fbpx
Таг: фејсбук

таг: фејсбук

Петмина македонски државјани протерани од Италија поради ширење радикален ислам

Петмина македонски државјани, кои подолг период живееле во Италија, се протерани од земјата поради поддршка на Исламска држава, нејзините активности и терористички напади, поттикнување на џихад и поради врски со радикални исламски свештени лица од Балканот, јавуваат италијанските медиуми. Станува збор за четворица мажи и за една жена, членови на едно семејство, на возраст од 28 до 52 години. Тие,...

На „Фејсбук“ за Иванов: Македонија е опасно место за живеење

„Се подлабоко и подлабоко ми е срам што имаме ваков фикус“, „Овој човек раскрстил со реалноста“, „Со специјалното обраќање Иванов денес ја отвори туристичката сезона со информации дека Македонија е опасно место за живеење“, „Што Груевски мисли, Иванов зборува“... Ова се само дел од реакциите што вчера се појавија на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ по обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

„Српскиот“ на Канческа-Милевска ги запали социјалните мрежи

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во изјава за „Радио телевизија Србија“ по повод 15. Биенале на архитектурата во Венеција, зборува на српски јазик, што предизвика смеа и коментари на социјалните мрежи. Од Министерството за култура ни рекоа дека министерката нема да реагира во врска со коментарите што денеска ги преплавија „Фејсбук“ и „Твитер“. https://twitter.com/EmilitoAtanez/status/743013906248048640 https://twitter.com/i999y/status/743076179087921152 https://twitter.com/Sulimanovic/status/743021451691823104 https://twitter.com/VlatkoVasilj/status/743019088285470720 https://twitter.com/darkhour_seeker/status/743046568262131712 https://twitter.com/sheretoto/status/743013556627574784 https://twitter.com/killerpotatoes_/status/743071321358258181 https://twitter.com/FlavrSavr/status/743067670120128512 https://twitter.com/jocoska/status/743047251392663552 https://twitter.com/ZKardula/status/743037713604022273 https://twitter.com/Goran_Man/status/743051505381572608 https://twitter.com/partizangunner/status/743027239839772672 https://twitter.com/toVornottoV/status/743045506092412928 https://twitter.com/forty_tw0/status/743044321587400704 https://twitter.com/Sulimanovic/status/743021982111956992 https://twitter.com/forty_tw0/status/742989732972498945 https://twitter.com/ADojranliev/status/743086002802204673

Ахмети на „Фејсбук“: ДУИ ќе побара итно да се свика Собранието

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својата фејсбук-страница најави дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието. „Последните случувања во земјата и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и на ДПА, не претставуваат почеток на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување. Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани...

Народна банка ќе може да се следи на „Фејсбук“ и на „Твитер“

Народна банка од минатата недела е присутна на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“, заради, како што информираат од банката, зголемена информираност на граѓаните за нејзината улога и за значењето во домашната економија. Од банката додаваат дека оваа активност се надоврзува на веќе почнатите активности на годинешниот јубилеј „70 години централно банкарство во Република Македонија“ со мото „Запознајте ја централната банка“.

Крадел фотографии од „Фејсбук“ и ги објавувал на порнографска веб-страница

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 35-годишниот Ј.К. поради постоење основан сомнеж дека злоупотребувал лични податоци. Ј.К. без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две девојки, на возраст од 18 и 20 години, на социјалната мрежа „Фејсбук“, и активно ги користел повеќепати при што направил...

Северна Кореја ги блокираше „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутуб“

Северна Кореја соопшти дека го блокирала пристапот со „Фејсбук“; „Твитер“, „Јутуб“ и до јужнокорејските сајтови. Во соопштението на Министерството за пошта и телекомуникации се наведува дека „антирепубличките сајтови за лажна пропаганда, сексуалните и интернет станиците на возрасни“ се блокирани, заедно со сервисите „Јутуб“, „Фејсбук“, „Твитер“, „Гласот на Америка“ и страниците на јужнокорејските медиуми. Соопштението е објавено на главниот мобилен оператор „Кориолинк“...

Јанкулоска на „Фејсбук“: Во обид да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи,  на „Фејсбук“ го сподели своето мислење за случајот „Тврдина“, кој денеска Специјалното јавно обвинителство го отвори против неа и службеници во МВР за уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување. „Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од...

Специјално јавно обвинителство: Судот пропушти шанса да се запише во историјата

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба. „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, стои во статусот објавен на страницата. Основниот суд Скопје 1, каде синоќа се вршеше распит на дел од осумте осомничени за изборни нерегуларности,...

