fbpx
Таг: Фатиме Фетаи

таг: Фатиме Фетаи

Адвокатот Миланов казнет со 1.000 евра зошто не се појави на судењето за „Титаник 3“

Судијката Оља Ристова го казни адвокатот Еленко Миланов со 1.000 евра бидејќи не се појави на судењето за случајот на СЈО „Титаник 3“ во Основен суд Скопје 1. Освен 1.000 евра, Миланов треба да ги надомести трошоците за денешното закажано рочиште. Специјалното обвинителство изрази сомнеж за оправданоста на причините за денешното одлагање. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека добила информација дека...

Само што почна, рочиштето за „Монструм“ се одложи за 15 мај

Рочиштето за случајот „Монструм“ е одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија. Денешното рочиште, кое беше прво откако СЈО го презеде предметот, беше прекинато на самиот почеток, на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи. Таа истакна дека несериозно е, отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница,...

Обвинет во „Шамарите“ имал фалц боледување, тврди Фетаи

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која го води предметот за насилството во Општина Центар, по пријава во Лекарската комора на Македонија, фати тројца лекари кои му давале фалц боледувања на обвинетиот Милан Андоновски, наменски само да се одолговлекува судењето и најави дека против лекарите ќе покренат соодветна постапка. Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на рочиштето посочи дека побарало Државниот санитарен и...

СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора три нови истраги, и тоа „Попис“, „Моќник“ и „Актор“, во кои се сомничат Никола Груевски, Али Ахмети, Антонио Милошоски и повеќе лица од „Актор“ - компанијата која го градеше автопатот Демир Капија - Смоквица. Како што објави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот „Попис“ се почнува истрага против тогашниот премиер и претседател на...

СЈО бара притвор за обвинет во „Шамарите“ бидејќи три пати не дошол на судење

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, кога слушна денеска дека обвинетиот Милан Андоновски во случајот „Шамари“ за насилство во Општина Центар, по третпат не доаѓа на судење, побара мерка притвор против него, објави „СДК“. Претходните двапати не го оправдал отсуството, а денеска неговиот адвокат поднесе доказ од приватна лекарска ординација, која наведува дека имал ларингит и му препорачува да нема физичка...

СЈО: Немало обид за атентат врз Фатиме Фетаи

Специјалното јавно обвинителство попладнево ги демантираше информациите објавени во одредени медиуми дека бил извршен обид за атентат врз специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Ова Јавно обвинителство категорично ги демантира написите на некои медиуми во кои се тврди дека определен инцидент во село Боговиње, случен на 7 февруари оваа година, е поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и во кои се шпекулира дека...

Фетаи: Ако има добра волја ќе се најде решение за подигање обвиненија и за новите истраги

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи во интервју за емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“, изјави дека „несреќниот член 22“ од Законот за СЈО го ограничува ова обвинителство во овој момент да подига обвиненија, но, формално правно не го ограничува да отвора нови истраги. Таа најави дека е можно некои од отворените истраги, кога ќе стигнат до фаза за подигање на обвиненија,...

Груевски стаса на рочиштето за „Траекторија“ дури откако тоа се одложи

Откако судијата Горан Бошевски на самиот почеток го одложи за денеска закажаното рочиште за случајот „Траекторија“ а потоа замина и обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Основен суд Скопје 1 со задоцнување стаса и поранешниот премиер Никола Груевски. Судијата Бошевски даде два предлога за следното продолжение на судењето - 31 јануари и 14 февруари, но не...

Уште еден обвинет од „Шамари“ ја призна вината, Фетаи го искара Груевски

На денешното судењето за случајот на СЈО за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, Јордан Ристевски, еден од обвинетите, ја призна вината за случувањата. Тој рече дека размислувајќи за тоа за што е обвинет, сфатил дека се чувствувал виновен и дека се кае. Неговиот адвокат Боро Тасевски му го откажа полномошното бидејќи, како што...

