fbpx
Таг: Фатиме Фетаи

таг: Фатиме Фетаи

Груевски не се појави на суд, одложено рочиштето за „Шамари“

Денешното рочиште од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година повторно се одложи, бидејќи во судницата не се појавија поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и другите 13 обвинети во случајот што го отвори СЈО. На рочиштето повторно дојде до мала расправија помеѓу обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, и судијката Татјана Михајлова. Фетаи побара...

Аневски: Јанева и Фетаи го навредиле судот, СЈО да назначи нов обвинител за „Шамари“

Советот на јавни обвинители вчера на состанок ја разгледувал претставката на в.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова, и донел заклучок дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, го прекршиле етичкиот кодекс на последното судско рочиште за настаните пред Општина Центар од јуни 2013 година. Ова денеска го соопшти претседателот на Советот на...

Кривичен суд: СЈО продолжува со притисоците и со заканите кон судиите

Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани кон судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми, стои во реакцијата на Кривичниот суд. Од судот велат дека јавноста имала можност да се запознае со...

СЈО ги обжали паричните казни и бара одговорност од Поп-Стефанија и од Петровска

Специјалното јавно обвинителство денеска до Основниот суд Скопје 1 поднело жалби на одлуката на судијката Татјана Михајова да ги казни по 2.000 евра специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи, што таа ја донесе на последното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 г., случај познат во јавноста како „Шамари“. - Сметаме дека одлуката е незаконска поради што...

Јанева: Доста беше, судиите не може веќе да се кријат зад функциите

Досега ги игнориравме, но веќе е време јавноста да знае дека судиите не може да се кријат зад своите функции, повикувајќи се на имунитетот и на слободното и независно судиско искажување, бидејќи овде се работи за повреда на кривичната постапка, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за „Дојче веле“, а во врска со случувањата на денешното рочиште за насилствата пред...

ВМРО-ДПМНЕ: Нова хистерична епизода на Јанева и на Фетаи

Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркус од себе и со своето непознавање на правото и со недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Македонија, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ, по случувањата на судското рочиште за насилствата пред Општина Центар, за кои меѓу обвинетите е и лидерот на партијата, Никола Груевски. - Правната инфериорност и немањето докази...

Кривичен суд: Јанева и Фетаи се однесуваа дрско и непрофесионално

Во 72-годишното постоење на Основниот суд Скопје 1, не се памети вакво однесување и непочитување на судот, судската власт и на судија која ја води постапката, какво што покажале специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, реагираат од  Кривичниот суд. - Како суд, заради транспaрентно информирање...

Јанева и Фетаи казнeти по 2.000 евра оти судијката Михајлова ја нарекоа „фалсификатор“

Судијката Татјана Михајлова денеска го прекина судското рочиште за случајот со насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година, во кој се обвинетите поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и уште 15 лица, и ги казни по 2.000 евра обвинителките на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева и Фатиме Фетаи за „елементарно непочитување на судот“. Обвинителката Фетаи, откако...

Судот ги одби „бомбите“ како докази и заштитениот сведок против Груевски и Јанакиески

Судијката Татјана Михајлова, воедно и в.д претседател на Кривичниот суд, одби дел од прислушуваните разговори, односно „бомби“, и сведочењето на заштитениот сведок да бидат користени како докази со судскиот процес што СЈО го води против Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 11 обвинети за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година. Михајлова, всушност, ги прифати приговорите на адвокатот...

Груевски, Јанакиески и Рангелова дојдоа во судот за случајот „шамари“

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на судското рочиште за случајот во јавноста познат како „шамари“, кој Специјалното јавно обвинителство на 15 септември го поведе за насилства во Општина Центар, како и за нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски. Покрај Груевски, во судницата се појавија и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката...

СЈО денеска на прес-конференција ќе презентира нова истрага наречена „Таргет“

Специјалното јавно обвинителство на денешната прес-конференција, закажана за 11 часот, ќе ја презентира новата истрага наречена „Таргет“. - Денеска со почеток во 11 часот, прес-конференција за новата истрага со назив „Таргет" - пишува на профилот на „Фејсбук“ на Специјалното јавно обвинителство. Последен пат Специјалното јавно обвинителство излезе во јавноста на 20 октомври, кога обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска ги презентираа...

СЈО отвори истраги за Сончев град и за тендери на Министерството за култура

Специјалното јавно обвинителство денеска отвори две нови истраги, „Топлик“ и „Тендери“. Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата Сончев град, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра. За овoј случај, според СЈО, постои основан сомнеж дека раководно лице во Министерството за транспорт и врски и членови на Комисијата за...

Како „Финзи“ преку опремата за прислушување го оштетила буџетот

Специјалното јавно обвинителство на прес-конференција ја презентираше новата истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што појасни обвинителката Фатиме Фетаи, постојат основани сомнежи за три раководни лица од Управата за безбедност и контратразузнавање и за едно лице од МВР. Во истражната постапка, според Фетаи, било утврдено дека четрвтоосомничениот вработен во МВР им помогнал на првите тројца осомничени, раководни лица од...

СЈО: Опрема за УБК била преплатена преку „Финзи“ на Крпач

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага наречена „Трезор“, која се однесува на економски криминал. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, се работи за груба злоупотреба на средствата од буџетот на Република Македонија. - Од доказите прибавени за овој предмет, тие средства преку оштетување на буџетот биле искористени за лична корист и за богатење. Во овој момент истрагата се одвива за...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работи

Oбвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани што одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставија на намерите на Андреј Жерновски и на советниците на СДСМ да не дозволат да се гради црквата „Св. Константин и Елена“, се вели...

Обвиненија на СЈО против Груевски и Јанакиески за насилствата во Центар

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска на прес-конференција ги презентираше првите две обвиненија на СЈО, едното за уништување документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година. Иако Фетаи не го соопшти идентитетот на обвинетите, а не беа наведени ниту иницијали, сепак извесно е дека во второто, првообвинети се поранешниот премиер и...

„Би-би-си“: СЈО е камшик за политичката елита

Три жени станаа камшик за политичката елита и хероини на улични протести кои секојдневно се одржуваат во малата балканска земја Македонија, а некои ги нарекуваат Чарлиевите ангели на земјата, се вели во опширната анализа на британскиот „Би-би-си“ за политичката криза во Македонија. Според „Би-би-си“, Јанева сега, можеби, е најславната жена во земјата и е ставена на главната сцена во турбулентната...

Наместо обвинителката на СЈО, Иванов помилувал друга Фатиме Фетаи

„Во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност, сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци“, навела обвинителката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО),...

За Ставрески и за Јанкулоска, Талески е „тежок криминалец“, за Иванов е „чист со тапија“

„Коруптивен до даска!“ Вака актуелниот министер за финансии, Зоран Ставрески, во еден од прислушуваните разговори што лани ги објави СДСМ, со својата пронешна колешка, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, го окарактеризира договорот на битолскиот градоначалник, Владимир Талески за автобускиот превоз на ученици во градот, за кој Специјалното јавно обвинителство вчера отвори истражна постапка под името „Транспортер“. Разговорот меѓу Ставрески...

Совет за етика: „Вест“ манипулира и ја извртува вистината

Советот за етика во медиумите остро реагира на „тенденциозното известување“ на повеќе медиуми околу вчерашното обраќање на обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата организирана од Специјалното јавно обвинителство. Од Советот за етика велат дека особено ги осудуваат наводите на насловната страница во денешното издание на дневниот весник „Вест“  и дека обидите за манипулација и извртување на вистината се очигледни, а вчерашниот...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...