fbpx
Таг: фејсбук

таг: фејсбук

Ванковска нема да добие обвинение за говор на омраза за несреќата кај Ласкарци

Основното јавно обвинителство Скопје нема да покрене обвинителен акт за професорката Билјана Ванковска за нејзиниот статус на Фејсбук „Каква трагедија и иронија: Карпалак“, веднаш по автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци на 13 февруари годинава, поради која 16 луѓе ги загубија животите, пишува Порталб.мк. По статусот, МВР пролетва доставило информација за говор на омраза од Ванковска и други лица...

„Македонска фабрика“ за лажни вести украде Фејсбук-страница од „Ветераните за Трамп“

Со ветување за приходи од по неколку десетици илјади долари месечно, Македонец што се претставил како Андреј Спасовски, успеал да го убеди главниот администратор на популарната Фејсбук-страница „Vets for Trump“ („Ветераните за Трамп“), која ја следеле околу 100.000 корисници, да му даде администраторски пристап, односно на неговата фејсбук-страница Ad Break. Откако тоа го направил, Спасовски го тргнал дотогашниот главен...

Фејсбук воведува опција за онлајн дејтинг, за сега само во САД

Фејсбук ја пушти во употреба најновата опција за онлајн дејтинг во САД. Платформата Фејсбук на дневна база ја користат 1.5 милијарди лица кои отсега ќе имаат можност не само да се поврзат со своите пријатели и да се информираат туку и да најдат романтичен партнер или, можеби љубовта на својот живот. Од Фејсбук велат дека оваа опција е независна од...

Со написи стари една година се помага ширењето дезинформации во Грција, Словенија и Македонија

Минатиот месец се појави нов тренд на ширење дезинформации на интернет сферата во Македонија: социјалните медиуми беа преплавени со линкови до написи стари една година промовирани преку реклами на Фејсбук и десничарски Фејсбук групи. Дел од овие написи првично биле објавени истиот месец, но пред една година. Ова може да упатува на обид да се доведат во заблуда читателите, кои...

„Фејсбук“ отстрани 212 лажни профили од Северна Македонија и Косово

Во последниот извештај доставен до Европската комисија (ЕК), како потписник на Кодексот на практики против дезинформациите, „Фејсбук“ посочува дека само во последните неколку седмици отстраниле осум координирани мрежи на лажни профили од Северна Македонија, Косово и Русија. Од „Фејсбук“ во извештајот објаснуваат дека вкупно отстраниле над 2.000 профили, страници и групи, од кои 212 потекнувале од Косово и од...

Фејсбук, Гугл и Твитер под лупа на Европската комисија

Европската комисија вчера објави извештај во кој го оцени напредокот на трите големи Интернет компании Фејсбук, Гугл и Твитер во нивната борба против дезинформациите. Овие три компании потпишаа Кодекс на практики и се обврзаа да известуваат еднаш месечно за нивните активности на ова поле пред изборите за Европскиот Парламент во мај 2019 година, објави „КриТинк.мк“. Комисијата истакна дека ги цени...

Фејсбук избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран

Фејсбук денеска објави дека избришал илјадници профили од Македонија, Косово, Русија и Иран, кои покажувале „неавтентично координирано однесување“. Од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се избришани 2.632 профили, страници и групи, поради различни причини. Од вкупната бројка, 1.907 профили или страници биле од Русија, а 513 со Иран. Станува збор за 86 страници, 64 профили и 1.757 групи. Од Македонија и Косово...

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство - Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“. Б.Б. вчера бил повикан на службен разговор во полициска станица, а...

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се условува приемот на деца...

Макрадули вечерва на „Фејсбук“ ќе одговара на прашања за загадувањето

Денеска во 20.30 часот на „Фејсбук“ страницата „План за чист воздух“, граѓаните ќе можат да му поставуваат прашања од доменот на борбата против загадувањето на воздухот на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули и тој ќе одговара на нив во живо. Прашањата, исто така, ќе можат да бидат поставувани и преку „Твитер“, со користење на хаштагот #ЗаЧистВоздух. Оваа информација беше...

Груевски на „Фејсбук“ потврди дека добил азил во Унгарија

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој е правосилно осуден на две години затворска казна во случајот „Тенк“ на СЈО, на  својата „Фејсбук“ страница преку статус потврди дека добил азил во Унгарија. „Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија....

