fbpx
Таг: езеро

таг: езеро

Туристите ќе може да го гледаат водниот свет на Охридско Езеро пловејќи

За новата туристичка сезона, пловило со стаклено дно во водите на Охридското Езеро ќе привлекува туристи со можноста да се гледа подводниот свет, како во суперпопуларните туристички места. Во Охрид од Кавадарци пристигна пловило со провидно дно со капацитет од 12 лица , кое на метар и половина под нивото на езерото, ќе им го нуди на туристите на уживање...

Водостојот на Охридското Езеро и реките во границите на дозволеното

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, извршени утрово, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 693,38 метри надморска височина, што е за речиси 20 сантиметри под просекот за мај кој изнесува 693,66 метри надморска височина. Ниско е нивото на реките во сливот на езерото. Нивото на реката Сатеска измерено кај Ботун е 33 сантиметри под просекот за мај....

УХМР: Водостојот на реките се намалува

Водостојот на реките постепено се намалува и се очекува тоа да продолжи во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Зголемување на водостојот има само на две места на Вардар и на Црна Река. Според мерните станици на УХМР, од просекот за декември за трипати е зголемен Вардар кај Велес, каде водостојот изнесува 216 сантиметри, кај Демир Капија...

Зелен и современ Охрид бара „Охрид СОС“ од идниот градоначалник

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ до кандидатите за градоначалници се обрати со своја „Платформа за зелен и современ Охрид“. Од иницијативата велат дека проектите што досега се предлагале биле за развој на масовен туризам кој е надминат, неодржлив, со краткотрајна и ограничена добивка и е сосема несоодветен за регионот. „Охрид нема стратегија за развој на турзимот, ниту стратегија за управување со УНЕСКО-регионот. Заштитата на Охридското Езеро...

Реализирана прва акција за чистење на дното на езерото Матка

Нуркачите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализирале спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување. Акцијата ја реализирале нуркачи кои биле помогнати со повеќечлен логистички...

Аларм од албанска страна: Водата во Охридско Езеро е повлечена за околу 40 метри

Нивото на водата во Охридско Езеро неколку недели е под минималната кота, односно 23 сантиметри под нивото дозволено од страна на УНЕСКО, предупредува експертот по животна средина од Поградец и порашен претставник на Албанија во заедничкиот Билатерален комитет за заштита на Охридското Езеро, Аријан Мероли. Како што пренесува порталот „Охрид прес“, во најниските крајбрежни подрачја, на потегот од градските плажи во Поградец...

СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и Тиквешко Езеро

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, освен природното Охридско Eзеро, го празни и Тиквешкото Езеро преку хидроелектраната Тиквеш, велат од СДСМ. Тие додаваат дека „несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет“. „Според нашите информации, од...

Експертите предупредуваат на штетноста од нискиот водостој на Охридско Езеро

Еколозите и експертите предупредуваат на штетните последици од исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро, кое е веќе далеку под дозволената минимална граница. Научниот советник и раководител на одделението за краповидни риби во охридскиот Хидробиолошки завод, Трајче Талевски посочува дека нивото на водата во каналот Студенчишта е спуштено на многу критично ниво. – Кај рибата која е влезена во каналот на презимување...

Пожар во ноќен клуб во Букурешт, 38 повредени

Во пожар кој ноќеска избувнал во ноќен клуб во Букурешт, повредени се 38 лица, од кои едно потешко. Како што јавуваат светските агенции, пожарот избувнал околу 4 часот, според средноевропско време, во популарниот ноќен клуб „Бамбу“, кој изгорел до темел. Повеќе лица имале труење со јаглерод моноксид, а дел се повредени откако, бегајќи од пламенот, скокнале од горното ниво на...

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено

Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор. - Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со теренски возила и со синџири...

Во Словенија е регистриран прв случај на вирусот птичји грип

Во местото Прагерско на североистокот на Словенија, потврден е прв случај на птичји грип во таа држава. Во соопштението на словенечкото министерство за земјоделство се наведува дека со птичји грип биле заразени лебеди кои биле угинати и извлечени од езерото кај Прагерско, на 25 километри од Марибор. Словенечките медиуми јавуваат дека се работи за прв случај на птичји грип по неколку...

