fbpx
Таг: Евзони

таг: Евзони

Грчките цариници во штрајк, премините Богородица, Дојран и Меџитлија во прекин

Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Грција во Скопје, почувајќи од утре на полноќ, па до полноќ во среда, царинските служби во Грција ќе одржат дводневен штрајк, соопшти Царинската управа. „На граничните премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани и Меџитлија - Ники товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин во наведениот период, освен за расипливи стоки. Патничкиот сообраќај...

Тешка сообраќајна несреќа кај Евзони, се судриле автомобил и автобус со српски туристи

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале српски автобус и еден автомобил на автопатот во близина на граничниот премин Евзони, пренесува Н1. Несреќата се случила близу Поликастро. Во автобусот имало 78 патници, а во автомобилот имало четири лица. Тројца патници од автомобилот загинале, а четветиот е тешко повреден. Брзо по сударот, друг автомобил налетал на возилото. Но...

Грција денеска ја отвори границата за македонските граѓани

Грција ја отвори границата за македонските граѓани. На преминот „Евзони“, сите граѓани ќе може да влезат во Грција со негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Отворањето на границата вчера беше најавено и од страна на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со премиерот Зоран Заев во Атина.

Од утринава повторно отворен граничниот премин Евзони

Министерството за внатрешни работи информира дека според информациите добиени од Република Грција од 05:30 часот утринава (18 февруари), граничниот премин Евзони е отворен за секаков вид сообраќај (влез и излез). Граничниот премин Евзони беше затворен од 05 часот на 17 февруари, поради штрајк на грчките цариници.

Од 17 август преку „Евзони“ во Грција ќе може да се влегува само од 6 до 22 часот со негативен тест

Почнувајќи од понеделник, 17 август до 31 август, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај до 15 август

Министерството за внатрешни работи информира дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грчката гранична служба од граничните премини „Дојрани“ и „Ники“, а во врска со новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19, доставено е известување дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до...

Драстично поскапување на патарините во северна Грција од Нова година

Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „ИЕфимерида“. Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците - онаа по граничниот премин „Богородица - Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил. На автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до...

Штрајкот на грчките цариници на полноќ ќе ги затвори граничните премини Евзони и Дојрани

Патувањето кон Грција утре ќе биде отежнато поради 24-часовниот штрајк на грчките цариници кои реагираат поради владините мерки за штедење. Од граничните премини Евзони и Дојрани велат дека границите ќе бидат затворени од полноќ вечерва до полноќ в четврток, а работата ќе се нормализира в петок. Од Евзони во телефонски разговор за „Мета“ потврдија дека границата ќе биде главно затворена...

Евозни отворен за сите видови возила

Штрајкот на грчките земјоделци е прекинат. Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од АМСМ информираат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози,...

Прекината блокадата на Евзони, соопшти АМСМ

Граничниот премин Евзони денеска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ и додаде дека на преминот нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. Грчките земјоделците претходно соопштија дека на пладне ќе почнат да се повлекуваат од блокадата. - Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката...

Грчките земјоделци почнуваат да се повлекуваат од Евзони

Земјоделците кои го блокираа граничниот премин Евзони денеска ќе почнат да се повлекуваат од блокадата. Како што јавуваат грчките медиуми, земјоделците од пладне ќе започнат да го напуштаат блокот на граничниот премин. „Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме...

МНР реагира до Атина и Брисел за блокадата на границата на Евзони

Министерството на надворешни работи (МНР) официјално реагирало до грчките власти како и до Европската комисија за блокадата на граничниот премин Евзони, потврдија од МНР за „Мета“. Од Грција по дипломатски пат добиле објаснување дека и тие вложувале напори за решавање на проблемот и правеле се што можат, бидејќи и тие трпеле штети, а не само Македонија. Во писмото до Европската комисија, МНР навеле...

Евзони се уште затворен за сообраќај

Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница и денеска е затворен отако синоќа пропаднаа преговорите на грчките земјоделци со властите во Атина. Грчките земјоделци штрајкуваат од 30 јануари, а блокадата која се однесува за целиот сообраќај предизвика штети на транспортните компании и нивните коминтенти. Евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар вчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата...

Сообраќајот се одвива по суви коловози освен по осојничавите места

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила, а граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по суви коловози, освен на осојничавите места. Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани –...

Брисел внимателно го следи проблемот со блокадата на Евзони, изјави Жбогар

Европската Унија и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони која е последица на штрајкот на грчките земјоделци, соопшти денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека очекува во најскоро време да се најде трајно решение. Жбогар за блокадата на преминот „Евзони“ денеска разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и писмено помагал помош од ЕУ...

Грчките земјоделци ќе протестираат се додека не се сретнат со Ципрас

Граничниот премин Евзони останува затворен и денеска. Земјоделците од Северна Грција кои веќе две недели ја блокираат грчко-македонската граница остануваат на своите места без никаква најава за повлекување на блокадата, додека не се сретнат со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчкиот весник „Прото тема“ јавува дека дел од земјоделците од Северна Грција планираат тричасовна блокада на клучката кај Херсо, која води...

Продолжува блокадата на граничниот премин Евзони

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени и нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација од Автомото-сојузот на Македонија се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на државните патишта сe одвива по наместа влажни коловози. Сообраќајот на патниот правец А3...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, магла на неколку патни правци

Сообраќајот по државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. На патниот правец с.Лисец - Попова Шапка, видливоста е намалена од 50 до 100 метри поради магла. Магла има и на планинскиот превој Стража. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.

Франгов со писмо до Жбогар и Јанакакис бара деблокирање на Евзони

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов денеска испратил писмо до амбасадорите на Европската Унија и на Грција во земјава, Самуел Жбогар и Димитрис Јанакакис со барање за помош за деблокирање на македонско-грчката граница. Тој во писмото бара од Жбогар и Јанакакис, но и од сите останати амбасадори во Македонија, во рамките на своите можности да помогнат во деблокирањето на Евзони...

Ѓорѓиев: Камионите со нафта ќе може да поминуваат преку Дојран и Меџитлија

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, покрај на граничниот премин Богородица, ќе може да поминуваат и на граничните премини Дојран и Меџитлија, информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Оваа одлука била донесена на денешната владина седница, а привремениот режим ќе почне да важи од вечерва и ќе трае до 5 март. - Владата денеска стапи во контакт со Царинската управа, која доби...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...