fbpx
Таг: фемицид

таг: фемицид

Седум жени во Турција биле убиени од сегашни или поранешни сопрузи во еден ден

Седум жени биле убиени од нивните партнери или поранешни партнери низ Турција во вторникот, објави Гардијан, пренесувајќи една локална турска телевизија. „Вкупно седум жени беа дивјачки убиени во Измир, Бурса, Сакарија, Ерзурум, Денизли и Истанбул“, објави Хабертурк, турска телевизиска станица. „Осомничени биле или нивните сегашни сопрузи или партнери од кои биле разделени“, велат од телевизијата и ги наведоа имињата на жртвите...

Четири жени и девојче убиени во петокот во Виена

Четири жени и една тинејџерка биле убиени во Виена во петокот, соопшти Би-би-си. Телата на три жени, за кои се верува дека се кинески државјани, биле пронајдени во зграда во централниот кварт Бригитенау откако сведок повикал брза помош. Тие биле прободени од маж во петокот во бордел, а осомничениот е уапсен. Осомничениот, кој полицијата го опиша како 27-годишен авганистански државјанин, бил пронајден...

Платформа за родова еднаквост: Убиството во Кочани е фемицид, бараме преквалификување на делото

Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше изборена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, кочанското јавно обвинителство го квалификуваше како убиство на свиреп начин. Од Платформата за родова еднаквост реагираат дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за...

Три фемициди за еден месец, се бара одговорност за службените лица и најстроги казни за сторителите

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство објави остра осуда упатена до институциите затоа што не ги презеле сите соодветни дејства и со нивното нереагирање придонеле да се случат три свирепи фемициди - убиства на жени, во период од само еден месец во Куманово и во Кочани. „Непреземањето соодветни мерки од надлежните институции и неправилната, или отсуството на...

Платформа за родова еднаквост: Уште еден фемицид поради непостапување на институциите

Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност, реагираат од Платформата за родова еднаквост. Реакцијата следува по бруталниот настан вчера, кога 59-годишниот У.Р., рано изутрината уби жена пред нејзината...

Во БиХ убиена жена во пекарница, убиецот потоа се самоубил

Во босанското гратче Завидовиќи, западно од Тузла, вчеравечер 46-годишен маж во пекарница убил 33-годишна вработена, јави босанскиот весник „Аваз“ на својот вебсајт. Полициската станица Завидовиќи добила дојава во 21:17 часот вчера дека се пукало во пекарницата „Централ“. При увидот, што траел повеќе од четири часа, во пекарницата биле пронајдени телата на 33-годишната вработена Аида Дендиќ и 46-годишниот Мерсуд Халиловиќ. Според првичните...

Човекот што дојде по бебето по масовното убиство во БиХ добива закани

Емир Џиновиќ, младиот сопственик на теретана во босанското гратче Градачац, за кого работел убиецот Нермин Сулејмановиќ (35), по објавата на Инстаграм дошол на местото на злосторот и го зел бебето на Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на убиецот. Сега спасителот на бебето добива закани по живот, пишува босанскиот весник „Ослобоѓење“. Џиновиќ нема објаснување зошто дошло до масакрот. „Бебето беше спуштено на подот...

Квалификацијата на фемицидот во Неготино не ја отсликува суштината на најтешка форма на родово базирано насилство

Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за квалификацијата на фемицидот што се случи во Неготино во август оваа година и за текот на истрагата што ја водеше Основното јавно обвинителство Кавадарци. „Според информациите од полномошниците на оштетените, ОЈО Кавадарци против сторителот отвори предмет за кривичното дело Тешка телесна повреда при вршење семејно насилство по чл.131 ст.4 в.в ст.2 в.в...

Европската Комисија со низа критики за Северна Македонија во областа на половата еднаквост

Северна Македонија има уште многу работа во насока на унапредување на половата еднаквост, ова е констатирано во последниот Извештај на Европската комисија, за 2022 година за напредокот на Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. Извештајот ги истакнува недостатоците, односно каде земјата треба да направи поголем напредок, како и точките каде што Северна Македонија има напредок. Во продолжениe, Порталб.мк нуди...

Фемицидите се производ на молкот на општеството и недовербата во институциите

Фемицидот на 46-годишната жена од Неготино ја дополнува поразителната статистика според која повеќе од 80% од жртвите во земјава претходно не пријавиле насилство во надлежните институции, реагираа од Платформата за родова еднаквост. Од таму додаваат дека непријавувањето на насилството и несоодветното постапување на институциите во случаи со семејно и родово базирано насилство директно ја зголемуваат веројатноста насилството да кулминира со убиство. „Фемицидот, како...

Истражување: Насилството врз жените четириесет години се промовира преку регионалната музика

Ана Нинковиќ, студентката на Факултетот за драмски уметности во Белград предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со својот документарен филм „Насилство врз жените во домашните песни“ што го изработила за испитот Поп-култура: Од дигиталното до транс-медијалното, а преку кој го истражува насилството врз жената преку музиката, турбофолк, поп, рок, рап и хип-хоп песни. Таа својот испитен проект го замислила како...

Нова епизода на „Шорткат“ – Црна вдовица живее и во Македонија, во Гази Баба има над илјада желки

Вечерва во 19 часот ќе биде објавена најновата епизода од емисијата за млади „Шорткат“. Во новото издание ги пренесуваме резултатите од истражувањето на Македонското еколошко друштво во кое беа ангажирани млади еколози. Нивните проекти покажаа дека еден од најотровните пајаци во светот, црната вдовица, е присутен и во Македонија. Парк шумата Гази Баба е дом на над илјада желки, а...

Медиумите препишуваат полициски соопштенија и не ги следат до крај случаите на фемициди

„Родовиот баланс во секојдневниот живот и во политиката, во сите сегменти во општеството е предуслов за ставање крај на родово базираното насилство“, рече амбасадорката на Сојузна Република Германија. Анке Холштајн во своето обраќање на презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ – Не молчи. Не трај. Стави крај. Голема...

Фемицидот е скриена пандемија: Не молчи, не трај, стави крај

„Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство претставува најгруба форма на кршење на човековите права. Фемицидот е најекстремната форма на родово базирано насилство, односно криминал сторен од омраза“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ - Не...

Царовска: Со препознавање на ризикот, може да се спречат убиства на жени од нивните партнери

Убиствата на жените предизвикани од семејно насилство може да се спречат со навремено препознавање на ризикот, за што е потребна посветена меѓуинституционална работа. За таа цел, по ратификувањето на Истанбулската конвенција,  Владата почна со усогласување на законодавството, воведување на управување со случаи и отворање шелтер центри за лица жртви на семејно насилство. Ова го изјави министерката за труд и социјална...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...