fbpx
Таг: Евротинк

таг: Евротинк

Евроскептицизмот ги дели Македонците и Албанците во однос на членството во ЕУ

И покрај зголемениот скептицизам во врска со влезот на Северна Македонија во Европската Унија, 53 отсто од испитаниците во земјава се согласуваат дека влезот во ЕУ е добра работа за земјава, додека 30 проценти не мислат така, покажува последната анкета на Евротинк - Центар за европски стратегии, „Перцепции и ставови на граѓаните на РС Македонија за општествено-политичката состојба во...

„Евротинк“ објави анкета за анализа на состојбата на младите во општина Бутел

„Евротинк“ – Центар за европски стратегии врши истражување на перцепцијата, потребите и учеството на младите во Општина Бутел, во осум приоритетни области предвидени со Националната стратегија за млади 2016-2025, информираат од „Евротинк“. „Доколку припаѓате на категоријата млади од 15 до 29 години, ве покануваме да се вклучите во процесот на креирање младински политики во вашата општина со одговарање на прашалникот....

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. Ова значи дека и во...

Шумите ни страдаат оти ги чуваат многу малку луѓе со оскудна опрема

Да се инвестира во превенција од пожари и нелегална сеча на дрва, да се опремат противпожарните бригади со нови возила и повеќе човечки кадар, да се модернизираат шумската полиција и шумочуварите, а во системот на заштита на шумите да се внесат нови технологии. Тоа се главните заклучоци од јавната дискусија насловена „Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“, во...

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Ситуацијата лани била подобрена во споредба со претходните години, но треба да се земе...

В понеделник ќе се одржи онлајн конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги...

Еврометар: Поддршката за членство во ЕУ останува силна и бележи раст

Над 70 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е добра и корисна работа, процент што е уште повисок во споредба со минатата година, покажаа резултатите од истражувањето Еврометар на Евротинк – Центарот за европски стратегии. Истражувањето се спроведува традиционално од 2014 година. „Последните податоци кажуваат дека најголемиот дел од граѓаните остануваат силни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба...

Евротинк: 65,9 проценти од граѓаните во земјава би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ

Во споредба со лани, годинава е зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа” (67,3 отсто) и „корисна работа” (70 отсто), покажуваат податоците од анкетното истражување Еврометар на Евротинк - Центар за европски стратегии, кое е поврзано со евроинтеграциите и довербата на граѓаните во државните институции. „Дополнително се зголемени и очекувањата за брз влез во...

Почнува претставувањето на локални проекти за медиумска писменост и критичко мислење поддржани од Кри Тинк

Со денешниот онлајн настан закажан за 11 часот, почнува серијата претставувања на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019г. до јуни 2020 година. Проектот „Кри Тинк“ го спроведуваат Фондацијата „Метаморфозис“ и Евротинк, кои преку...

Младите лесно подлегнуваат на дезинформации преку социјалните медиуми и интернет порталите

Младите се генерално свесни за проблемот со веродостојноста на изворот или квалитетот на една вест, но лесно подлегнуваат на дезинформации добиени преку социјалните медиуми и интернет портали кои претставуваат нивни главен извор на информирање. Ова е само еден заклучок од резултатите добиени од истражувањето „Критичко размислување и навиките на информирање кај младите“ спроведено во рамки на проектот „Со критичко...

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ ќе организираат повеќе настани за време на Деновите на медиумска писменост

Членките на македонската Мрежа за медиумска писменост (ММП) ги претставија настаните кои ќе се одржат во рамки на Деновите на медиумска писменост 2019. Граѓаните ќе можат да учествуваат во триесетина различни активности во периодот од 22 октомври до 15 ноември со кои нашата земја се приклучува кон одбележување на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО. Во организацијата...

Тимоние: Потребна е професионализација на администрацијата, не партизација

Потребни се суштински, квалитативни, а не квантитативни реформи и професионализација на администрацијата наспроти постојаната состојба на нејзина партизација, порача амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние, на денешната конференција во Скопје „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет”. Тој порача дека реформата на јавната администрација е многу важен дел во процесот на пристапување на Република Северна Македонија кон ЕУ. -...

Презентиран повикот од проектот „КриTинк“ за грантови за медиумска писменост

Проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, што го спроведува Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Евротинк“ денеска пред претставници на граѓански организации од Скопскиот плански регион ги презентираше можностите за доделување грантови на организации за нивни проекти за развој на медиумската писменост. Повикот за добивање грантови е распишан на 31 мај, а заинтересираните организации ќе може...

Утре информативна сесија за мали грантови на „КриТинк“ за скопскиот плански регион

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“– Центар за европски стратегии, ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Скопскиот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија. Информативната сесија ќе се одржи утре во 11:00 часот, во просториите на Граѓански...

Анкета: Граѓаните и натаму се многу незадоволни од работата на јавната администрација

Дури 44,4 отсто испитаници во новата анкета на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и на „ЕвроТинк“ - Центар за европски стратегии, како лоша ја оцениле работата на јавната администрација во земјава. Ова беше соопштено на денешната презентација на истражувањето на ставот на граѓаните за работата на административците. Од анкетатата спроведена преку телефон во периодот 16 февруари - 7 март...

Истражување: Младите многу малку внимателно читаат и размислуваат

Поголем дел од младите имаат релативно добри познавања и вложуваат соодветни напори да откријат дали некоја вест или друга медиумска содржина содржи дезинформација, но испитувањето на нивната способност за логичко размислување и внимателно читање покажуваат дека само 1 од 100 ги исполнува критериумите за такво нешто. Тоа го покажа новото истражување спроведено преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска...

Транспарентност и граѓанско учество во преговорите со ЕУ бараат „Евротинк“ и „Социетас цивилис“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Центарот за европски „Евротинк“ денеска побараа подобар модел за преговори со ЕУ, како и поголемо учество на Собрранието и на граѓанското општество. Овие два аналитички центри бараат и поголема транспарентност на Владата за преговарачката структура, како и за критериумите за лицата кои ќе бидат вклучени во неа. „Потребна е афирмација и зајакнување на улогата...

Студентите порачаа: Не верувајте на сè, проверувајте ги информациите

Со голем, студентски митинг, десетина студенти од  прва година на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со инспиративни говори на стотина свои колеги на платото на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ им ја пренесоа пораката дека секој граѓанин мора да ги совлада барем основите на медиумската писменост, односно да бидат свесни дека не секогаш сите информации што им се пренесуваат се...

Студентски митинг „Не биди медиумска мета“ во УКИМ утре

Со почеток во 11 часот утре, на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи хепенинг „Не биди медиумска мета“, во рамки на одбележување на Eвропската недела на медиумска писменост. Настанот,  претставен како студентски митинг, е во рамките на проектот „Не биди медиумска мета“ кој се спроведува од Македонскиот институт за европски студии (МИЕС) во рамки на големиот...

Стартуваат шест проекти за медиумска писменост и критичко мислење

Во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк - центар за европски стратегии“, шест граѓански организации денеска во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје ги презентираа своите замисли со кои во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ во неколку градови во земјава ќе работат на развојот на критичкото мислење и...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...