Ахмети: Ја поздравувам одлуката на СДСМ да остане во Владата и во Собранието

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот профил на „Фејсбук“ ја поздрави синоќешната одлука на опозицискиот СДСМ да остане дел од процесот на решавање на политичката криза во земјата преку активно учество во Собранието, Владата, како и во работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. „Се надевам дека во следните денови сите политички партии ќе дадат свој придонес да се...

Ахмети: СДСМ да го почитува договореното од Пржино

СДСМ да го почитува договореното од Пржино и да учествува на избори на 24 април, повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку својот фејсбук-профил. Тој ја повикува најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот. „Заеднички се договоривме изборите да бидат на 24 април. СДСМ да не избрзува со важни одлуки за иднината на земјата. Како што...

Специјалното обвинителство се пофали со новата фејсбук-страница

Тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од 9 до 20 ноември годинава поминало низ повеќе обуки, информираат оттаму. „Воедно, во сорабока со Министерството за правда, подготвивме предлог-закон за јавно-обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и со административен кадар. Предлог-законот е подготвен врз основа на Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани...

Обама отвори профил на „Фејсбук“

Белата куќа отвори денеска профил на „Фејсбук“ за претседателот Барак Обама, кој ја искористи оваа социјална мрежа за да испрати порака за климатските промени. „Организирање за акција“ е политичка организација која му помогна на Обама при изборот за претседетел, а веќе долго ја користи страницата на „Фејсбук“ под името „Барак Обама“, но новиот профил му овозможува на претседателот да зборува...

„Фејсбук“ падна, корисниците бесни

Најпопуларната социјална мрежа „Фејсбук“ од доцна попладнево подолго време не беше достапна. Одвреме-навреме корисниците можат со тешкотии да се најават, но мрежата не е стабилна, што предизвикува лавина бесни и саркастични објави во целиот свет. Ова, според коментарите на интернет, укажува дека паѓаат и се активираат некои од серверите, но и дека најверојатно станува збор за вирус или системски проблем. Од компанијата се извинуваат...

Боно Вокс се збогати преку „Фејсбук“

За 56 милиони фунти, Боно Вокс во 2009 година купил 2,3 отсто удел во акциите на „Фејсбук“. Вредноста на неговите акции денес се искачила на вртоглави 940 милиони фунти. Тоа значи дека водачот на бендот „Ју ту“ во последните шест години, врз основа на тоа заработил повеќе отколку во текот на целата своја музичка кариера. Со овој потфат, ирскиот музичар го симнал...

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на стоки кои се предмет на...

Апликацијата „кој ме избиршал“ повеќе не е достапна на „Фејсбук“

Aпликацијата „Кој ме избришал“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ повеќе не е достапна на ниту една платформа, иако за кратко време стана популарна меѓу корисниците. Ова денеска го објави програмерот на оваа апликација, Антонио Куске. Тој објасни дека апликацијата требало да биде корисен алат за подобрување на искуствата на корисниците, но од компанијата не го делеле тоа мислење. Апликацијата беше дизајнирана за да обезбеди информација за...

„Перцепција“, нов сјаен бисер на Иванов

„Тоа што е извештај на „Фридом хаус“ е перцепција, тоа не е на основа на факти или аргументи и на основа на одредени документи туку на основа на перцепција, која е создадена од нашите медиуми“, рече претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното интервју на телевизија „Телма“ во емисијата „Топ-тема“. Во текот на својот мандат, претседателот Иванов имаше неколку гафови како „разумен...

„Анонимуси“ со поддршка на новата енкриптирана социјална мрежа

На интернет се појави нова социјална мрежа, која ветува поголема транспарентност, безбедност и приватност од „Фејсбук“ и од другите социјални мрежи, пренесуваат светските медиуми. На прв поглед „Мајндс.ком“ (Minds.com) изгледа како и сите останати социјални мрежи, но главната разлика е во она што е во заднина. „Мајндс“ не е фокусирана на профит од собраните податоци, туку нејзината цел е сосема...

Белгија поднесе тужба против „Фејсбук“

Белгиската комисија за заштита на приватноста поднесе тужба против „Фејсбук“ затоа што утврдила дека оваа социјална мрежа не ги почитува препораките за почитување на приватноста на корисниците на интернет. Ова е прва тужба која некоја европска земја ја покренала против популарната социјална мрежа. Откако „Фејсбук“ на почетокот на оваа година воведе нови услови за користење, регулаторните тела за заштита на податоците...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...