Скутерите и чамците по езерата од утре со ограничена пловидба

Oграничувањето на пловидбата на скутери и на чамци по водите на природните езера во Македонија, почнува да важи од утре. Забраната за движење на скутерите важи за Охридското, Преспанското и за Дојранското Езеро во периодот од 11 до 19 часот, до 31 август. Чамците, пак, не смеат да пловат од 21 до 5 часот. Ограничувањата за пловидба на скутерите е за безбедност на капачите...

Единаесет лица загинаа во невреме во Русија

Единаесет лица загинаа, од кои 10 се деца, во несреќа на езерото Карелија во рускиот Пријажинскиот Регион, соопшти руската полиција. Спасувачките екипи успеале да спасат 11 лица, а се трага по уште четворица туристи. Руските медиуми јавуваат дека силна бура го зафатила северозападното езеро, при што погодени биле 49 туристи. Туристите, меѓу кои имало деца на возраст од 12 до 15...

Во судир на два брода на езеро во Конго загинаа 27 лица

Најмалку 27 лица загинаа кога брод се преврти по судир со друг брод на езерото Маиндомбе во Конго. Двата брода пловеле во спротивна насока, но биле пренасочени од вообичаената рута за да ја избегнат маглата, што довело до судирот, соопшти заменикот гувернер на Маиндомбе, Масамба Малика. Тој изјави дека телата на починатите сè уште се наоѓаат во езерото и дека е можно...

„Охрид СОС“: За Галичица се расправа празнично и зад грбот на јавноста

Терминот за јавна расправа на предлог-измените на планот за управување со националниот парк Галичица за период 2011-2020 година, 4 јануари, е спорен за граѓанската иницијатива „Охрид СОС“. Забележуваат дека не е ниту во согласност со сите постоечки домашни и меѓународни прописи за уредно консултирање на јавноста кога станува збор за добра од јавен интерес. - На прагот сме да изгубиме три...

Струшкиот градоначалник го обвини владејачкото мнозинство за соработка со мафијата

Градоначалникот на Струга, Зиjадин Села, на прес-конференција изјави дека со донесувањето на предлог-законот за дополнување на законот за градежно земјиште, а кој се однесува на плажите, се штити урбаната мафија. Села ги обвини пратениците од владејачкото мнозинство и институциите за соработка со мафијата. - Имајќи предвид што предвидува, овој закон треба да гласи „закон за заштита на урбаната мафија“. Повеќе од...

Охрид и годинава ќе добие новогодишна елка под вода

Покрај таа на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, елка ќе биде поставена и во водите на Охридско Езеро. Станува збор за традиција долга 14 години, што ја почнаа инструкторот Милутин Секуловски и нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ . Во оваа атрактивна активност се вклучени и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија. Подводната новогодишна елка, во водите на...

На Охридско Езеро му е потребна интегрална заштита

На Охридско Езеро му е потребна  интегрална заштита, што претпоставува воспоставување заеднички систем за заштита и од македонска и од албанска страна. Ова беше единствен заклучок од  денешниот работен состанок што во Охрид се одржа во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и на природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и од УНЕСКО. Лидија Топузовска, генерален секретар...

Пливачите – маратонци апелираат за заштитата на Охридското Езеро

Во пресрет на утрешниот пливачки маратон, невладината асоцијација „Охрид – СОС“, укажа на потребата од поголема грижа за заштита на Охридското езеро, анимирајќи дел од професионалните пливачи да се јават со поддршка. Од „Охрид - СОС“, преку допис до медиумите, укажаа на опасноста што му се заканува на езерото и поширокиот еко-систем доколу се реализираат предложените измени на Урбанистичкиот план...

Се удави момче во Дојранско Езеро

Александар В. (29) од Пехчево, попладнево бил пријавен за исчезнат, но подоцна бил пронајден удавен во Дојранско Езеро. Според првичните информации од полицијата, тој возејќи се со педалинка со уште две лица, паднал во водите на езерото и се удавил. Во тек е полициски увид за несреќата.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...