Судењето за „Триста“ повторно одложено, Поповски отворил боледување

Поради отсуство на обвинетиот Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во Основниот суд Скопје 1 денеска повторно беше одложено рочиштето за предметот „Триста“ на СЈО, за набавката на 300 возила за МВР, со која буџетот бил оштетен за 453.570 евра. Рочиштето беше одложено откако одбраната на Поповски достави медицинска документација дека обвинетиот е на боледување и е спречен...

Груевски не го коментира признавањето на вина на Лазаров за „Шамари“

Судијката Татијана Михајлова на предлог на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, ја раздвои постапката за Томислав Лазаров откако тој ја призна вината во случајот „Шамари“ за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година и сега судот треба да оформи нов предмет за него. За другите обвинети, кои се изјаснија како невини (Груевски, Јанакиески и Рангелова), Михајлова ги одреди датумите...

Судењето за „Триста“ се одложи, обвинетиот Ѓоко Поповски бил болен

Почетокот на судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство се одложи, бидејќи на денешното прво рочиште во судницата не беше присутен обвинетиот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски кој бил болен. Адвокатите на Поповски до судот доставија медицинска документација со која на Поповски му се препорачува да мирува, но, не и дека е на боледување. Адвокатката, Сања Алексиќ рече дека...

Надмудрувања меѓу Фетаи и Михајлова, рочиштето за „Шамари“ одложено

Рочиштето од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во кој првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно се одложи бидејќи во судницата не беа присутни обвинетите Димче Крстев и Милан Андоновски. Како сведоци присуствуваа актуелниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, и кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ, а присутни беа и обвинетите Миле Јанакиески...

Фетаи сака да биде претседател на Македонија, Јанева градоначалник или пратеник

Ако сум жива и здрава, на 50 години сакам да бидам нормален шеф на нормална држава, вели обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи, во емисијата „Трите“ на „А1 он“ за животот и за работата за трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи. - Со ова јас го достигнав врвот на мојата кариера. Сакам на 50 години, бидејќи...

Рочиштето за „Сопот“ одложено, судијката била на службено патување

Рочиштето за случајот „Сопот“, прво откако предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство, е одложено бидејќи судијката, Дијана Груевска-Илиевска, што го води предметот била на службено патување. Судот, го презакажа рочиштето за 9 октомври. Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, изјави дека очекува судењето да почне што побргу, бидејќи веќе неколку години се одложува, но не сакаше да открие со какви аргументи...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО со клеветнички изјави сака да ја покрие својата непрофесионалност

Очигледна е нервозата на Специјалното јавно обвинителство заради фактот што знаат дека не поседуваат никакви докази и затоа со лажни и клеветнички изјави се обидуваат да ја покријат својата пристрасност и непрофесионалност, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, по денешното рочиште за случајот „Шамари“, кое се одложи. „Неверојатно е што денеска, кога по...

Фетаи: Судот и одбраната се координираат за одолжување на случајот „Шамари“

Судијката Татјана Михајлова денеска го одложи рочиштето за случајот „Шамари“ бидејќи сите списи од предметот биле испратени во Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите на Специјалното јавно обвинителство. Осомничени во случајот се поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 лица обвинети за...

Прибе в петок на Охридската школа на природното право

Рајнхард Прибе, раководителот на комисијата што во име на ЕУ во 2015 година го подготви списокот на неопходните реформи кои земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ, в петок во Охрид ќе одржи предавање на Охридската школа на природното право „Демократија и владеење на правото“. Неговото пристигање во земјава вчера вицепремиерот за евроинтеграции,...

СЈО подготвено да го работи и „Сопот“, има сознанија за сторителите

Службени лица на МВР што постапувале во истрагата за случајот „Сопот“ примениле тортура врз сведокот Рамадан Бајрами, утврдило Специјалното јавно обвинителство истражувајќи ги наводите од јавно објавениот разговор и сепак води предистражна постапка за овој случај од пред 14 години. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, зборувајќи за овој случај на денешната прес-конференција нагласи дека покрај застареноста на случајот со тортурата,...

Груевски дојде на суд за случајот „Шамари“

Првобвинетиот за случајот со насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Основен суд Скопје 1 дојде со адвокатот Никола Додовски. На денешното судско рочиште за насилствата во Општина Центар во јуни 2013 година се појавија и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...