fbpx
Таг: фејсбук

таг: фејсбук

72,2 отсто од населението во Македонија користи интернет

Вкупно 1.503.000 жители на Македонија, односно 72,2 отсто од населението користи интернет, а милион од нив се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Според истражувањето, македонските граѓани повеќе користат интернет во споредба со жителите на Црна Гора (69,9 отсто), БИХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8 проценти), но...

„Фејсбук“: Околу 10 милиони лица ги виделе „руските огласи“ за американските избори

„Фејсбук“ соопшти дека околу 10 милиони лица пред и по изборите во САД во 2016 година ги прегледале огласите што се поврзуваат со руска агенција. Компанијата претходно објави дека му предала на Конгресот околу 3.000 реклами кои се поврзуваат со Русија, а кои се фокусираат на различни социјални и политички пораки, вклучувајќи и ЛГБТ-права, имиграцијата и правото на оружје. Огласите, како што...

Зукерберг ги отфрли обвинувањата на Трамп дека „Фејсбук“ работи против него

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Марк Зукерберг ги отфрли обвинувањата искажани од претседателот на САД, Доналд Трамп кој рече дека оваа компанија е против него. -„Фејсбук“ од секогаш беше против Трамп. Социјалните мрежи секогаш биле против Трамп – напиша претседателот на САД, на својот „Твитер“ профил обвинувајќи ги и медиумите „Њујорк Тајмс“ и „Вашингтон пост“ дека работат против него и...

„Фејсбук“ работи на заштита на изборите во Германија од руско влијание, вели Зукерберг

Основачот и директор на „Фејсбук“,Марк Зукерберг во видео-обраќање изјави дека социјалната мрежа ќе и помогне на Германија во спречувањето на евентуално мешање на Русија во парламентарните избори во земјата, закажани за в недела. „Работиме на тоа да обезбедиме интегритет на германските избори за време на викендот, од преземање на мерки против неколку илјади лажни профили, до соработка со властите...како...

„Фејсбук“ има докази дека Русија се мешала во изборите во САД

Американската компанија „Фејсбук“ открила извори поврзани со Русија кои платиле околу 100.000 долари за неколку илјади политички реклами на оваа социјална мрежа, пренесува „Би-би-си“. Од „Фејсбук“ за тоа ги известиле американските власти кои ја истражуваат наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година. „Во рамки на проруската кампања се потрошени 100.000 долари за околу 3.000 реклами во период...

Скопскиот суд пресуди 400 евра казна за навреда на Ердоган на „Фејсбук“

Кривичниот суд во Скопје го прогласил за виновен Е.А. поради навреда на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на „Фејсбук“, јавува турската новинска агенција „Анадолу“. Судот го осудил Е.А., кој има македонско и турско државјанство, на парична казна од 24.600 денари (400 евра), во процесот што беше отворен по кривична пријава од амбасадорката на Турција во земјава, Тулин Еркал Кара,...

ЕУ го казни „Фејсбук“ со 110 милиони евра

Европската Унија ја казни компанијата „Фејсбук“ со 110 милиони евра поради давањето лажни информации во врска со купувањето на апликацијата „ватсап“ (WhatsApp), систем за праќање пораки на мобилни телефони. Европската комисија денеска соопшти дека „Фејсбук“, кога ја известил Комисијата за преземањето на „Ватсап“ во 2014 година, навел дека не може да „воспостави сигурно автоматско препознавање“ на корисниците на социјалната мрежа со тие...

Македонија има 1,44 милиони корисници на интернет, а еден милион се на „Фејсбук“

Вкупно 69,1 од проценетата бројка на 2.083.308 жители на Македонија се поврзани на интернет, односно 1.439.089, а еден милион користат „Фејсбук“, покажуваат пресметките за март годинава на специјализираната статистичка веб-страница „Интернет ворлд стат“. Од земјите во регионот, по користењето интернет во март годинава пред Македонија биле Косово (со 80,4 отсто) Словенија (72,8 проценти), Хрватска (74,4 проценти), БИХ (69,3 отсто). Зад...

„Фејсбук“ казнет поради кршење на законот за приватност

Независната француска комисија за заштита на приватноста денеска го казни „Фејсбук“ со 150.000 евра поради кршење на француските закони за заштита на личните податоци. Националната комисија за информатика и за слободи го казни „Фејсбук“ поради следење на активностите и користењето на личните податоци на 33 милиони корисници, како и други лица кои пребаруваат на интернет, а не се корисници на...

