fbpx
Таг: фејсбук

таг: фејсбук

Фејсбук отстранил седум милиони постови поради дезинформации за корона вирусот

Во вториот квартал на годинава, односно од почетокот на април до крајот на јуни, Фејсбук отстранил вкупно седум милиони постови, поради ширење дезинформации за корона вирусот, вклучително и оние со препораки за неправилни мерки за заштита или за некои лекарства или начини за лекување. Во соопштението од најголемата социјална мрежа на светот се појаснува и дека во истиот период, односно...

Фејсбук првпат избриша пост на Доналд Трамп поради дезинформација

Фејсбук избриша пост од претседателот на САД, Доналд Трамп, во кој се содржела дезинформација кажана од него за подложноста на децата на ковид-19. Ова е првпат компанијата која управува со најголемата социјална мрежа да не дозволи неточни содржини во пост на претседателот на САД. Во постот, објавен на личниот профил на Трамп, бил видеоклип од телевизијата „Фокс“ во кој Трамп...

Австралија сака да ги принуди „Гугл“ и „Фејсбук“ да им плаќаат на медиумите за објава на вести

Австралиската влада планира да им даде рок од три месеци на „Гугл“ и „Фејсбук“ за да испреговараат праведна исплата со медиумите во оваа земја за објавување на вестите. Австралија е првата земја во светот која се обидува да ги принуди технолошките гиганти да плаќаат за објавување на медиумските содржини, што би претставувало чекор во насока на заштита на независното...

ОЈО со обвинителен предлог против Љупчо Златев за оддавање на службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против главниот уредник на порталот „Економски лидер“, Љупчо Златев за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје. „Во текот на првата половина на јули обвинетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција...

Фејсбук во партнерство со Метаморфозис и Вистиномер започна програма за проверка на факти во Северна Македонија

Денеска Фејсбук објави дека заедно со Фондацијата Метаморфозис и Вистиномер ќе започне со работа на програма за проверка на факти од трети страни во Северна Македонија. Покрај во земјава, Фејсбук започнува со работа на оваа програма и во други земји од регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, додека веќе постоечката програма во Хрватска ќе биде проширена. Како дел од борбата против дезинформациите на...

ЗНМ и ААВМУ: МВР и ОЈО да ги откријат лицата кои на Фејсбук ѝ се закануваа на новинарката Бурнс

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (ААВМУ) најостро ги осудуваат онлајн нападите и заканите по безбедноста на новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс. Бурнс во текот на вчерашниот ден добила низа закани на својот личен профил на Фејсбук, поради објавување на текст за свадба која се одржала во Тетово, укажувајќи дека тоа е...

ЦИВИЛ: Социјалните мрежи и дел од медиумите и на овие избори се користат за ширење лажни вести и омраза

Граѓанската организација ЦИВИЛ денеска одржа прес-конференција за да ги претстават нивните досегашни наоди од мониторингот на платеното политичко рекламирање и медиумското известување пред и за време на изборната кампања за изборите што ќе се одржат на 15 јули. Од тимот на ЦИВИЛ посочија дека првата недела од предизборната кампања почнала жестоко и валкано, со жалење дека дезинформациите, клеветите, вербалното...

Фејсбук ќе ги предупредува своите корисници ако сакаат да споделат стара вест

Фејсбук соопшти дека ќе додаде нова функција на својата апликација со која ќе ги преупредува своите корисници доколку содржината што сакаат да ја споделат е стара. Ова е втор чекор на Фејсбук во борбата против дезинформации, откако во 2018 година го дадоа контекст копчето кое што дава информации за изворите на статиите што се појавуваат кај нивните корисници. Новата функционалност...

Измамници со криптовалути промовираат лажни написи од „Форбс“ преку огласи на „Фејсбук“

Измамници кои како мамка користат лажни написи од списанието „Форбс“ и анти-ЕУ дезинформации продолжуваат со кампањата насочена кон корисниците на Фејсбук од Европа, предупредува Фондацијата „Метаморфозис“ во изјава објавена во Скопје на 28 мај. Метаморфозис е организација од граѓанското општество од Северна Македонија која промовира дигитални права (човекови права во дигиталната сфера) и медиумска писменост. Резултатите на мониторинг на социјалните...

Фејсбук и Инстаграм со нови опции за поддршка на малите бизниси

Инстаграм и матичната компанија Фејсбук најавија неколку нови фунцкии кои ќе им овозможат на корисниците да ја искажат нивната поддршка за малите бизниси. Новите функции се претставени со цел да им се помогне на бизнисите полесно да се справат со економските последици од коронакризата. „Бидејќи многу продавници остануваат затворени, а социјалните мрежи служат како најпрометна улица во моментов, прибегнувањето кон...

