fbpx
Таг: факти

таг: факти

Грета Тунберг: Различноста не е болест и науката не нуди мислења туку факти

По говорот на Самитот на ООН за климатски промени шведската активистка Грета Тунберг ги коментираше огромниот број на напади против неа кои се појавија по социјалните мрежи. „Еве нè повторно ... Како што можеби забележавте, хејтерите се активни исто како порано - зборуваат за мене, за мојот изглед, мојата облека, моето однесување и моите разлики. Измислуваат незамисливи теории на заговор. Изгледа...

Бугарски медиум извртува факти од интервјуто на Заев за грчка „Алфа“

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија „Алфа“ предизвика голем интерес на јавноста и дома и кај соседите, па вест за тоа беше објавена и во бугарскиот медиум „Факти“, но, со погрешно цитирање. „Факти“ во веста под наслов „Северна Македонија присвојуваше туѓа историја“, информирајќи ги своите читатели дека Заев признал дека „крадевме историја од своите соседи и од светот“,...

Три месеци од несреќата кај Ласкарци: Обвинителството уште „ги утврдува фактите“

Навршија три месеци од трагичната автобуска несреќа на компанијата „Дурмо турс“ кај село Ласкарци, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) сè уште не поднело обвинение за истото, пишува „Порталб.мк“. Основно јавно обвинителство соопшти дека шестмина осомничени се во домашен притвор, додека за еден е пропишана мерката надзор. „Со одлука на Основниот суд Скопје 1, на шестмина осомничени за кривично дело - Тешки...

Ципрас: Лажните вести ескалираа со спроведувањето на Договорот од Преспа

На прес конференцијата во Скопје, освен за градењето мостови и придобивките од приближувањето на двете земји, грчкиот премиер Алексис Ципрас, зборуваше и за проблемот со лажните вести околу Договорот од Преспа, Според Ципрас „во изминативе месеци на спроведување на договорот стана забележлив проблемот со лажните вести“. - Во изминатите месеци додека бевме многу конструктивни во градењето односи, се занимававме со лажните...

Повратен ефект – кога тврдоглавоста ќе надвладее врз фактите

Британската невладина организација „Full Fact“ од Лондон, која се занимава со истражувања поврзани со проверката на фактите (fact checking) и дезинформациите, издаде истражувачки преглед кој се однесува на феноменот „повратен ефект“, кој настанува при проверката на фактите кај медиумските производи или изјавите на политичарите и другите јавни личности. „Повратен ефект“ во овој контекст значи, всушност, несакано постигнување на обратен ефект од посакуваниот, по извршената...

Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ-парламентот

„ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот Поинтер од Флорида, САД. Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и ќе има основна задача да врши проверка на изјави/тврдења и на стории кои што...

Владата објави 10 факти за Договорот со Грција: Заштитени се јазикот и идентитетот, нема веќе ФИРОМ

На помалку од два месеци пред референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, Владата на својата веб-страница објави 10 факти за Конечниот договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и за стратешко партнерство. Според Владата, Договорот е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. „Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот...

Судот го прифати обвинението за настаните во Собранието од 27 април

Кривичниот суд соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април минатата година. „Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год....

Иванов: Живаљевиќ извести дури откако влезе во Собранието, за да има алиби

Посочениот советник на претседателот Иванов, не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски претставници и во конкретниот случај постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени. Ова стои во експресната реакција на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по изјавата на советникот за безбедност во амбасадата на Србија во Македонија и...

Ќе се формира Совет на факти

За првиот состав на Советот за факти ќе гласаат повеќе од 600 судии. Првиот состав, кој ќе има 19 членови, ќе ја утврдува одговорноста на судиите. Гласањето е отворено од 8 часот изутрина, а ќе трае до 17 часот попладне. Првичните резултати Судскиот совет ќе ги објави в понеделник.

Трајковска: Можеме да бидеме злоупотребени од кој било службеник

Новинарката Оливера Трајковска по средбата со претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев, рече дека разговарале за специфичноста на новинарската работа. - Ние отидовме да поразговараме со Аџиев за тоа дали Комисијата воопшто има разбирање за спецификите на нашата професија и за тоа како нашите контакти што ги остваруваме во текот на нашата работа можат да се најдат...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...