Кривична пријава за маж што се заканувал на пратениците преку Фејсбук

СВР Скопје и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ќе поднесат кривична пријава против 38-годишниот А.Н. од скопско Коњари, поради закани преку Фејсбук. Кривичната пријава ќе биде за загрозување на сигурноста и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку копјутерски систем. Полицијата вчера извршила претрес во домот на осомничениот, при што се одземени предмети, а тој бил...

Тетовец креирал лажен „Фејсбук“ профил заради уцена

Тетовец креирал лажен профил на „Фејсбук“ на женско лице од Тетово, објавил компромитирачка фотографија од неа, а потоа ја уценувал да стапи во интимен контакт со неа. Поради тоа, односно поради сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци, СВР Тетово поднело кривчна пријава против 30-годишниот С.Т., кој делото го сторил во април годинава.

„Фејсбук“ без согласност споделувал податоци со производители на смартфони

Социјалната мрежа „Фејсбук“ имала договор за споделување податоци на корисниците со компании производители на смартфони и други уреди, како „Амазон“, „Епл“, „Блекбери“, „ХТЦ“, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други, пишува американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори во социјалната мрежа. Како што е наведено, „Фејсбук“ има потпишано договори со најмалку 60 производители на паметни телефони и други уреди. Соработката траела...

Закерберг се извини во Европскиот парламент за злоупотребата на податоците од „Фејсбук“

Основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг се извини пред пратениците во Европскиот парламент, порачувајќи дека компанијата не направила доволно за да ги спречи злоупотребите од оваа социјална мрежа и дека регулацијата е важна и неминовна. „Не ја разгледавме во потполност нашата одговорност. Тоа беше грешка и жалам поради тоа“, изјави Закерберг. Тој одбил да одговори на прашањето дали имало размена на податоци...

Скандалозната „Кембриџ аналитика“ прогласи банкрот

Британската интернет-аналитичка компанија „Кембриџ аналитика“, којашто се најде во центарот на скандалот поради злоупотребата на личните податоци на над 80 милиони корисници на „Фејсбук“ во политички кампањи, соопшти дека прогласува банкрот. „Кембриџ аналитика“ има седиште во Велика Британија, а синоќа челниците на компанијата им соопштиле на вработените да ги вратат своите картички и компјутерите, затоа што компанијата престанува со работа. Првите...

Закерберг: Откривме профили од Македонија кои ширеа лажни вести

Сопственикот на „Фејсбук“, Марк Закерберг, во интервју за „Си-ен-ен“ вели дека минатата година пуштиле нови алатки за вештачка интелигенција, за да откријат лажни профили што се обидуваат да шират лажни вести, и дека пронашле голем број такви профили од Македонија. Ова е прво појавување на Закерберг во медиумите откако беше откриен скандалот со „Кембриџ Аналитика“, фирма за податоци која имала...

Поради говор на омраза, „Фејсбук“ ги затвори страниците на партијата „Британија на прво место“

„Фејсбук“ со официјално соопштение извести дека ги избришала официјалните страници на партијата на екстремна десница „Британија на прво место“ (Britain First) и на нејзините лидери поради говор на омраза. Според лондонски „Гардијан“, „Фејсбук“ ги отстранил главната страница на партијата, која имала над 2 милиони фанови, како и страниците на партиските челници Пол Голдинг и Џејда Франсен поради „ширење говор на...

Анализа: Градоначаниците не ги користат социјалните мрежи за да ги слушнат граѓаните

Осумдесет од вкупно 81 градоначалник ја користат социјалната мрежа „Фејсбук“ во својата работа, покажа анализата направена од тим специјалисти за социјални медиуми, во периодот помеѓу 04 и 15 декември 2017 година. Втор на листата на „омилени“ социјални медиуми кои ги користат градоначалниците е „Инстаграм“. Анализата покажува дека 21 градоначалник го користат „Инстаграм“, а само пет од 81 градоначалник го користи...

„Фејсбук“: Руската пропаганда ја виделе 20 милиони Американци

Околу 20 милиони Американци можеле на „Инстаграм“ да видат содржини креирани од руски оператори пред американските избори, објави „Фејсбук“. Податоците се изнесени во рамки на истрагата пред разузнавачкиот одбор на американскиот Сенат, за тоа како Русија ги користела социјалните мрежи за да се обиде да влијае на изборите во САД. Одборот ги сослуша претставниците на „Фејсбук“, „Твитер“ и на „Гугл“ во...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...