Facebook со новата алатка Messenger Rooms ќе биде конкуренција на Zoom

Компанијата Фејсбук ја објави својата нова алатка Messenger Rooms, со која се овозможува групни аудио и видео повици со најмногу 50 луѓе. Исто така, од компанијата го удвојуваат капацитетот на луѓе во видео повици на WhatsApp од четири лица на осум лица. Алатката Messenger rooms нема ограничување на разговорорите, при тоа овозможува дури и оние кои немаат кориснички профил на...

„Фејсбук“ во САД ги блокира лицата што повикуваат на протести против мерката карантин

Фејсбук информираше дека ќе ги отстранува содржините што се залагаат за собири и протести што се противат на меркaта за карантин и владиното здравство. Компанијата работи и на отстранување содржини кои имаат за цел да го обесхрабрат третманот на справување со корона вирусот. Како што велат од компанијата, од платформата веќе се отстранети пораките на демонстрантите во Калифорнија, Њу Џерси...

Тивките херои во борбата против Ковид-19: Спасуваат животи со помош на 3Д принтери

Пораките се сменуваат од минута во минута: „Голема благодарност за визирите, ПЗУ Св. Пантелејмон!“, „Штотуку пристигнаа визирите во Институтот за медицина на трудот, голема благодарност до Бојан Трајковски, Ненад Лазаров и дечките од 3Д Принт!“, „Дечки, супер сте!“. Во Фејсбук групата 3Д Принт медицинска опрема овие денови постојано пристигнуваат нови информации за испорачани заштитни визири, кои доброволците, собрани околу...

Како треба институциите да се борат против лажните вести?

2020 година со себе го донесе брзото ширење на коронавирусот, болеста што ја предизвикува вирусот Ковид-19, кој, од друга страна, ги откри или посочи на други посериозни проблеми што го мачеа светот, но кои повеќето од нас избираа да ги сокријат под тепих. Бидејќи вирусот ја покажа силата, дезинформаците повторно се појавија и повторно играат важна улога во животот на...

Од првите лаги до кампањите со лажни вести – и улогата на Балканот во сето ова

Уште од првиот момент кога човекот станува свесен за своето постоење, тој станува и склон кон злоупотреба на начините за комуникација за ширење озборувања и, неизоставно, лаги. Познатиот израелски автор и професор по историја, Јувал Ноа Харари, во својата книга „Сапиенс: кратка историја на човештвото“ тврди дека озборувањето е темел на опстанокот на нашиот вид и е еден од главните...

„Фејсбук“ со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи

„Фејсбук“ објави нови правила за политичко рекламирање на Глобална видео онлајн конференција. Целта е, како што велат од компанијата, да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот. Овие правила, од средината на март ќе важат и за Македонија. „Преземавме мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со...

Фејсбук избриша спорни 122 профили и страници „со потекло“ од Русија

Фејсбук соопшти минатата седмица дека избришал 122 профили, страници, групи и профили на Инстаграм од Русија коишто ја прекршиле неговата политика за странско или владино вмешување. Според интерната истрага на Фејсбук, мрежата била поврзана со руското воено разузнавање и примарната цел биле Украина и други земји-сосетки на Русија од регионот. Функционирањето на оваа мрежа се карактеризира со голема тактичка софистицираност...

„Јавна соба“ е збирштина на сексуални предатори кои женските тела ги гледаат како предмети без право на приватност

Девојките чии фотографии се нашле изложени пред илјадници членови на затворената група на „Телеграм“ наречена „Јавна соба“ се жртви на збирштина на сексуални предатори, кои виреат во една криперска средина каде родово базираната омраза не е само присутна, туку поттикната, велат за „Мета.мк“ експерти од областа на човековите права и родовото насилство. Овие девојки треба да бидат заштитени, а виновниците...

Фејсбук се придружува на борбата против дезинформации со отстранување 3 мрежи на руски тролови кои ширеле медиумски манипулации во Африка

Натаниел Глеичер, шефот за сајбер-безбедносни политики на Фејсбук објави дека на 30 октомври отстраниле три мрежи составени од анонимни профили, страници и групи кои се занимавале со странско мешање во политички систем на други земји преку „координирано неавтентично однесување“ на Фејсбук и Инстаграм. Мрежите биле по потекло од Русија и цел на нивната дезинформациска активност биле Мадагаскар, Централната Африканска Република, Мозамбик,...

Ванковска нема да добие обвинение за говор на омраза за несреќата кај Ласкарци

Основното јавно обвинителство Скопје нема да покрене обвинителен акт за професорката Билјана Ванковска за нејзиниот статус на Фејсбук „Каква трагедија и иронија: Карпалак“, веднаш по автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ кај Ласкарци на 13 февруари годинава, поради која 16 луѓе ги загубија животите, пишува Порталб.мк. По статусот, МВР пролетва доставило информација за говор на омраза од Ванковска и други лица...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...