fbpx
Таг: Фадил Зендели

таг: Фадил Зендели

Фадил Зендели разрешен од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата со 61 глас

Со 61 гласа „за“, без ниту еден против и без воздржани, Собранието денеска на 64-тата седница ја донесе одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од Движењето Беса од член на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни во собраниската сала и не гласаа. Со ова се отвора патот да се одблокира клучната...

Села ја чека средбата со Заев, БЕСА на Касами тврди дека не блокира

Крилото на движењето БЕСА предводено од Биљал Касами вели дека не ја блокира евроатлантската интеграција на Македонија, а гласовите на нејзините пратеници ќе зависат од тоа како ќе се одвива дебатата, порача пратеникот Фадил Зендели денеска, јави  „Порталб.мк“. Прашан неколкупати дали ќе гласаат за уставните измени ако не се исполнат нивните барања Македонија да се дефинира како мултиетничка држава, албанскиот...

Беса ќе поднесе четири амандмани за Уставот, очекува Владата да ги прифати

Пратеникот Фадил Зендели од Беса изјави дека тие ќе поднесат четири амандмани за Уставот – концепт на граѓанска држава, албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик, државата да се грижи за сите нејзини граѓани во дијаспората, како и тоа претседателот на државата по второто гласање на закон или друг акт во Собранието да нема право на вето, како...

Беса нема да учествува во расправата за Законот за јазиците оти била „политички театар“

Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“. - Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар - изјави денеска пратеникот Фадил Зендели, пред почетокот на седницата...

Беса побара Законот за јазиците да се преименува во „закон за албанскиот јазик“

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од Беса не сакаше да ја напушти говорницата откако Груби не му даде збор. Беса преку амандман бараше да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ бараат да стои „Предлог закон...

Беса: Зврлевски е разрешен уште со формирањето на СЈО, ова сега е само формалност

Пратениците на Беса во Собранието на Република Македонија ќе гласаат „за“ на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој, како што изјави пратеникот Фадил Зендели, е разрешен уште со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, а ова сега е само формалност. - Беса ќе гласа за разрешување поради тоа што Зврлевски е протагонист во неправдата кон Албанците, но притоа...

Беса на Заев му вети поддршка за решенијата важни за граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со претседателот на Беса и со двајца пратеници од партијата, при што добил уверување дека партијата ќе ги поддржи сите решенија што се во полза на граѓаните, информираа од Владата. На средбата, претседателот на Беса, Билал Касами, и пратениците Африм Гаши и Фадил Зендели, на Заев му го честитале преземањето на премиерската фунција, а...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...