fbpx
Таг: Европско-медитерански сеизмолошки центар

таг: Европско-медитерански сеизмолошки центар

Земјотрес со јачина од 3,1 степен во Албанија, почувствуван и во Дебар и околината

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вчеравечер соопшти дека нејзината телеметриска сеизмолошка мрежа регистрирала земјотрес во Албанија. Земјотресот со магнитуда од 3,1 степен според Рихтеровата скала се случил во 23 часот и 37 минути, а епицентарот бил 128 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во југозападниот дел од Македонија...

Земјотрес утрово почувствуван во Берово

Земјотрес од 2,7 степени според Рихтеровата локална магнитуда утрово бил почувствуван во Берово. Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, земјотресот се случил утрово во 9 часот и 53 минути, а епицентарот бил регистриран на 113 километри југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово. Според податоците со кои засега располага...

За три дена, трет земјотрес во Штип

Земјотрес со јачина од 1,9 степени според Рихтеровата скала и интензитет од II-III степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран претпладнево во Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оттаму велат дека според досегашните податоци, земјотресот се случил во 11 часот и 31 минута на епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Земјотресот бил почувствуван од жителите во околината...

Земјотрес ноќеска го погоди регионот на Штип

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ноќеска го погодил регионот на Штип. Земјотресот се случил во 2 часот и 41 минута утринава и бил почувствуван од населението во Штип и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил регистриран и од страна на Европско – Медитеранскиот сеизмолошки центар кој потврди дека епицентарот бил на...

Земјотрес од 4,2 степени ги разбуди скопјани

Земјотрес од 4,2 степени во 4.08 часот утрово ги разбуди скопјани, исплашени дека тоа е можеби почетокот на серија земјотреси слични на тие што од 11 септември минатата година го тресеа подрачјето на главниот град. Земјотресот имал хипоцентар, односно се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот е кај селото Марино, известува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Вчера Скопје го треселе вкупно девет земјотреси

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се случил во 15.10 часот. По најсилниот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...