (ДИК), која првпат го организира овој настан. - За таа цел, ги повикуваме претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и претседателите на политичките партии кои самостојно...

Брисел: Се надеваме дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба за изборите

Брисел се надева дека оваа недела ќе се одржи лидерска средба на која партиите ќе поведат иницијатива за договор за организирање на фер избори. Од Европската комисија велат дека се во постојан контакт со партиите и ги следат случувањата во Македонија. „Делегацијата на ЕУ е во постојан контакт со партиите и се надеваме дека тие ќе се согласат да се сретнат...

СДСМ: Реформи со Никола Груевски не може да има

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни, реагираат од СДСМ на денешната изјава на Груевски. „Државните институции повеќе не се функционални. Македонија нема претседател, нема вистинско демократско Собрание, нема Уставен суд, се е само партија и се е во функција на заштита на криминалите на Никола Груевски. Затоа независните институции кои што вистински...

Николовски: Груевски бега од фер избори за да ја спаси сопствената кожа

Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство во оставка, денеска на прес-конференција рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино. Николовски вели дека криминалот на Груевски преку злоупотреби во државните институции е целосно потврден. - Злоупотреби...

Министрите и дополнителните министри на СДСМ поднесоа оставки во Владата

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесоа оставки на функциите во Владата. „Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува одлуката на Собранието донесена на 23 февруари, со која се врши изменување на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат. Според Договорот од Пржино, министрите...

Уставниот суд ги доведе во прашање изборите на 5 јуни, сметаат граѓанските организации

Голем дел од активистите, граѓанските организации и опозициски партии сметаат дека вчерашната одлука на Уставниот суд, со која на претседателот му се даде можност да помилува лица гонети или осудени за изборен криминал, само го влошува теренот за фер и демократски избори. Велат дека со оваа одлука, судот им дава ветер во грб на сите што планираат да прават изборни манипулации,...

Спасовски: Фер и демократски избори се единствен излез од кризата

Голем е интересот да има фер и демократски избори што ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци што ги има и граѓаните ќе можат да носат одлука самостојно, во согласност со сопственото убедување, рече министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, при денешната посета на Берово. Според Спасовски, единственото решение за...

Роковите се стеснуваат, ќе успее ли ДИК да го подготви теренот за фер избори во април

Уште точно 138 дена има до предвремените парламентарни избори закажани на 24 април идната година, а политичките партии сè уште не се договориле за изборот на членовите на Државната изборна комисија. Партиите предложија членови, но не можат да се договорат околу експертите кои треба, исто така, да членуваат во највисокото изборно тело. Според Договорот од Пржино, ДИК треба да ја сочинуваат девет члена,...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...