fbpx
Таг: ФБИ

таг: ФБИ

Волстрит Журнал: Русија користела злонамерен софтвер за кражба на документи од НАТО

Американските власти онеспособиле малициозен софтвер што руската разузнавачка агенција го користела две децении за да краде владини документи од сојузниците на НАТО, пишува Волстрит Журнал. Со оваа операција на Федералното истражно биро (ФБИ) се истакнуваат зголемените напори на САД да одат чекор подалеку во апсењето хакери и пронаоѓањето нови начини за спречување на сајбер нападите. Операцијата ефикасно ја уништи една...

ФБИ уапси 21-годишен чувар на воздухопловните сили за случајот со протекување на доверливи документи од Пентагон

Припадник на Националната гарда на Масачусетс беше уапсен од ФБИ во четвртокот во врска со протекувањето на доверливи документи кои се објавени на интернет, објави државниот обвинител Мерик Гарланд, пренесе Си-ен-ен. Апсењето на Џек Тешеира (21) доаѓа по брзата потрага од страна на американската влада за идентитетот на откривачот кој објавил доверливи документи на платформата за социјални медиуми популарна кај...

Тим на ФБИ ќе го истражува масивниот кибер напад на Црна Гора

Тим за брзо распоредување составен од експерти на американското ФБИ се упати кон Црна Гора за да го истражи масивниот, координиран кибер напад врз владата на Црна Гора и нејзините служби, јавува Асошиејтед прес. Ваквата соработка со САД ја обзнани црногорското Министерство за внатрешни работи откако владините веб-страници станаа недостапни, вклучувајќи ги тие на и Министерствата за одбрана, финансии и...

Доналд Трамп бара да биде прогласен за претседател веднаш или да се одржат нови избори

По извршениот налог за претрес на ФБИ за одземање доверливи документи од неговиот дом, поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара веднаш да биде поставен за претседател на САД, 22 месеци откако ги изгуби изборите во 2020 година, јавуваат американските медиуми. Трамп предложи и поинакво решение – доколку сега не биде вратен во Белата куќа, побара гласањето од 2020 година да...

Вашингтон Пост: Агентите на ФБИ барале документи за нуклеарно оружје при претресот кај Трамп

ФБИ се обиде да пронајде доверливи документи поврзани со нуклеарно оружје, меѓу другите предмети, кога агентите го претресоа одморалиштето Мар-а-Лаго на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, оваа недела, изјавија за Вашингтон пост луѓе запознаени со истрагата, пренесе Си-Ен-Ен. Според овој извор, не е познато дали такви документи се најдени во Палм Бич каде се наоѓа куќата...

ФБИ изврши претрес на имотот на Трамп во Флорида

ФБИ изврши претрес во понеделникот во одморалиштето Мар-а-Лаго на Доналд Трамп во Палм Бич, Флорида, како дел од истрагата за постапување со претседателските документи, вклучително и доверливи документи, кои можеби биле донесени таму, пренесе Си-Ен-Ен. Поранешниот претседател потврди дека агенти на ФБИ биле во Мар-а-Лаго и рече дека тие дури упаднале и во неговиот сеф. Според извори на Си-Ен-Ен, додека се...

Бугарската „криптокралица“ Ружа Игнатова се најде на листата на 10 најбарани лица на ФБИ

Бугарската државјанка Ружа Игнатова, позната и како „исчезнатата криптокралица“ е ставена на листата на 10 најбарани лица на ФБИ во САД, јавува „Би-би-си“. Игнатова се бара поради нејзината наводна улога во водење измама со криптовалути позната како „OneCoin“. Федералните истражители ја обвинуваат бегалката дека ја искористила шемата за измама на жртвите за повеќе од 4 милијарди американски долари. Таа се води...

ФБИ ги предупреди атлетичарите да не ги носат своите телефони на Олимпијадата во Пекинг

Спортистите и посетителите кои се упатуваат на Зимските олимписки игри во Пекинг да ги остават своите телефони дома и наместо тоа, да користат „привремени“ телефони, препорача Федералното истражно биро (ФБИ) во САД, пренесува „Би-би-си“. Препораката од ФБИ доаѓа после предупредувањата дека кибер-напади можат да ги нарушат настаните за време на одржувањето на Зимските олимписки игри. ФБИ предупредува и за малициозен софтвер,...

Директорот на ФБИ ги отфрли нападите на Трамп

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, ги отфрли нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп, наведувајќи дека „нема пофина институција од ФБИ“, јавуваат светските агенции. Реј денеска сведочеше пред правосудниот совет на Претставничкиот дом на САД, додека демократите и републиканците се расправаа околу важноста на нападите на Трамп упатени кон федералната полиција. Пред неколку дена американскиот претседател преку...