Груевски: Насилството не е решение, потребно е смирување на страстите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по денешната тензична атмосфера во Собранието, при што неколку пратеници беа повредени откако демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом, преку својот профил на „Фејсбук“ повика на присебност и додаде дека насилството не е решение. „Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на...

Димитриев го искара Рама на „Фејсбук“

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и на Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси било од „пријателска природа“, вели техничкиот премиер Емил Димитриев на својот...

Груевски на „Фејсбук“: СДСМ со тиранската платформа прави изборна измама

Влада која ќе ја спроведува тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна, а однесувањето на СДСМ е како да нема народ во државата или како тој воопшто да не е важен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на „Фејсбук“. - Наспроти ова, улиците на градовите се преполни со народ...

По тепањето, новинарите ги плукаат во живо и на социјалните мрежи

По физичкиот напад врз новинарот и врз камерманот на порталот „А1он“, зачестија виртуелните напади на социјалните мрежи, но и обидите за заплашувања кон истакнати критичари на досегашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Се разгоре битката и нетрпеливоста помеѓу „патриотите“ и „предавниците“. Сите што не се согласуваат со ставовите и со постапките на ВМРО-ДПМНЕ се етикетираат како „соросоиди“ кои „сакаат да ја разнебитат државата“. Последниот случај...

Груевски на „Фејсбук“: Ако се изгласа оваа влада, таа ќе биде влада на еден амбасадор

„Принципот на коалицирање „победник со победник“ со потегот на ДУИ е засекогаш уништен. Никој, па ни ВМРО-ДПНЕ во иднина нема да има таква обврска да коалицира со победникот“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот статус на „Фејсбук“, откако ДУИ реши потписите за состав на нова влада да ги даде на СДСМ. - Оваа влада е направена под жесток надворешен...

Јовановски го тргна „воинствениот“ статус со кој го запали „Фејсбук“, но најавува нова акција

Актерот Владо Јовановски го избриша спорниот статус на неговиот „Фејсбук“ профил по бурната реакција и големиот број на коментари на социјалните мрежи - често преполни со говор на омраза, но денеска стави нов и напиша дека не се крие и дека „уште денес ќе го видат, а можеби и утре и задутре“. Тој вчера на „Фејсбук“ сподели статус во кој...

Амбасада на САД: Заканите ги пријавуваме во МВР, но не бараме кривично гонење

Амбасадата на САД во Скопје ги информира македонските власти за заканите што доаѓаат до нив од разни извори, но не побарала сторителите да бидат правно гонети, туку тоа го остава на надлежните институции во земјава, велат од американската амбасада на прашање на „Мета“ во врска со кривичната пријава поднесена од МВР против скопјанец кој му се заканувал на амбасадорот Џес...

Јанкулоска: СЈО да отвори и милион истраги, нема да покрие дека е подредено на СДСМ

Специјалното јавно обвинителство може да отвори уште милион измислени истраги што се производ на конструкции, без никакви докази и аргументи, но тоа нема да ги направи вистина нивните лаги и нема ја ја покрие нивната партиска подреденост кон СДСМ, напиша на „Фејсбук“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како реакција на новите истраги на СЈО, „Тарифа“ и „Тенк“. Истрагите...

Закани за Ермира Мехмети, ѝ го оштетиле и автомобилот

Поранешната пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, преку својот профил на „Фејсбук“ објави дека ноќеска ѝ бил оштетен автомобилот и оти добива закани. „Закана, уцена или порака за да ме замолчат? Можете да продолжите да кршите стакла или други работи на мојот автомобил, можете да праќате заканувачки пораки, можете да продолжите со анонимни повици по полноќ… Но, тоа не ја менува...

Во Србија приведено лице кое го навредувалo семејството на премиерот Вучиќ

Српската полиција денеска во координација со обвинителството за високо-технолошки криминал, го уапси М.Р (28) кој е осомничен дека им се заканувал на членовите на семејството на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, како на „Фејсбук“ така и во коментари на веб-страницата на еден весник, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. При претресот, полицијата кај осомничениот пронашла мобилен телефон преку кој тој...

Лудост е тврдењето дека „Фејсбук“ му помогнал на Трамп да победи, оцени Зукерберг

Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, денеска ги демантираше медиумските написи дека социјалната мрежа придонела за пораст на популарноста на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, јавува „Би-би-си“. Тој на трибината за нови технологии во Калифорнија, рече дека „Фејсбук“ не треба да се смета за одговорен за нешто такво. - Идејата дека лажните новости на „Фејсбук“ влијаеле на исходот е ептен луда...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...