fbpx
Таг: фејсбук

таг: фејсбук

По Фејсбук и Инстаграм, Ендру Тејт баниран на Јутјуб и ТикТок

Откако компанијата „Мета“ донесе одлука да го забрани инфлуенсерот Ендру Тејт од нивните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, Гугл презеде идентична акција за банирање на поранешниот кик-боксер од Јутјуб, јавува Би-би-си. Од Гугл објаснуваат дека ги избришале Јутјуб каналите на Ендру Тејт поради повеќекратно прекршување на нивните упатства за заедницата и условите за користење, вклучувајќи ја и политиката за спречување...

Фејсбук го менува изгледот – отсега на главниот „Feed“ ќе се прикажуваат повеќе нови содржини, наместо објави од пријателите

Фејсбук платформата на Мета ќе го менува редоследот на содржини, отсега наместо објави од пријателите на корисниците најпрво ќе се генерираат нови објави од други корисници со цел да се открива што повеќе нова содржина, јавува Ројтерс. Со овој нов изглед на главниот „фид“ на Фејсбук, Мета со цел да ја привлече помладата публика повторно на Фејсбук, се стреми кон...

Гугл и Фејсбук ќе мора подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза и дезинформации

Големите технолошки компании како Гугл и Фејсбук, односно Мета, ќе мора построго да ги контролираат своите платформи за подобро да ги заштитат европските корисници од говор на омраза, дезинформации и други штетни онлајн содржини според легислативата на ЕУ, пренесе американското Национално јавно радио. Претставниците на Европската унија во саботата постигнаа начелен договор за Законот за дигитални услуги по долгите финални...

Руски суд ги забрани Фејсбук и Инстаграм и ја прогласи платформата Мета за „екстремистичка“ организација

Судот во Москва ја прогласи компанијата Мета, во чија сопственост се Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, за „екстремистичка“ организација и ја забрани нејзината работа во Русија, пренесе Ројтерс. Русија веќе го забрани Фејсбук поради ограничување на пристапот до руските медиуми, додека Инстаграм беше блокиран откако Мета рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки...

Лажни видеа од Путин и Зеленски шират дезинформации за руско-украинската војна

Повторно се појави т.н. „дипфејк“ видео споделено на Твитер, на кое се чини дека рускиот претседател Владимир Путин прогласува мир, објави британскиот јавен сервис Би-би-си. Во меѓувреме, оваа недела платформите на Мета и Јутјуб отстранија исто такво лажно видео од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кое тој зборува дека се предава. Неубедливиот фалсификат на претседателот Зеленски беше исмеан од многу...

Твитер и Фејсбук отстранија објави на Руската амбасада во Обединетото кралство за бомбардирањето на болница во Украина

Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, која е во сопственост на компанијата „Мета“ ги отстранија објавите на Руската амбасада во Обединетото Кралство за бомбрдирањето на детската болница во Мариупол, поради кршење на правилата против негирање на насилни настани, пренесува „Ројтерс“. Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека три лица, вклучително и едно дете се убиени во воздушниот напад во средата...

Вистиномер: На Фејсбук се шири невистинита наградна игра на НЛБ Банка

Oд НЛБ Банка за „Вистиномер“ изјавија дека е лажен и профилот и информацијата за наградната игра. Дополнително за ова имаше и известување на вистинската Фејсбук страницата на НЛБ Банка, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделена невистинита информација за наводна наградна игра на НЛБ Банка. Во постот се вели: Прославуваме...

Прашањето за заштита на личните податоци може да ги исклучи Фејсбук и Инстаграм од Европа

Корисниците на Фејсбук и Инстаграм од Европа можат да останат без можност да ги користат своите профили, доколку на компанијата „Мета“ не ѝ се дозволи да обработува податоци на корисниците од Европа на своите сервери лоцирани во САД, јавува Јуроњуз. Компанијата „Мета“ информираше за ваквата опасност, а како што наведуваат тие, ова би било резултат на регулативата на ЕУ во...

За првпат во своето постоење, Фејсбук забележа пад на бројот на активни корисници

Социјалната мрежа Фејсбук забележа пад на дневните активни корисници, што се случува за првпат во нејзиното 18-годишно постоење, јавува „Би-би-си“. Матичната компанија „Мета“ (Meta Platforms) вели дека бројот на дневни активни корисници паднал на 1,929 милијарди во последното тримесечје од 2021 година, за разлика од 1,930 милијарди во претходниот квартал. Компанијата предупреди на забавен раст на приходите наспроти своите конкуренти како...

Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна...

Компанијата „Мета“ лансираше своја социјална платформа во виртуелна реалност

Компанијата Мета (Meta) го објави својот социјален простор во виртуелна реалност (ВР), платформа наречена „Horizon Worlds“. Ова е прво големо лансирање на ваква платформа откако Фејсбук се преименува во Мета и ги најави своите планови за изградба на метаверзум, пренесе „Би-би-си“. Апликацијата „Horizon Worlds“ им овозможува на корисниците да градат свои мини-игри и активности врз платформата на Мета, слично како...

Уапсен маж во Софија за недолични коментари на Фејсбук поврзани со автобуската несреќа

Бугарската полиција во Софија уапси 24-годишен маж поради неговите недолични коментари на Фејсбук за трагедијата со македонскиот автобус на „Беса транс“ што се случи на автопатот Струма, во близина на Боснек. Според соопштението на бугарското МВР тој бил приведен на територијата на главниот град од службеници на Генералната дирекција за борба против организиран криминал по добиена дојава. „Според податоците, тој досега...

Шифрирањето на пораките на Фејсбук и Инстаграм се одложува за една година

Се одложуваат плановите за воведување на шифрирање (end-to-end encryption) на пораките што се испраќаат на Фејсбук (Facebook) и Инстаграм (Instagram), поради спор околу безбедноста на децата, соопшти „Би-би-си“. Матичната компанија на Фејсбук, која сега го носи името „Мета“ (Meta), соопшти дека шифрирањето на пораките на апликациите ќе се случи во 2023 година. Претходно беше најавено дека технологијата ќе биде воведена...

Како да се заштитите од несовесните продавачи на интернет: Секојдневни се поплаките од измамени купувачи

Уште со почетокот на ковид-19 пандемијата драстично се зголеми е-трговијата. Затворени во домовите, потрошувачите одбраа безбедна варијанта за купување која не ги доведува во ризик од зараза, и почнаа повеќе да купуваат онлајн. За тоа сведочат и статистиките од Народната банка во извештаите за движењата во платниот промет, каде е наведено дека во условите наметнати од пандемијата, и граѓаните и...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Опаѓа популарноста на Фејсбук помеѓу младите

Внатрешни извештаи на компанијата Фејсбук покажуваат дека младите поминуваат сè помалку време на главната платформа Фејсбук, сè помалку тинејџери се регистрираат како нови корисници, а вработените не можат да сфатат зошто се случуваат овие негативни трендови, пишува „Блумберг“ во најновото откривање на документите кои свиркачот Френсис Хогeн ги сподели со американските регулатори и со медиумите. Документите вклучувале серија графикони и...

Доналд Трамп најави создавање на своја социјална мрежа

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги најави своите планови за отворање нова социјална мрежа наречена „Вистина“ (TRUTH Social), јавуваат светските новински агенции. Трамп вели дека платформата „ќе се спротивстави на тиранијата на големата технологија“, обвинувајќи ги главните социјални мрежи дека ги замолчуваат опозициските гласови во САД, пишува „Би-би-си“. Социјалните мрежи одиграа клучна улога во кандидатурата на Трамп за прв човек во...

Фејсбук планира да се ребрендира со ново име

Фејсбук / Facebook
Фејсбук планира да го промени името на компанијата во текот на следната недела со што ќе го одрази својот фокус на изградбата на метаверзумот, објави „Д Врџ“ (The Verge) повикувајќи се на извор упатен во ситуацијата. Претстојната промена на името, за која извршниот директор Марк Закерберг планира да зборува на годинашната „Конект“ конференција на 28 октомври, треба да ја сигнализира...

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор. Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук. Следен на листата е претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, но со...

Фејсбук ќе ангажира 10.000 лица во Европа за изградба на својот „метаверзум“

Фејсбук планира да ангажира 10.000 луѓе во Европската Унија кои треба да работат на развивање на таканаречениот „метаверзум“, јави „Би-би-си“. Метаверзумот на Фејсбук е онлајн простор каде луѓето ќе можат да работат, комуницираат и играат игри во виртуелна средина, со користење на слушалки за виртуелна реалност. Неговата изградба е еден од најголемите приоритети на технолошката компанија. „Метаверзумот има потенцијал да помогне...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...