fbpx
Таг: европско знаменце

таг: европско знаменце

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот на С.Македонија на...

ЕК: Наместо државни кампањи, за поддршка на медиумите се потребни одржливи решенија

Македонските власти мислат едно, додека Европската Унија кажува сосема различно во однос на повторното воведување на трошење јавни пари за државни и општински кампањи во медиумите. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година јасно наведува дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка. Ваквата забелешка од Европската...

НЕ за владини кампањи во медиумите и злоупотреба на ЕУ знамето – став на новинарските здруженија

Професионалните новинарски здруженија и граѓански организации од медиумскиот сектор категорично им се спротивставуваат на обидите за повторно враќање на државното рекламирање во медиумите. Тие сметаат дека предложените измени ќе бидат исклучително штетни за медиумскиот плурализам, независноста на медиумите и слободата на новинарите и медиумските работници во Македонија. Во заедничкото соопштение на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на...

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот...

Контраспин: Премиерот извртува првични оценки на EУ за измените на КЗ

ЕУ бара „сеопфатна“, а не „некаква“ комуникација и „конзистентна примена“ на европското знаменце. Тоа беше поентата на првичната реакција на ЕУ преку портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, а не она што го тврди премиерот Димитар Ковачевски со што практично спинува делови од ставот на ЕУ, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот на Владата на РСМ...

Реакции за измените во Кривичниот законик: Тивка амнестија на осудените за криминал и корупција

Многу обвиненија и истраги за висок коруптивен – финансиски криминал сторен на штета на државата ќе се соочат со застареност, со предложените измени во Кривичниот законик (КЗ), со кои се предвидува за неколку години да се намалат затворските казни за дела поврзани со злоупотреба на службена должност и овластувања на функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи. Со...

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за...

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...

Собранието го усвои дневниот ред на седницата, на која се разгледуваат петте владини закони со ЕУ знаменце

Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 115-тата седница, откако претходно во претпладневните часови ја потврди потребата за носење на предложените измени на пет закони по скратена постапка, со употреба на системот на „европско знаменце“. Овие предложени законски измени Владата ги испрати до пратениците, откако претходно изминатиов петок беа усвоени на владина седница. Станува збор за предложените измени на Законот...

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...

Под знамето на ЕУ

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено какво е усогласувањето. Попрецизно, содржината...

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Петте предлог-закони со европско знаменце од Влада стасаа во Собрание

Македонската влада ги испрати до Собранието на РСМ петте предлог-измени на законите кои ги усвои во петокот, а со кои би се зголемила ефикасноста во изградбата на инфраструктурните објекти од стратешки национален и јавен интерес. На веб-страницата на Собранието на РСМ е објавено дека овие предлог-закони со европско знаменце ќе се најдат пред пратениците на 115-тата седница закажана за...

Владата до Собранието достави пет предлог закони со европско знаменце за Коридорите 8 и 10д

Владата на денешната седница усвои пет предлог закони со европско знаменце кои ќе ги достави до пратениците во Собранието, а кои се однесуваат на изградбата на инфраструктурни проекти од национален и јавен стратешки интерес, вклучувајќи ги и автопатите од Коридорите 8 и 10д. За ова денеска информираше вицепремиерот Артан Груби на прес-конференција, на која потенцираше дека со промените на...

Собраниските комисии на кои ќе се разгледува Договорот со Грција закажани за 15 часот

Откако пратениците на пленарна седница денеска одлучија Договорот кој во неделата го постигнаа Македонија и Грција, да се гласа по скратена постапка, Собранието за попладнево ги закажа седниците на матичните комисии кои ќе го разгледуваат Договорот, на кој владата му стави европско знаменце. Во 15 часот ќе почне седницата на Комисијата за европски прашања. За 15.15 часот е закажана седницата...

Пратениците дадоа зелено светло договорот со Грција да се разгледува по скратена постапка

Пратениците на денешната 51 седница на Собранието дадоа поддршка предлог-законот за ратификацијата на Договорот со Грција, кој беше потпишан во неделата од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, да се гласа по скратена постапка. Законот го образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров кој рече дека е повеќе од неопходно Собранието да го разгледа овој закон...

Законот за јазиците денеска повторно пред пратениците

На денешната 32. седница на Собранието на Република Македонија, прва точка на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. Тој се враќа пред пратениците откако првпат претседателот на државата Ѓорге Иванов стави вето на неговото донесување и даде низа забелешки. Ова е трето читање на Законот. Законот е со европско знаменце, како приоритетен, и за неговото изгласување ќе биде потребно...

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност кој денеска се изгласа во Собранието е неуставен

Законот за двојазичност кој денеска го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека „со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата, за неа е само мртво слово на хартија.“ „Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско знаменце, со што беа злоупотребени процедурите за донесување на...

Собранието не расправаше за законот за јазиците, пауза до утре поради локалните избори

По подолга пауза, Собранието попладнево ја прекина 15. седница, на која требаше, меѓу другото, да расправа за Законот за употреба на јазиците, со образложение дека сите парламентарни партии имале обврски поради пријавувањето на кандидати за локалните избори. Претходно експресно беше изгласана одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), која беше уфрлена како дополнителна точка. Денешната...

Османи: Законот за јазиците има европско знаменце затоа што е дел од евроинтеграцијата

Владата одлучи да му додели статус на европско знаменце на предлог-законот за употреба на јазиците затоа што тој е дел од Рамковниот договор, кој, пак, е дел од процесот на европската интеграција на земјата, соопштија денеска од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. „Имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата, за...

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...