ФБИ го приведува шефот на изборната кампања на Трамп

Поранешниот шеф на изборната кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе мора да им се предаде на агентите на ФБИ во рамки на истрагата за влијанието на Русија на американските избори, пренесуваат светските медиуми. „Си-ен-ен“ минатиот викенд објави дека постоjат запечатени обвиненија во истрагата што би можеле да предизвикаат политички потреси во САД, како и дека се изработени „планови за апсење“...

Коми: Нема сомнеж дека Русија се мешала во изборите во САД

Немам сомнежи дека Русија се мешала во претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но нема докази дека успеала да ги намести гласовите, изјави поранешниот директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), Џејмс Коми на денешното сослушување пред комисијата за разузнавачките служби на американскиот Сенат. „Русија се мешала во нашите избори и тоа го правеле со цел и на многу...

Зетот на Трамп во фокусот на ФБИ истрагата за контакти со Русија

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов близок соработник, Џаред Кушнер имал најмалку три неоткриени контакти со рускиот амбасадор во САД. Ова се случувало за време и по претседателската изборна кампања во 2016 година, објавуваат американските медиуми. Во контактите спаѓаат и два телефонски повици направени помеѓу април и ноември минатата година, за што Кушнер сега е во фокусот на ФБИ...

ФБИ ја истражува улогата на зетот на Трамп во руското мешање во американските избори

Истрагата која ја води ФБИ за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година се повеќе укажува на повеќекратна улога на зетот на Доналд Трамп и висок советник на Белата куќа, Џаред Кушнер. Истрагата за улогата на Кушнер е насочена на прашања како што се операцијата на анализа за податоци од кампањата на Трамп, неговиот однос со поранешниот...

Трамп уверува дека потрагата за нов шеф на ФБИ се одвива брзо

Претседателот на Соединетите Aмерикански Држави, Доналд Трамп, изјави дека неговата потрага за нов шеф на ФБИ се одвива брзо. - Процесот се одвива брзо – изјави Трамп. Американскиот претседател претходно изјави дека сака бргу да именува нов директор на ФБИ на местото на сменетиот Џејмс Коми, напомнувајќи дека тоа би можело да се случи до петок, а веќе почнал и со разговори...

„Викиликс“ нуди 100.000 долари за снимка од разговорот меѓу Трамп и Коми

„Викиликс“ објави дека ќе плати 100.000 долари за снимка од разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп и на доскорешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми. Пораката е објавена на твитер-профилот на „Викиликс“ неколку часа откако Трамп, исто така на „Твитер“, го предупреди Коми да не оддава премногу информации на медиумите за нивната средба. „Њујорк тајмс“ пренесе дека колегите на Коми изјавиле...

Трамп се закани на Коми, размислува да ги укине брифинзите за новинари

Претседателот на САД Доналд Трамп со неколку твитови денеска предизвика вистинска сензација во јавноста, откако порача дека „можеби е подобро“ да се укинат брифинзите за новинарите во Белата куќа, а потоа му се закани на сменетиот директор на ФБИ, Џејмс Коми да не искажува негативни ставови за претседателот во јавноста, споменувајќи „снимки“. „Бидејќи сум многу активен претседател а многу работи...

Новиот шеф на ФБИ најави продолжување на истрагата за руското мешање во изборите

Федералното биро за истраги (ФБИ) ќе ја продолжи истрагата околу наводните врски помеѓу Русија и изборниот тим на Доналд Трамп и по разрешувањето на досегашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, изјави денеска неговиот наследник, Ендрју Мекејб, пред комитетот за разузнавање на Сенатот, пренесува „Би-би-си“. Мекејб пред комитетот на Сенатот изјави дека разрешувањето на Коми не влијаело на работата на ФБИ,...

Трамп го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Коми

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го смени директорот на ФБИ, Џејмс Коми, соопшти Белата куќа. Коми беше на чело на истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори. - Претседателот го прифати предлогот на државниот обвинител Џеф Сешонс, за разрешување на директорот на ФБИ, Џејмс Коми – изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер. Во соопштението на Белата куќа се...

ФБИ и НСА го негираат тврдењето на Трамп за прислушување

Директорите на американските водечки безбедносни и разузнавачки агенции изјавија дека немаат информации што би ги потврдиле тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговиот претходник Барак Обама прислушувал пред изборите. - Со почитување на претседателските твитови за тоа дека претходната администрација го прислушувала, јас немам информации што би ги поддржале тие твитови – изјави директорот на ФБИ, Џејмс Коми, за време...

ФБИ: Да се отфрлат обвинувањата на Трамп за прислушување

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) побара од Министерството за правда да ги оспори наводите на претседателот Доналд Трамп дека неговиот претходник, Барак Обама, го прислушувал пред претседателските избори. Трамп на „Твитер“ го обвини поранешниот претседател Обама дека го прислушувал пред претседателските избори, одржани на 8 ноември минатата година, и побара од Конгресот да истражи дали администрацијата на неговиот претходник...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...